Македонија

240 набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР рамномерно распоредени низ државата ќе го следат изборниот процес

Изборната оценка за претседателските ибори ќе ја дадат 240 набљудувачи. на Меѓународната набљудувачка мисија за изборите ОБСЕ/ОДИХР.

Tие ќе бидат распоредени рамномерно насекаде низ државата, со цел да се овозможи репрезентативен и непристрасен примерок, врз кој ќе ги дадеме нашите оценки, вели во интервју за МИА шефицата на Мисијата за набљудување на претседателските избри на ОБСЕ/ОДИХР Корин Јонкер.

Јонкер ги повикува кандидатите и политичките партии да ја известат Мисијата доколку во текот на изборниот ден се појават конкретни проблеми.

Во интервјуто за МИА, Јонкер не сака да дава предвремени оценки за денот на изборите, и како што вели, тие се тука за да набљудуваат и да известуваат за тоа што ќе го согледаат.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток