Свет

(ВИДЕО) Воен хеликоптер се урна меѓу згради во Истанбул, има жртви

Турскиот воен хеликоптер се урна во населен дел на Истанбул. Четири лица загинаа, а еден е повреден, објавија турските медиуми.

Причините за инцидентот не се познати.
Нешто подоцна „Ројтерс“ пренесе дека турскиот воен хеликоптер, кој се урна денес во истанбулската населба Санџак Тепе, бил на тренажен лет. Агенцијата пренесува дека при падот загинале четворица војници, а еден бил повреден.

Според снимките од местото на несреќата, воен хеликоптер се урна меѓу две повеќекатни станбени згради, кои, како што се гледа од снимките, не се оштетени.

Од друга страна, хеликоптерот е целосно уништен. Судбината на пилотите не е позната ниту, пак, дали меѓу жртвите има и цивили.

На почеток