Некатегоризирани

Обид за убиство – вработена во угостителскт објект со нож му нанела убодни рани на колегата

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Обидот за убиство за кој обвинителството ја поведе постапката се случил на 2 јули околу 4.30 часот во угостителски објект во село Неготино, полошко. Осомничената,  вработена во угостителскиот објект, пред да го изврши делото  била  вознемирувана од страна на оштетениот – нејзин колега. Откако и по нејзините повици да престане, оштетениот продолжил со дејствијата, таа се упатила кон шанкот, зела нож и му нанела неколку убодни рани во пределот на стомакот.

Ценејќи дека се исполнети законските одредби, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар достави предлог за определување на мерката притвор за осомничената. Предлогот беше прифатен и на осомничената судот и определи притвор во траење од 30 дена.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток