Актуелно

7 дена за Охрид – Реализирани активности на Јавни претпријатија

Реализирани активности на Јавни претпријатија, напиша на својот Фб профил градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески.

📌 ЈП „Водовод“

▶️ Изведба на нова водоводна линија Фабрика „Костал“-село Лескоец-Охрид во должина од 2140 метри и Ф160;
▶️Нови приклучоци на водоводна мрежа на улица „Даме Груев“ и во село Лескоец;
▶️Санација на дефекти на водоводна мрежа во близина на „Македонија Пат“ и на улица „Петар Поп Арсов“.

📌 ЈП „Охридски Комуналец“

▶️Акција за чистење на сувата трска од водите на Охридското Езеро во близина на „Холандскиот парк“;
▶️Чистење на речното корито на река „Сушица“;
▶️Поставен систем за наводнување на дрворедот во делот на тротоарот на булевар „Туристичка“ од ОУ „Григор Прличев“до пресекот со улица „Даме Груев“;
▶️Темелно миење на улица „АСНОМ“ по обележувањето на новата хоризонтална сигнализација;
▶️Отстрането скршено стебло од дрворедот по улицата „Македонски Просветители“, во близина на кружниот тек кај „Охридска Банка“.

📌ЈП „Нискоградба“

▶️Тековни активности за изведба на фекална и атмосферска канализација на улица „Македонски Просветители“;
▶️Тековни активности за изведба на атмосферска канализација на улица „Дејан Војвода“;
▶️Тековни активности за поплочување на крак од улица „Петрино“.

📌ЈП „Градски гробишта“

▶️ Тековни активности за поплочување на дел од тротоарот на булевар „Туристичка“;
▶️Тековни активности за поплочување на улица „Крсте Мисирков“.

📌ЈП „Билјанини Извори“

▶️Реализирана акција за расчистување и уредување на
просторот наменет за сидрење на пловни возила во каналот „Студенчишта“, согласно потребите на корисниците-сопствениците на пловни објекти.

📌ЈП „Градски пазар“

▶️Изработка на ограда за детските игралишта во село Орман и во населба „Рача“;

▶️Санација на оградата на спортско игралиште, санација на клупите, изработка на нови корпи за отпад во подрачниот објект на ОУ „Григор Прличев“ во населба „Рача“;

▶️Изработка на ограда на мост во населба „Рача“ и санација и фарбање на мост кај каналот „Билјанини Извори“.

https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.611582716114002/611582332780707/?type=3&theater

фото: Константин Георгиески

На почеток