Некатегоризирани

Антикорупциска отвори предмет за Рашковски и Леонардо

Комисијата за спречување на корупцијата одлучи да  отвори предмет во врска со сомневањата за местење на тендер, во која беше замешан генералниот секретар Драги Рашковски. Антикорупциоенрите ќе проверуваат дали Рашковски се вмешал во изборот на оператор кој треба да постави нов радарски систем на скопскиот аеродром.

Генералниот секретар на владата Рашковски веќе изјави дека не чувствува одговорност и дека нема да поднесе оставка затоа што ги исполнувал задолженијата дадени од владата да го убрза процесот за купување на нов радарски систем.

Рашковски и премиерот Заев тврдат дека во случајот не е барано никакво мито и дека фирмата Леонардо е избрана уште во 2016-та од во тоа време претседателот на УО на М-НАВ Живко Попоски, татко на тогашниот министер за надворешни работи Никола Попоски.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток