Некатегоризирани

Три лица обвинети за насилство во Чаир – нападнале едно лице со тупаници по лицето и телото, по што бил застрелан во ногата

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против три лица за сторено кривично дело – Насилство од чл. 386 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.

Обвинетите на 20.12.2018 година, на паркингот позади маркет во Чаир, во група извршиле грубо насилство врз едно лице и во јавноста предизвикале чувство на несигурност и страв.

Тие му се приближиле на оштетениот и го нападнале удирајќи го со тупаници по лицето и телото. За сите тројца на сила се мерки на претпазливост определени со Решение на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд – Скопје: забрана за напуштање на престојувалиште, повремено јавување кај службено лице во Судот, привремено одземање на патната исправа, односно забрана за нејзино издавање и забрана за напуштање на државата, како и забрана за приближување и одржување каков било контакт со оштетениот.

На критичниот ден, од страна на непознато лице кое било заедно со обвинетите, на оштетениот му била нанесена и огнострелна повреда во десната потколеница, но сторителот не е идентификуван. Во текот на кривичната постапка, Министерството за внатрешни работи лиши од слобода едно лице како евентуален сторител на кривичното дело. Во присуство на јавен обвинител, согласно Законот за кривична постапка, беше извршено препознавање, но оштетениот не го препозна тоа лице како лицето кое му ја нанело повредата со огнено оружје.

Доколку Министерството за внатрешни работи, како овластен орган за утврдување на идентитетот на сторителите на кривични дела, го утврди идентитетот на лицето кое пукало во оштетениот, Основното јавно обвинителство Скопје ќе отвори постапка и против тоа лице.

 

 

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток