Францускиот амбасадор Кристиан Тимоние вели дека се шокирал и стаписал кога слушнал за случајот „Рекет“. Тој во интервју за „Алсат“ прашан да го искоментира случајот „Рекет” вели:
– За нас тоа беше шок, од кој се стаписавме, како и македонската јавност…Тешко е да се предвидат сите можни исходи во овој момент. Сепак, сметаме дека тоа е тежок и многу важен случај, бидејќи во времето кога го направивме Пржинскиот Договор, и ние заедно со другите претставници, присуствувавме кога беше формирано Специјалното јавно обвинителство. Тоа беше важен елемент во обновувањето и враќањето на кредибилитетот на државата и судството.