По долга и тешка борба со ракот денеска почина актерот Гоце Влахов, член на ансамблот на Македонскиот народен театар (МНТ), . Неговото семејство соопшти дека погребот ќе се изврши на 30 јули во 11 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.
Колеги актери, режисери, културни работници и новинари се збогуваат со актерот кој со децении беше нераздвоен дел на македонскиот филм, театар и телевизија.
Неговиот матичен театар, Македонски народен театар, каде Влахов работеше до пензионирањето, емотивно се збогува со еден од доајените на македонското глумиште.
„Гоце Влахов ќе остане запаметен по вештината со која го создаде секој лик карактеристичен, секогаш сигурен во играта и страста кон театарот и претставата. Таа константност на играта му обезбедува важно место, место за паметење“, стои во објавата на МНТ.
https://www.facebook.com/MakedonskiNarodenTeatar/posts/2542462052454207