Македонија

Горан Трајковски се повлекува од Дирекцијата за заштита на личните податоци – поднесе оставка

Горан Трајковски поднесе оставка од директорската функција во Дирекцијата за заштита на личните податоци. Трајковски во оставката, која во Собранието е доставена во петокот, пишува дека од лични причини си оди од ДЗЛП, објави Плусинфо.

Тој за Плусинфо не сакаше да открие детали зошто година и пол пред да му истече мандатот во ДЗЛП ја напушта функцијата. На наше прашање дали ќе оди на друга функција, Трајковски вели:

– Да почекаме да заврши ова, па ќе видиме.

Трајковски во времето на владеењето на Груевски беше и директор на Управата за јавни приходи, а во Дирекцијата за заштита на личните податоци е од 2016 година.

 Текстот во целост на Плусинфо.

 

На почеток