Актуелно

Наскоро релевантни податоци за квалитетот на воздухот во Охрид

Во врска со зачестените јавувања од граѓани за зголеменото загадување на воздухот во Охрид, а чии сознанија се резултат на следење на апликацијата мој воздух и други нерелевантни извори, државниот инспекторат за животна средина достави известување за јавноста за состојбата на воздухот во Охрид.


 

EU INTERREG, BALKANMED PROGRAMME

ПРОЕКТ: Поттикнување на ефикасност на ресурсите и отпорноост на климатските промени на заедницата базирани на квалитетот на воздухот преку Интернет работи

Основната цел на проектот е да се поттикне одржливиот развој и да се ублажат климатските промени во регионот, преку заеднички мерки за соработка и пренесување на искуството помеѓу шесте партнери на проектот од пет земји на Балкан-Медитеран регионот, што е во директна корелација со целокупната цел на програмите.

Проектот ќе им обезбеди во вид на препораки на националните и регионалните власти, соодветни мерки за намалување на концентрациите на партикуларните честички и азотните оксиди во воздухот. Неколку градови во програмската област не се подготвени целосно да ги исполнат спроведените стандарди на Европската Унија за партикуларни честички и азотни оксиди. Додека Европската Унија наметнува строги гранични вредности за партикуларните честички и азотните оксиди во воздухот, преку нејзината Директива 2008/50/EC, намалувањето на емисиите ќе стане премногу скапо и идното управување со емисиите ќе бара спроведување на иновативни и ефективни мерки за ублажување, засновани на трансфер на технологијата. Првата цел на проектот е да се одржи ефективен мрежен IoT-Интернет нешта мониторинг на воздухот и да се обезбеди во реално време, евтин пристап до податоците за квалитет на воздухот. Втората цел на проектот е да демонстрира методи за распределување на пилот извори кои овозможуваат стратегии за ублажување на загадувањето на воздухот навремено. Третата цел што се очекува да се постигне е намалување на загадувачките гасови со цел да се пристапи кон постигнување на соодветните национални стандарди за квалитет на амбиенталниот воздух. Проектот има за цел да им предложи и демонстрира на регионалните и националните креатори на политики иновативни и економични мерки што обезбедуваат подобар квалитет на воздухот во урбаните области. Една од основните задачи на проектот е да се поддржи јавната свест, така што политиките лесно ќе ги донесат граѓаните и деловните субјекти. Загадувањето на воздухот е главен проблем во животната средина, преку решавање на проблемот со заеднички мерки на сите засегнати страни, водени од технологијата, проектот ефективно ќе придонесе за постигнување на специфични програми за одржливи територии на програми преку транснационална соработка за ефикасност на ресурсите и ублажување на климатските промени.

Во Охрид, системот се состои од 11 станични сензори за неофицијално и исклучиво индикативно мерење на квалитетот на воздухот во рамки на проектните активности и ќе ги мери најчестите загадувачи на воздухот (PM-партикуларни честички, CO-јаглероден моноксид, NO2-азотни оксиди и SO2-сулфурен диоскид) во реално време преку сензори. Секоја станица ќе испраќа информации за индикаторите до системот што ќе биде изграден на системите од типот „Отворени податоци“. По завршување на проектот станичните сензори ќе им бидат доделени на трајно користење на Општината Охрид, а проектот ќе послужи за планирање на потребата од станица во рамки на Државната Автоматска Мониторинг Мрежа за квалитетот на воздухот со која управува Министерството за животна средина и просторно планирање

Покрај системот за мерни сензори и отворената платформа за податоци, во рамките на проектот е воведена и дополнителна пилот иницијатива во Охрид-поставување филтри на оџаците на индивидуални стамбени објекти во населбата Лескајца кои користат дрва, нафта, јаглен, пелети како енергенс за затоплување, со цел намалување на партикуларните честички преку нивно зафаќање во процент од околу 85-90%. По завршувањето на проектот, филтрите ќе бидат доделени на трајно користење на сопствениците кои се вклучија во пилот проектот, а за времетраењето на истиот ќе им биде доделен финансиски надомест за потрошувачката на електрична енергија согласно техничката спецификација за реална потрошувачка на истата.

Во исто време, е развиена анализа за локацијата на сензорите и истите се поставени на 11 објекти од јавен интерес (општина, сала, училиште, гимназија, јавно претпријатие…) на целата територија на Општина Охрид која обезбеди соодветна логистичка поддршка и одобрение за поставување на истите, а ќе се развијат и дополнителни SWOT анализи, истражување за намалување на PM-партикуларните честички и NO2-азотни оксиди, а ќе биде организирана и регионална работилница за сите засегнати страни и други активности.

Наскоро податоците ќе може да се следат преку Интернет страницата на ЕУ Проектот https://airthings-project.com/ и истите напоменуваме се неофицијални и индикативни и ќе служат исклучиво за потребите на проектните активности. Системот на станични сензори напоменуваме дека не е дел од Официјалната Државна Мрежа на Автоматски Мониторинг станици за квалитетот на воздухот со која управува Министерството за животна средина и просторно планирање кое беше вклучено единствено од советодавен аспект при изборот на микролокации кои би можеле во иднина да бидат потенцијални локации за официјална станица за квалитет на воздухот во рамки на државната мрежа. Исто така системот не е дел ниту од апликацијата Мој Воздух.

Податоците од проектната мрежа во Општина Охрид единствено ќе може да се презентираат од страна на Државниот Инспекторат за животна средина кој е официјален партнер од македонска страна и Општината Охрид и нивно превземање и толкување од други субјекти или физички лица нема да биде дозволено во текот на целото времетраење на ЕУ Проектот до септември 2020 година.

 

ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА 
фото: Архива
На почеток