Некатегоризирани

Силјановска: Опозицијта успеала да им предочи на граѓаните, дека во отсуство на правда може да си раскажуваме приказни

Пресс конференција во ВМРО ДПМНЕ. Свои обраќања имаа кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова и претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски.

„Дозволете ми уште еднаш да се заблагодарам ан ВМРО ДПМНЕ и на членовите на коалицијата „За Подобра Македонија“, за отворената врата за некој однадвор како мене, а на овие гласови би сакала да им се заблагодарам на граѓаните кои длабоко се разочарале од власта и гласале за мене, на оние кои за прв пат гласале и гласале за мене. Знам дека допрва следи битката, но мислам дека ако ние добивме олкав број на гласови, и ако на тие ги додаме оние на Блерим Река, прикаската е јасна. И двајцата зборувавме за владеење на правото, борба против корупцијата. И само со таква приказна можеме да зачекориме во ЕУ. Нашите тези се на линија на излитената парола Нема правда, нема мир, зашто правда во Македонија нема. Крајот се насетува, јас немам што да изгубам, моите тези се јасни, рече Силјановска. За некој како мене кој во цалата кампања укажуваше на неодржливоста на ситем потонат во корупција на криминал и непотизам, тоа е најважно, значи опозицијта успеала не само да им предочи туку и да ги убедите граѓаните, дека во отсуство на права и правда може само да си раскажуваме приказни дека можеме да добиеме преговори, истакна Силјановска.

Таа додаде:

На ова земја и треба нов профил на политичари и политичка култура демократска, нов профил на лидертсво, кој не измислува и не лаже.

Ако ние освоивме олку гласови и ако на нив ги додадеме гласовите приказната е јасна и демократска. Европска и само со таква приказна можеме да добиеме можност на преговори и да зачекориме во ЕУ. Се е врзано за владеењето на правото. Живот во Македонија може да има само со правна правна држава, истакна во дел од своето обраќање Гордана Силјановска Давкова.

 

На почеток