Веќе подолг период, градежна механизација работи на улиците низ Карпош. Жителите кои возат па Партизанска на потегот од Карпош 4 кај мостот Влајко до Ѓорче Петров велат дека наутро се создава вистински сообраќаен метеж. Истото се случува и со улицата Московска, каде жителите негодуваат поради тоа што месец и половина тешко се пробиваат низ сообраќајот.
Градоначалникот на Општина Карпош, Ссефан Богоев го најави целосното реконструирање на улицата „Њуделхиска“ во населбата Тафталиџе.
„Во наредните 30 дена ќе бидат реконструирани 500 метри од улицата со повеќеслоен асфалт, затоа што се работи за една од попрометните улици во општината. Станува збор за рехабилитација на коловозите и реконструкција на тротоарите. Улицата ќе биде проширена и ќе се постави ново лед осветлување“, вели Градоначалникот.
Целта на оваа реконструкција е да се намали сообраќајниот метеж, но и да се зголеми безбедноста на учесниците во особраќајот. Истата ќе чини околу 3.200.000 денари
Градоначалникот изјави дека исто така започнуваат и со реконструкцијата на улицата „Даскал Камче“ во Карпош 1, при што ќе се реконструираат околу 100 метри од улицата. Оваа недела ќе се изврши санација и на дупките на улицата „Козле 3“, која е запуштена веќе подолго време.
„Со членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО, 15,5 милиони евра европски пари ќе бидат наменети за подобрување на инфраструктурата, односно нови улици, локални патишта и мостови“, вели Богоев.