Некатегоризирани

Судот го одби барањето на Кочан да му се одложи затворската казна

Бизнисменот Сеад Кочан, не доби одложување на затворската казна, па на 17 јули тој треба да влезе во затвор да ја издржи казната од 4 години и 8 месеци во предметот „Труст“ на СЈО.

Ја информираме јавноста дека молбата за одлагање на извршувањето на санкцијата е одбиена како неоснована и истата е доставена до странките во постапката – соопшти Основниот суд Скопје.

Кочан треба да се појави в затвор за две недели, Според одлуката на судот, .

Кочан со правосилна пресуда е осуден на ефективна казна затвор од 4 години и 8 месеци откако Апелација во март годинава му ја намали првостепената казна од 6 години на која беше осуден за злоупотреба на јавна набавка во јули 2018.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток