Деновиве во Скопје се ископаа многу дупки, се садат дрва. Ова е добра работа со која се зафатиле од раководството на градот. Колку ќе се реализира, останува да се види. Засега гледаме, дупки има, а во некои веќе има и нови садници. Како што пренесе Скопско Ехо, планот на Град Скопје е амбициозен, треба да се засадат повеќе од 3.500 висококвалитетни листопадни садници на повеќе локации низ Скопје, објави skopjeinfo.mk.
– Фала Богу им текна да излезат на терен и да садат дрва. Мислев дека ќе го прават градот зелен со фарбање, но еве гледам имало намера и со дрвца да го разеленат, пишува скопјанецот Огнен.
Тој изразува задоволство од почнатата акција но и повикува да не се застане на накавената бројка на садници, туку да се сади уште повеќе.
Од Град Скопје објаснија дека се отстрануваат пенушки и на нивно место ќе се засадат нови здрави садници, а се обновуваат идрвореди на скопски улици каде биле исечени и никогаш заменети и обновени.
– Не сметајќи ја оваа акција, изминативе месеци се спроведоа акции за садење на нови дрвја во Скопје, каде само во пролетната акција беа засадени повеќе од 6.000 нови дрвја, стои во соопштението на Град Скопје.