Македонија

(ФОТО) Груевски од имот нема недвижнини, само сметки и кредити

Пратеникот и осуденик Никола Груесвки според имотниот лист доставен во Антикорупциска комисија не поседува никаков движен и недвижен имот. Тој има само кредитни и дебитни картички, како и девизни сметки заштеди. Во имотниот лист не е впишан ниту станот на “Павел Шатев” каде пратеникот живее. Иако на еден од протестите на ВМРО-ДПМНЕ тој возеше автомобил “пунто”, во имотниот лист ниту тоа го нема.

Од 2007-мата кога Груевски за прв пат како премиер пријавил што поседува во Антикорупциската комисија до денес, до последната пријава, имотот му се зголемил седум пати. Во моментов, според официјалните податоци, тој има 200 илјади евра. Карактеристично е што тој не поседува недвижен имот и затоа останува непознато на чие име е станот на улицата „Павел Шатев“ во Скопје во кој живее. Тоа е оваа зграда која не смее да се снима од околината затоа што обезбедувањето постојано внимава кој се приближува до објектот.

Груевски влезе во политиката во 1999-тата како министер за економија. Остава впечаток дека најголема доверба има во банките па затоа целиот имот му е на 30-тина денарски и девизни депозити, штедни книшки и картички. Претходно, во 2007-та имал само 12. Тогаш вкупната вредност му изнесувала околу 40 илјади евра, а имотот на неговата сопруга, исто така на кредитни картички, изнесувал осум илјади евра. Приближна вредност, или девет илајди евра се уметничките слики пријавени во Антикорупциска. Како што минувале годините Груевски пријавувал се повеќе пари во банка, но никогаш недвижен имот, па од него може да се заклучи дека ниту тој, ниту сопругата, немаат ниту стан, ниту куќа.

Во објавените аудио материјали од нелегалното прислушување, според тврдењето на опозицијата Груевски наводно, сакал на Водно да купи имот вреден 17 милиони евра со што се отвори дилемата од каде премиерот има толку пари и зошто тоа не го прави во свое име?

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток