На денешната владина седница, на предлог на Министерството за правда ќе биде разгледан Предлог – законот за јавното обвинителство, како и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија, соопштија утринава од Владата.
Се уште е неизвесно, дали Заев ќе има 80 пратеници за да се изгласаат овие закони во Собранието. Според неофицијални информации, поддршката ќе ја бара од осумте пратеници дел од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Од друга страна, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека овие закони не смеат да се донесат без опозицијата.
Како што претходно најави премиерот, Зоран Заев, новиот предлог Закон за јавно обвинителство предвидува интегрирање на СЈО во Обвинителството за организиран криминал и корупција, што го води обвинителката Вилма Русковска. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, вчера најавија дека ќе бараат нов состав на Советот за јавни обвинители, кој ќе избере нов шеф на ова Обвинителство.