Македонија

(ФОТО) Доверливи транскрипти од преговорите за името и референдумот

На социјалните мрежи веќе неколку часа кружат документи означени како строго доверливи поврзани со преговорите за името и референдумот. За истите се тврди дека се оригинал, а се транскрипти од лидерските средби на четирите најголеми порлитички партии.

Според истите, Христијан Мицкоски прифаќа референдум за името „Република Илинденска Македонија“, а пак Али Ахмети е скептик дека договорот ќе помине ако има референдум во Грција.

Лидерот на опозицијата Мицкоски според транскриптите вели „Доколку референдум се одржи на есен, тогаш нема да дозволат да станеме членка во НАТО“, на што министерот за надворешни работи Никола Димитров реплицира „Веднаш по ратификацијата упатуваат писмо до НАТО и бараат да се прати покана.

На социјалните мрежи се објавени страна бр. 1, 12 и 16, од вкупно 28.

Досега, за објавените документи нема реакција од ниту една владина институција. За истите, сеуште не се знае дали се оригинал или станува збор за лажни транскрипти.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток