Некатегоризирани

Кацарска се закани со нов притвор за Мукоски, Арнаудов и Василевски

Судијката Добрила Кацарска која го води судскиот процес за насилниот упад во Собранието кој се случи на 27 април минатата година се закани дека обвинетите пратеници Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски повторно ќе добијат притвор бидејќи го напуштија рочиштето без претходно да ја информираат.

Адвокатот на Василевски на почетокот од вториот дел на денешното рочиште информираше дека тројцата пратеници се на координација во Собранието по што побара едночасовна пауза. На ова судијката Кацарска рече дека воопшто не и е важно дали се пратеници или обични граѓани и дека следен пат ќе им одреди мерка притвор.

„А знаете мене колку ми е битно дали се пратеници или обични граѓани? Може само да добијат построга казна. Што не кажавте прееска дека ќе им требало уште еден час пауза. Следен пат ако се повтори ова, ќе им одредам мерка притвор“, рече судијката Добрила Кацарска по што го прекина денешното рочиште.

Василевски, Арнаудов и Мукоски се дел од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ која треба да се сретне со премиерот Зоран Заев и министрите Рената Дескоска и Никола Димитров каде ќе разговараат за имплементирање на нивните сугестии за уставните амандмани.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток