Актуелно

(ФОТО) Градежни активности за изградба на потпорни ѕидови во населбата „Рача“ и во селото „Коњско“

Во текот на изминатите неколку дена се изведуваат градежни активности за изградба на потпорни ѕидови во населбата „Рача“ и во селото „Коњско“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Со изградба на потпорните ѕидови се решава долгогодишен проблем на жителите во двете населени места и се надминува опасноста од појавување на свлечишта.

Овие градежни активности се дел од Програмата за уредување на градежно земјиште во делот за Изградба на потпорни ѕидови и за оваа намена од буџетот на Општина Охрид се издвоени вкупно 3,5 милиони денари.

Според планираното, во текот на наредниот период ќе се градат потпорни ѕидови и на уште неколку критични локации во општината, напиша градоначалникот на ФБ.

https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.650183192253954/650183035587303/?type=3&theater

На почеток