Како голем вљубеник во планината и активен планинар, ми претставува особена чест што денеска имав можност да остварам средба со дел од членовите на првата охридска експедиција планинари, кои пред точно 40 години го искачиле највисокиот европски врв „Мон Блан“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
Големо беше задоволството да се поразговара за деталите и условите под кои храбрите ентузијасти Љупчо Поп Стефанија, Климе Волкан, Миле Битрак, Људмил Цветаноски, Андон Бојаџи, Владимир Тунтев, Владо Бојаџи, Кире Филев, Миле Бавчанџи, го оствариле својот планинарски сон.
Охридкиот регион има огромни потенцијали за развој на планински туризам, па токму затоа Општина Охрид во континуитет ги поддржува и ќе продолжи да ги стимулира спортските настани и манифестации кои се во насока на промовирање планинарските спортови и развој на здравите животни навики, напиша градоначалникот на ФБ.
https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.643482109590729/643480199590920/?type=3&theater