Некатегоризирани

(ВИДЕО) Кирацовски: Пендаровски води – очекувана е победата во првиот круг

На пребројани повеќе од половина од гласачките места, Стево Пендаровски е во водство пред противкандидатите. Очекувана е победата на Пендаровски во првиот круг, истакна Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ и шеф на изборниот штаб.

Предноста на Стево, кандидатот поддржан од сите етнички заедници, ќе значи сигурна победа во вториот изборен круг, во фер и демократска атмосфера.

Во вториот круг, очекуваме граѓаните уште посилно да го поддржат напредокот и концептот што води напред.

Нема да набројувам во кои населени места води Стево Пендаровски. Ова се избори за претседател на државата, на сите граѓани.

Ова не се локални избори. ВМРО-ДПМНЕ бадијала се храбрат.

Јасно е дека губат во првиот и дека ќе загубат и во вториот изборен круг. Нашата Македонија ќе добие вистински претседател на сите граѓани, Стево Пендаровски ќе биде идниот претседател на државата, истакна Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ и шеф на изборниот штаб.

 

На почеток