Граѓаните на Скопје кои со парно греење се снабдуваат од компанијата Скопје Север АД , се жалат дека веќе неколку дена немаат парно греење. Тие, како што велат, сметките ги плаќаат однапред за четири месеци, ама сега кога им е потребно греење мрзнат.
Од „Скопје Север“ потврдуваат дека снабрувањето е прекинато, како причина наведуваат дека вчера Макпетрол Пром-гас го прекинал снабдувањето со природен гас, поради проблем во начинот на обезбедување на гаранција на плаќањето.Очекуваат проблемот да се надмине и да продолжи испораката на греењето до граѓаните.
„Во текот на вчерашниот и денешниот ден се прават интензивни контакти помеѓу Скопје север АД Скопје, Општина Чаир и Макпетрол Пром-гас за надминување на проблемот и како резултат на овие напори Макпетрол Пром-гас даде налог за приклучување на Скопје Север АД – Скопје на системот за дистрибуција на природен гас на 25.11.2018 во 12:00 часот со цел во следната работна недела да се обезбеди гаранција за плаќањето на природниот гас.“, велат од Управата на „Скопје север АД Скопје“.