Утре и задутре градот Скопје генерално ќе се чисти најави градоначалникот Петре Шилегов. Акцијата ќе биде реализирана со сите ресурси и капацитети на јавните претпријатија и пет општини.
„Оваа акција ќе ги вклучи сите технички и човечки потенцијали кои ни стојат на располагање, ќе се метат и мијат улиците, ќе се крпат дупките и ќе се поткаструва зеленилото. Ги повикуваме граѓаните кои сакаат да живеат во чист градот да се вклучат во акцијата. После ваквата акција за масовно чистење на нашиот град ќе следи засилен инспекциски надзор и од Градот и од Општините, со цел да се спречи создавање на диви депонии“, рече Шилегов.
Генералката ќе опфати чистенје на депонии миење на улици рече Шилегов и додаде дека по чистењето ќе бидат засилени инспекциските контроли и казни од несовесните граѓани кои ќе продолжат да фрлаат ѓубре и да ја загадуваат околината.