Ги препознаваме најважните потреби на граѓаните и особено сме посветени на вложувања во инфраструктурата, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
До сега реализиравме голем број квалитетни проекти, а во тек се интензивни градежни активности за реконструкција на неколку важни сообраќајници, со кои Охрид добива улична мрежа според сите современи стандарди.
Со темелен пристап и голема сериозност, продолжуваме да работиме одговорно и домаќински за да обезбедиме подобри услови за сите жители на општината, напиша градоначалникот на ФБ.
https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.628360781102862/628360377769569/?type=3&theater