Македонија

(ФОТО) Патниците биле во заблуда, авионот не се обидувал да слета туку кружел над Прилеп

Авионот кој се обраќаше на релација Истанбул-Скопје, синоќа според последните информации вртел над Прилеп и не стигнал до Скопскиот аеродром. Патниците не биле информирани што се случува и имале впечаток дека неколкупати се обидудува да слета, но сето тоа било поради силните турбуленции.

Инаку како што објави Скопје1.мк авионот кружел над македонското небо, но не успеал да слета поради невреме. Кај патниците имало огромна вознемиреност и вриштење. Станува збор за авион на превозникот „Туриш ерлајнс“, а во него, беше дел македонската делегација која учествуваше на конференцијата од УНЕСКО во Баку. Во авионот беше и  градоначалникот на Охрид. Драмата во небо траела еден час.

„Пиштење, молитви, плач! Тоа се слушаше во авионот. Се тресеше целиот авион, деца плачеа, а потоа почнаа да плачат и возрасните. Траорно и ужасно беше, а патниците гласно викаа и прашуваа зошто се случува сето ова и зошто не слета авионот во Охрид“, вели патник во авионот за „Скопје1.мк“.

Доколку невремето било главен проблем да авионот не слета во Скопје, се поставува прашањето, зошто не бил пренасочен да слета на охридскиот аеродром? Јавноста легитимно бара одговор, дали е безбедно македонското небо? Зошто се дозволило авионот да врти наоколу и да ја загрозува безбедноста на патниците, кога праксата од изминатите години покажува дека кога не може во Скопје, авионите слетуваат во Охрид?

Јавноста во Македонија е шокирана со аферите за набавката на радари и „бомбите“ кои се објавија, како и аферата за избегнат судар на македонското небо, и затоа повторно се отвора прашањето каква е безбеднста на авио сообраќајот?

 

На почеток