Актуелно

Кекеноски: Ќе го укинеме имунитетот на пратениците

Почитувани дами и господа, покрај стратешките определби ние како коалиција подготвивме и краткорочни приоритети, се со цел да докажеме дека , прво сме сериозна коалиција и второ, да сето тоа што ќе го ветиме, дека ќе го реализираме. Краткорочните приоритети се однесуваат на неколку сегменти, ќе кажам еден дел од тие сегменти, бидејќи тие најоперативно можеме да ги реализираме.

Во првите тиресет дена од нашиот избор, ќе побараме ургентна промена на Уставот, односно уставни промени со кој што ќе го укинеме имунитетот на носителите на јавни фунции. Кога говорам за имунитет, говорам за имунитетот на пратениците, за имунитетот на претседателот на држава, на судиите и обвинителите, на членовите на републичкиот судски совет, советот на јавни обвинители и Уставниот суд. Значи единствено сметаме дека е реално имунитет да има претседателот на државата и она што посебно сметаме дека нема потреба да се кријат зад имунитето сите носители на јавни фунции, доколку си ја извршуваат функцијата совесно и чесно.

Второ, она што ќе се заложиме во првите триесет дена е укинување на енормните патни трошоци кои ги добиваат пратениците кои што доаѓаат од внатрешноста и на сите да им се признава патни трошоци во висина на автобуска карта на редовна автобуска линија.

Понатаму, укинување на функцијата заменик министер и заменик претседател на Владата на Република Македонија за спроведување на Рамковниот договор од причина што рамковниот договор е одамна спроведен, меѓутоа од друга страна и се проширени неговите рамки, па од таму ќе се залагаме за негова ревизија.

Трето, распуштање на Уставниот суд и нов состав и избор на нов составен од стаменити и стручни персони кои имаат знаење, капацитет и дигнитет, а не како досега партиски послушници кои реагираат на повик на оние кои што ги делигирале и кои што им дале поддршка во институциите.

Укинување на Изборниот законик кои протежираат би партизам , наместо мулти партизам и секако укинување на одредбите кои што се однесуваат на техничката Влада на сто дена пред изборите.

И шесто од овие краткорочни приоритети гарантираме дека најмногу во шеесет дена од од нашиот  избор  ќе ги изнесеме на површина сите нејаснотии и нелогичности кои се поврзани со носителите на власта како “Рекет 1” и “Рекет 2”, случајот “Империја” и ќе бараме најстроги казни за сите инволвирани страни во овој случај. Ќе ги казниме сите виновници од власта кои му овозможија на поранешниот премиер да побегне од лицето на правдата.

Исто така во првите шест месеци од изборите ќе направиме генерално прочивствување на судството, Обвинителството и полицијата во смисла на , го преиспитаме стручниот капацитет на сите овие носители на јавни функции. Понатаму да го преиспитаме потеклото на имот на судиите и обвинителите. Да ги преиспитуваме одлуките кои што тие ги донеле и секаде онаму каде што ќе се утврдат аномалии би требало да ја завршат својата функција и и да сносат соодветна материјална и кривична одговорност.

Сигурно дека преиспитување на стекнатиот имот на сите оние кои што биле на власт во последниве дваесет и повеќе години и конфискација на нелегално стекнатиот имот.

На почеток