Деновиве завршија предвидените работни активности за обележување на хоризонталната и поставување на соодветна вертикална сигнализација на улицата „АСНОМ“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Константин Георгиески.
Вертикалното обележување е направено по сите современи стандарди за сообраќајно обележување. Покрај основната сообраќајна сигнализација, обележани се
велосипедски патеки од двете страни на коловозот, во две насоки, со попречно поврзување помеѓу нив.
🚴Со овие активности значително се подобруваат условите за велосипедистите во Охрид и се придонесува во насока на редуцирање на автомобилскиот сообраќај.
✅Општина Охрид во текот на наредниот период планира активности за обележување на велосипедски патеки и на уште неколку сообраќајници во градот.
https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.613467712592169/613467475925526/?type=3&theater