Скопје

Рекордери во Европа: Скопјани трошат најмногу вода

Во текот на летото кога улиците на градот се „празни“, а термометрите покажуваат над 40 степени, скопјани често ги повторуваат стиховите „Скопје има микроклима изгор лето, кочан зима…“ од песната за главниот град на групата „Леб и сол“. Реката Вардар, фонтаните, уличните чешми, но и понекој вир од излеаната вода од тревниците, колку и да изгледаат малку и недоволно под јулското сонце, го разладуваат Скопје благодарение на изворот Рашче.

Највисока потрошувачка на вода во Скопје во последните десетина години е регистрирана на 6 август 2017 година, кога според мерењата од градската водоводна мрежа биле потрошени вкупно 353.558 кубни метри, што е околу 640 литри вода по жител.

На национално ниво, според податоците на Еуростат, трошиме 118,2 кубни метри вода по глава на жител, што нè прави рекордери во регионот со по околу 323 литри вода по жител на ден. Македонците на годишно ниво трошат повеќе вода од жителите на Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Косово заедно.

Скопјани трошат просечно околу 500 литри вода по човек во лето

На почеток