Во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП), финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка, Општина Охрид доби изработена комплетна техничка документација за реконструкција на улиците „Гоце Делчев“, „Ѓорче Петров“ и „Кленоец“.
Официјалните записници за примопредавање на техничката документација беа потпишани денеска на пригодна свеченост која се одржа во Министерството за финансии во Скопје, во присуство на Министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Канцеларијата на Светска банка во земјава, Марко Мантованели.
На настанот присуствуваа Секретарот на Општина Охрид, Игор Бежоски и Раководителот на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, Томе Нанески.
Во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги (МСИП) што се имплементира преку посебна проектна единица на Министерството за финансии, обезбедени се грант средства од 1,1 милион евра како техничка помош за општините во Република Северна Македонија.
фото: Општина Охрид