Македонија

Тамара и тимот се вратија дома: Среќна сум што ве направив горди

Тамара Тодевска и нејзиниот тим на полноќ се вратија дома. На скопскиот аеродром ја пречекаа семејството, сопругот  и ќеркичка Хана, како и фановите. Таа по пристигнувањето од Тел Авив , каде го освои осмото место , изјави дека е пресреќна .,,Очекувавме повеќе , но среќна сум што ве направив горди.”

-Како се редеа дванаесетките се гледавме меѓу себе и си викавме „што направивме“. Беше неизвесно. Криво ми е за тие два бода, поради што првото место од жири го испуштивме. Но не е битно, никој не доминираше повеќе од нас на оваа Евровизија. 45 мин бевме први, секој три минути не покажуваа нас, се осеќаме како победници – рече Тамара.

Се фотографираше со сите, а потоа кратко се обрати и кажа дека нејзиниот резултат на годинешниот Евросонг, кој впрочем е и најдобар резултат на земјата откако учествува на изборот за песна, е резултат на тимската работа и добрата подготовка во целиот тој период.

Поради силниот јужен ветар авионот со Тамара и нејзиниот тим доцнеше повеќе од три часа. Тамара и се заблагодари и на своите фанови на фејсбук .

Тамара Тодевска со песната „Proud“ го освои осмото место во Тел Авив, Израел, што е најдобар  пласман за Македонија, откако се натпреварува на „Евровизија“ од 1998 година.

 

На почеток