Македонија

Северна Македонија и Охрид ќе испратат помош за Нови Пазар!

На иницијатива на заменик министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Неџад Мехмедовиќ и градоначалникот на Охрид, г-дин Константин Георгиевски, на следната седница на Советот на општина Охрид ќе биде предложена точка за испраќање на помош за градот Нови Пазар, како знак на солидарност во борбата против пандемијата на Ковид 19, во која овој најпогоден град во Република Србија се наоѓа.

Двата прекрасни града кои се на листата на заштитни подрачја на УНЕСКО се во процедура на збратимување од 2019 година. Во текот на месец август 2019 на седница Советот на општина Нови Пазар се изгласа Одлука за збратимување на градот Нови Пазар со општина Охрид. Во текот на годината се очекува општина Охрид да ја донесе одлуката за збратимување со општината Нови Пазар, со што овие два града и формално ќе ја зацврстат меѓусебната соработка.

 

На почеток