Македонија

ЕКСКЛУЗИВНО: „Антикорупциска“ побара раскинување на сите договори со фирмите на Нефи Усеини

Институциите кончено се подразбудија !

„Антикорупциската комисија“ преку официјален допис испратен до власта во Охрид побара да се раскинат сите договори со фирми во сопственост на советникот во Советот на општина Охрид, Нефи Усеини.

Ваквиот епилог доаѓа од како еден реномиран новинарски истражувачки центар поднесе документи до комисијата, а истото го стори и опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Комисијата констатирала дека има судир на интереси  жи повреди на законите, и од утре градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски и директорите на јавните претпријатија мора да ги раскинат договорите со фирмите во сопственост на Нефи Усеини, по што ќе мора за истите набавки повторно да распишат тендери.

Компании на Нефи имаат шест тендери

Компании во сопственост на Нефи Усеини имаат најмалку шест тендери кои во моемнтов се спроведуваат во ЈП „Охридски Комуналец“ и во ЈП „Градски Гробишта“.

Медиумите преполни со текстови за Нефи Усеини

По почетокот на градбата на пицеријата кај охирскиот стар чинар и градбата на бетонската база Нефи Усеини од бизнисмен кој со години беше повлечен и речиси непознат во меидумите, преку ноќ стана „електронска ѕвезда“ и неговото име со месеци наназад е присутно на порталите и телевизиите. Неретко има денови кога тој е главен медиумски лик во вестите на медиумите, а некогаш неговата слика доминира на „ Фејсбук“ на постовите од порталите и ги потиснува сите политичари.

Интерес за активностите на советникот покажуваат сите медиуми и до денес тој од медиумите на некој начин „одмори“ само во деновите кога изби аферата „Рекет“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток