Деновиве заврши асфалтирањето на краци од ул. „Момчило Јорданоски“во должина од 340 метри односно површина од 2000 метри квадратни. Станува збор за проект кој е дел од годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности и сообраќај и улици при општина Охрид. Вредноста на проектот е 3 000 000 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Охрид. Изведувач на градежните активности е АД „Илинден“ од Струга.
Со реализација на проектот се решава деценискиот проблем на жителите од овој дел на градот кои се движеа и сообраќаа во неадекватни услови.