Актуелно

Седмичен преглед на реализирани активности од страна на општина Охрид

Градоначалникот Константин Георгиески објави седмичен преглед на реализирани активности од страна на Локалната самоуправа. На социјалната мрежа Фејсбук Георгиески напиша:

📌Започнаа градежни активности за реконструкција на улица „Охридска Бригада“ во должина од 527 метри;

📌Се изврши асфалтирање на краци на улица „28 Април“ и уличка во село Орман;

📌Завршија работните активности за реконструкција на тротоарот и велосипедската патека на булеварот „Туристичка“ на потегот од ОУ „Григор Прличев“ до крстосницата со улица „Даме Груев“;

📌На улица „15-ти Корпус“ се изврши асфалтирање на пешачката и велосипедската патека од едната страна на улицата;

📌На улицата „Прва Македонска ударна бригада“ се реализираат активности за уредување на пешачките патеки од двете страни на улицата;

📌На улицата во поранешната касарна се вршат подготвителни работи за тампонирање на пешачките патеки и коловозот;

📌На улицата „Абас Емин“ се изведуваат тековните активности за поставување на атмосферска канализација;

📌 Во тек се работни активности уредување на тротоарите на краци од улицата „Даме Груев“ во населбата „Христо Узунов“.

📌Општина Охрид започна со реализација на проектот „Ваш реонски општинар“.

https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.628801501058790/628801457725461/?type=3&theater

На почеток