Подобрувањето на ефикасноста на административните службеници, поедноставување на процедурите за издавање на документи и зголемување на бројот на е-услуги за граѓаните, беа дел од темите на кои разговаравме со министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, кој денеска беше во посета на Општина Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
Заедно со министерот извршивме увид на почетокот на градежните активности за салата „Една точка за услуги“, која е сместена во зградата на општината.
Според планот на Министерството за информатичко општество и администрација, овој простор за многу кратко време ќе добие целосно нов изглед и ќе претставува место каде граѓаните ќе можат да добијат информации за сите електронски услуги, достапни на порталот uslugi.gov.mk.
https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.620177008587906/620176825254591/?type=3&theater