Премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи се пофали дека слободното време го минува со семејството, но не дома, туку со четирицикл на Беласица. Освен Заев, ваков мотор има и неговиот син Душко.
Минтата недела, Заев во изјава рече дека дневно одговара на 2000-3000 пораки дневно, што значи дека во просек премиерот времето го минува само за пишување по социјалните мрежи.
Неговиот претходник, Никола Груевски, за време на неговото владеење постојано велеше дека работи 24/7, со што се отвора прашањето, кои се приоритетите на новиот премиер и дали ги следи стапките на неговиот ексколега.