Актуелно

(ФОТО) Што работеа Охридските ЈП во изминатите 7 дена?

Градоначалникот на Охрид на својот ФБ профил ги објави реализираните активности на Јавни претпријатија во изминатите 7 дена. Георгиески напиша:

📌 ЈП „Водовод“

▶️Нови приклучоци и отстранување на дефекти на водоводната мрежа на улиците:
▪️„Даме Груев“
▪️„15-ти Корпус“ и
▪️„Егејска“.

📌 ЈП „Охридски Комуналец“

▶️Согласно препораките на Кризниот штаб на Општина Охрид, беше извршена дезинфекција на манастирот „Свети Еразмо“;

▶️Во тек се активности за садење нов цветен расад на кружните крстосници на булевар „Туристичка“;

▶️Спроведени активности за чистење на окрекот од водите на Охридското Езеро по целата должина на Градскиот кеј;

▶️ Тековни активности за уредување на јавното зеленило во село Велгошти.

📌ЈП „Нискоградба“

▶️Работни активности за изведба на приклучоци на фекална канализација на улица „Абас Емин“;

▶️Завршни активности од првата фаза за поставувањето на атмосферска канализација на улица „Дејан Војвода“;

▶️Уредување на тротоар на улица „Мите Богоески“;

▶️Чистење и отстранување на дефекти од мрежата на улиците „Крум Точков“, „Питу Гули“, „Даме Груев“, „Абас Емин“, „Дејан Војвода“.

📌ЈП „Градски гробишта“

▶️ Завршна фаза од активностите за поплочување на тротоарот на булевар „Туристичка“.

📌ЈП „Градски пазар“

▶️Во тек е изработка на метална ограда на ЈЗУ Општа Болница, Охрид;

▶️Тековни активности за санација и фарбање на клупите на градскиот кеј, во потегот од каналот „Студенчишта“ до градското пристаниште.

https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.620908501848090/620908371848103/?type=3&theater

На почеток