Македонија
(ВИДЕО) Во возење, сред Тетово – човек фрлен од автомобил
На социјалните мрежи е објавено видео каде се гледа како од возило кое е во движење се исфрла човек на сред улица. Корисникот на “Твитер” кој го објави видеото вели дека станува збор за грабеж. Односно, според него, човекот кој е исфрлен од автомобилот е сопственикот на возилото.
“Во Тетово, промовирано “одземање на БМВ” во движење и исфрлање на сопственикот од возилото. Ај што нема објава во полициски билтен, туку сите молчат. Анархија”, пишува корисникот. На снимката се гледа како откако лицето е исфрлено од автомобилот, од страна дотрчува лице, најверојатно да му помогне. Од МВР нема информации што точно се случило.
Во Тетово, промовирано “одземање на БМВ” во движење и исфрлање на сопственикот од возилото. Ај што нема објава во полициски билтен, туку сите молчат. АНАРХИЈА pic.twitter.com/iR5gqOOeYQ
— Демир (@Trollowsky) November 28, 2019