Тендерите не се местени, цените биле реално најниски !
Погрешен е впечатокот со се креира во јавноста дека компанијата на политичарот Нефи Усеини добивала тендери преку неговата функција советник во општинскиот Совет бидејќи фирмата „Нефи Ик“ реално дава најниска цена при изведбата на работите.
Покрај најниските цени со кои тој учествувал на тендерите, „Нефи Ик“ има најниски цени и кон приватните компании па така неговата градежна фирма врши ископ скоро на сите градежни објекти каде инвеститори се приватни компании бидејќи на пазарот има најниска цена, па затоа скоро низ цел Охрид се среќаваат табли со името на фирмата „Нефи Ик“ бидејќи приватните инвеститори сакаат да работат со фирмата на Нефи.
„ Кај мене тој урна стар објект и изврши ископ бидејќи има најниска цена. На повеќе објекти со него работам и задоволни сме и од сработеното и од цената“ коментира за „Скопје 1“ инвеститор во недвижнини од Охрид.
„Антикорупциска комисија“ побара Локаланта да ги раскине сите тендери со фирмата на советникот Нефи Усеини бидејќи комисијата по претходно пристигнати преставки од истражувачки центри и партија, оцени дека се прекршени законски одредби и има судир на интереси.
Нефи Усеини последните месеци е постојано присутен речиси во сите медиуми во земјава.