Некатегоризирани

Јанушев: Правдата доаѓа, готови се – ВМРО ја победува власта

Секретарот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во 21 часот на првата прес-конференција објави голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат Гордана Силјановска Давкова.

Правдата доаѓа, готови се. ВМРО-ДПМНЕ победува, народот победува. Силјановска е изборот на народот. Гордана ќе биде! Првадата доаѓа. ВМРО ја победува власта. Водиме против кандидатот поддржан од СДСМ, ДУИ, ДПА, ЛДП, НСДП, целата власт. Против народот не се може, рече Јанушев.

Од 43% од обработените гласови Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ водат во голем број избирачки места и општини: Битола, Велес, Кавадарци, Кичево, Кочани, Неготино, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Свети Николе, Штип, Аердром, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода.

Од обработените податоци веќе победивме во Пехчево, Јегуновце, Градско, Вевчани, Могила, Илинден, Лозово, Радовиш, Ѓорче Петров, рече Јанушев.

На почеток