Актуелно

Македонски концепт: Охрид не смее да биде град со најголема стапка на иселеност, ние имаме планови за развој на градот и регионот

Караванот на „Македонски концепт“ денеска ја промовираше својата програма во Охрид. Пред присутните покрај лидерот Петар Богојески и носителот на листата за ИЕ5 Стево Насковски, се обратија и кандидатите за пратеници Томе Блажески и Катерина Василеска.

„Ви се обраќам да го зачувеме сјајот на старото охридско градителско наследство, претставувано години наназад од познатите охридски градители архитекти, Пантелеј Митков, Климент Заров, Викторија Попстефанија, сестрите Хаџиеви, Тодор Паскали, Димитар Зарчев и Павел Балабанов кои ги поставија основите на градителството и урбанизмот во Охрид и пошироко во Македонија“, истакна Томе Блажески, кандидат за пратеник од „Македонски концепт“ во ИЕ5.

„Јас имам една цел, а тоа е да ја вратиме светлината на нашиот град на светлината – Охрид. Охрид не смее да биде град со најголеме стапка на иселеност, туку град во кој ќе се чека на ред за вселување од сите кои сакаат да уживаат во оваа убавина. Тоа е она за што јас ќе се залагам на сите начини и со сето мое знаење и со сите членови на „Македонски концепт“ и сите кои сакаат да допринесат за оваа визија, истакна кандидатот за претеник од „Македонски концепт“ за ИЕ 5, Катерина Василеска.

На почеток