Новина во ДИК, по електронски пат, односно преку апликацијата „вибер“, ДИК ќе добива директно резултати од избирачките места најпрвин од претседателите на избирачките одбори. Подоцна, исто така по електронски пат, ќе ги добие и првичните неофицијални резултати од страна на општинските изборни комисии откако ќе се пополнат записниците од избирачките места.
Овие новини Државната изборна комисија ги воведува со цел да има зголемена контрола и споредба на првичните неофицијални резултати.
Според оваа најава за новитетите во ДИК граѓаните во овој изборен циклус изборните резултати ќе ги знаат многу побрзо од вообичаената практика.