Некатегоризирани

СДК: Насилниците ги ставаат фантомките пред кабинетот на Трајко Вељаноски

Единственото место каде што се без фантомки дел од обвинетите за организираниот напад во Собранието на 27 април лани е холот Длаборез, пред кабинетот на тогашниот претседавал Трајко Вељаноски, се гледа на продолжението на снимките од собраниските камери, пишува СДК.мк.

Од снимките се гледа дека по ресторанот „Дион“ во ГТЦ, следното зборно место на обвинетите насилници е вратата од кабинетот на тогашниот претседавач Трајко Вељаноски.

Никој не им кажува дека собраниските камери снимаат чисто и без прекин, па фантомките 11-темина притворени ги навлекуваат на глава точно под камерите. На снимките се гледаат јасно нивните ликови.

Вељаноски, кој зад вратата е со Антонијо Милошоски, според снимките, не излегува од кабинетот додека на неколку чекори од него се организира нападот. Главен тука е началникот на обезбедувањето на Вељаноски, обвинетиот Горан Ѓошевски-Леви.

Обвинителката ги нотираше сите обвинети на овие снимки, освен петтемина пратеници, кои според обвинението и видео-снимките од Собрание, беа долу, отвораа врати и пречекуваа и насочуваа насилници. На овие снимки ги нема Борис Дамовски и Богдан Илиевски Бетмен, а ни Владо Јовановски и Игор Дурловски, кои се долу со толпата.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток