„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ева Петковска

media-library97djs7cs34eu6YvmrcM

Митески: Лисиче ќе добие топлификација ветување што станува реалност благодарение на поддршката на претседателот Мицкоски

Дејан Митески, кандидат за градоначалник за општина „Аеродром“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и посочи дека Аеродром ќе продолжи да се развива, и да се реализираат важни проекти, безбедни училишта и градинки, паркови полни со зеленило, спортски сали, културни центри.„Мојот претходник, Тимчо Муцунски постави високи стандарди, кои не обврзуваат да следиме. Заедно реализиравме важни проекти, но ова е само почеток. Она што следува е уште поважно да ја градиме иднината заедно, по мерка на секој жител на нашата општина. Оваа програма  не е напишана во некоја канцеларија. Ја создадовме заедно, со вас граѓаните на Аеродром. Ќе имаме безбедни училишта и градинки, паркови полни со зеленило и радост, спортски сали, културни центри, можности за образование, работа и простор сите да ги реализираат своите идеи. Убава средина, безбедни улици, достапни услуги, секојдневие што е поквалитетно и посреќно. Во исто време градиме училиште, градинка и спортска сала нешто што не се случило никогаш претходно, а се случува благодарение на поддршката на претседателот Христијан Мицкоски“, рече Митески.Митески истакна дел од проектите на изборната програма.„Без поддршка од градот и без централна власт ние работевме. Чистевме, садевме, градевме затоа што љубовта кон Аеродром не може да се запре. Во секоја населба од Мичурин до Долно Лисиче, предвидуваме нови инвестиции во инфраструктурата, културата, образованието и спортот. Зелената офанзива е нашето знаме, Аеродром е најзелената општина нашата гордост, и таква и ќе остане. Секое дете во градинка да, тоа е реалност и ќе биде остварена. За првпат добиваме кино и театар место за култура, радост и талент, Лисиче ќе добие топлификација ветување што станува реалност благодарение на поддршката на претседателот Мицкоски, а спортот останува наш белег, МЗТ и Вардар се симболи на љубов, традиција и успех, воведуваме нула комуналии за изградба на прв дом за сите млади. Но пред се Аеродром ќе остане мирно, сигурно и достоинствено место за живеење.На крај Митески ги повика граѓаните да гласаат за бројот 9, за Аеродром да биде уште поубаво место за живеење.„На 19 октомври, направете го изборот што значи работа, чесност и иднина, ајде заедно да го направиме Аеродром уште поубаво место за живеење, Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина“, дециден е Митески.

Македонија | пред 2 месеци

media-library53st2vtpaeck9fd1B2I

Трајановски : Монтажни катни гаражи, уредени паркови и градинки со зголемен капацитет се проектите за реален напредок на Чаир

Носителот на листата на советници за Советот на  Општина Чаир, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Трајановски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека е потребна промена во општината, да се направи вистинскиот избор за чесност, стручност и посветеност, како и излегување од четири годишната состојба на стагнација и безидејност во општина Чаир.„Нашата заложба е локалната самоуправа да стане синоним за одговорност, транспарентност, развој и просперитет, Главна водилка ќе ни биде креирање и реализација на силна, одговорна и развојна локална програма. Тоа го должиме на нашите сограѓани, на сите оние кои живеат тука, На сите оние кои што го сакаат Чаир, го сакаат Скопје и ја сакааат Македонија.  Ви ветувам, дека ќе бидам вашиот пријател во Советот на Општина Чаир, секогаш достапен, отворен за соработка и гласот на секој оној кој ќе се обрати со предлог, иницијатива или потреба“, вели Трајановски.Носителот на советничката листа за општина Чаир, ги наведе проектите кои ќе се реализираат и ќе донесат напредок и поквалитетен живот за сите жители на општината, како проширување на улици, монтажни гаражи и уредување на паркови за развој на Чаир.„Ве повикувам да бидете сведоци на проекти кои ќе донесат реален напредок, нови можности, подобра инфраструктура и поквалитетен живот за сите. Проекти како проширување на улицата Цветан Димов. Поставување на монтажни катни гаражи. Зголемување на капацитетите на градинките Снежана и Фидани. Уредување на Паркот во Топанско и модернизација на централниот парк во Чаир на кој што во моментов се наоѓаме“, рече Трајановски.На крај тој упати порака до сите граѓани без разлика на верска и национална припадност да го заокружат бројот 9 и да ги поддржат советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykkb9trp1ovgd4ADbotG

Мицкоски: Повикувам на масовно гласање за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за да не дозволиме да се вратат оние што 20 години ја уништуваа Македонија

Според сите анкети, според јавното мислење, но и според граѓаните и перцепцијата, генерално, јасно е дека на овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ќе бидат убедливи победници. Тоа сите го знаат, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во Сарај во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за изборите во недела на 19 октомври.Мицкоски испрати порака за масовно излегување на избори на сите гласачи на 19 октомври и да се заокружи бројот 9 за советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и за кандидатите за градоначалници, како и за кандидатите од пошироката коалиција.„Затоа што ценам дека на тој начин ќе имаме континуитет во реформите, на тој начин ќе имаме континуитет во испораката и мислам дека на тој начин ќе продолжиме заедно да чекориме. Да не дозволиме да се вратат сите оние структури коишто седум години ја уништуваа, ја ограбуваа Македонија и ја распродаваа Македонија“, рече Мицкоски.Од Сарај, Мицкоски се осврна и на политичката партија ДУИ која 20, 22 години беше дел од различни владини структури, која сега се чувствуваат неприродно во една поинаква позиција кога се во опозиција и која цела кампања, посебно првата недела му ја посвети на него.Мицкоски додаде дека немаше митинг на ДУИ каде што не се споменуваше и извикуваше во низа неговото име, за што не можел да поверува дека толку многу го сакаат или, пак, толкава ноќна мора им бил на тие луѓе.„Немаше митинг најмалку по 15 до 20 пати да спомнат моето име. Сакав едно време да им се јавам да им кажам „аман луѓе дајте кажете што ќе правите четири години. Дај оставете или зборувате за Кристијан или како ќе се вратите на власт, или правите етнички поделби“. Тоа беше целата кампања на ДУИ“, рече Мицкоски.Мицкоски даде одговор и на повиците конкретно од ДУИ за предвремени парламентарни избори, при што порача и ако евентуално има, по убедливата победа на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои мнозинство гласови, а можеби и 61 пратеник.„Замислете да има предвремени парламентарни избори и замислете на тие предвремени парламентарни избори, еве ДУИ да има добар резултат, бидејќи од другава страна се знае дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, после големата победа на локалните избори, на парламентарни евентуални избори би освоила огромно мнозинство гласови, можеби 61 пратеник. Со кого ќе прават коалиција, како ќе ја гласаат мојата Влада? До пред 5-6 месеци не им чинев, Кристијан ваков, Кристијан таков, како ќе ја гласаат мојата Влада, како ќе бидат мои министри. Еве јас го поставувам тоа прашање, не можат да измислат друг. Еве ние имаме 61, што правиме тогаш? Или ќе заборават? Ќе речат тоа не важи, сега ќе се препакуваме како што тоа го правевме 20 и повеќе години, нашиот личен интерес ќе го ставиме пред сè и ќе си функционираме како да ништо не било. Тоа така не бива, тоа така не бива“, јасно порача претседателот Мицкоски.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryiakhj3sgo37501MMKSS

Бошковски: Сарај може и сака промени за да изградиме улици, спортска сала, детски игралишта, инфраструктура и вистински развој

Горан Бошковски, носител на листа на советници за Советот на Општина Сарај се обрати од народниот митинг во Сарај во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за изборите во недела на 19 октомври.Бошковски посочи дека Сарај знае, може и сака промени за има вистински развој каде ќе се градат улици, спортска сала, детски игралишта, канализациона инфраструктура.„Денес сме собрани тука со една силна порака. Сарај се буди! Сарај покажа дека знае, може и сака промени. За мене е огромна чест и големо задоволство што денес, како носител на листа за советници, стојам пред вас, пред народот кој секогаш бил срцето на вистинската борба, пред луѓе кои некогаш не се предале и кои знаат што значи чесна работа и љубов кон своето место“, рече Бошковски.Понатаму додаде „во изминатиот период, работевме неуморно. Бевме меѓу граѓаните, по маалата, по улиците, во секој дом. Ги слушнавме проблемите, ги почувствувавме грижите, но уште повеќе ја почувствувавме енергијата и надежта на нашиот народ“.„Затоа, нашата мисија е јасна. Да изградиме нови улици, да направиме канализациони мрежи таму каде што со години се ветува, а ништо не се прави. Да донесеме светлина во секое маало, да направиме спортска сала, детски игралишта, инфраструктура и вистински развој. Сарај заслужува повеќе, Сарај заслужува подобро“, рече Бошковски.На крај повика на масовна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што како советници во Советот на Сарај ќе бидат гласот на народот и ќе ги бранат и застапуваат нивните интереси.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryi4iiv2gpe0ncdxcF4sI

Шукова: Секој граѓанин ќе плаќа според тоа колку отпад создава, а не според квадратурата на домот во кој живее

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, најави дека ќе воведе нов, фер модел за пресметка на комуналниот надоместок. Станува збор за наплата по создаден отпад, наместо по квадратен метар станбен простор.„Со години граѓаните плаќаат за отпад според квадратурата на станот, без разлика дали живеат сами или во петчлено семејство. Тоа е неправеден модел кој не го стимулира селектирањето. Законската можност постои, но никој досега не ја применил. Ние ќе го направиме тоа, ќе воведеме наплата по создаден отпад, не по квадратен метар. Тоа е праведно, логично и мотивира за селекција“, изјави Шукова.Таа потсети дека ваквиот принцип е веќе предвиден со Законот за управување со отпад, но досега ниту една општина не се осмелила да го примени поради недостаток на функционален систем.„За да воведете ваков модел, мора прво да обезбедите систем што функционира, опрема за селекција, камиони за различни видови отпад и центри за рециклажа. Кога граѓанинот ќе види дека институциите навистина ја завршуваат својата работа, тогаш е фер да плаќа колку што создава“, додаде таа.Шукова најави дека новиот систем ќе се воведува постепено, со пилот-зони во Аеродром, Карпош и Центар, каде ќе се тестираат специјализирани камиони со мерење на количината отпад и дигитален систем за следење на собирањето.„Ова не е казнен систем, туку систем што мотивира и создава ред. Сакаме граѓаните да видат дека селектираниот отпад навистина оди на рециклажа, дека количината се намалува и дека сите плаќаме по фер основ. Тоа е европски и чесен пристап“, порача Шукова.

Македонија | пред 2 месеци

kaja-sukova

Шукова: Дрисла ќе стане санитарна депонија со строга контрола

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, во гостување на подкастот „Каде се парите?“ најави дека еден од нејзините главни приоритети ќе биде потполната санација и модернизација на депонијата Дрисла, со цел конечно да се усогласи со европските стандарди за санитарни депонии.„Дрисла не е санитарна депонија. Тоа мора да го кажеме отворено. Иако со години се зборува за европски стандарди, реалноста е дека во депонијата нема соодветна контрола на гасовите, ниту на исцедокот што продира во почвата и подземните води“, изјави Шукова.Нејзиниот план предвидува воведување на целосен систем за собирање и контрола на метанот, за да се спречи самозапалување и загадување на воздухот, како и поставување современ систем за преработка на исцедокот со кој ќе се заштитат подземните и површинските води. Покрај тоа, ќе се воведе контролирано затрупување на отпадот по утврдени стандарди, со употреба на земја и глина и постојано компактирање на материјалот.„Секој ден што дозволуваме гасовите и исцедокот да излегуваат во природата, ја труеме животната средина. Ќе го примениме моделот што веќе функционира во Словенија и Хрватска - санитарна депонија со строга контрола“, истакна Шукова.Таа додаде дека проектот ќе се реализира со поддршка од европските ИПА фондови и во соработка со приватниот сектор, во рамките на националниот процес за регионално управување со отпад.„Со ова Скопје конечно ќе стане дел од современиот систем на управување со отпад каков што му доликува на европски град“, порача Шукова.

Македонија | пред 2 месеци

media-library2o25n1rv7uouaV9efTM

Коњановски: Заедно со граѓаните размислуваме, создаваме и работиме

„Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните“, истакна Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ, претставувајќи ги иницијативите што произлегуваат од директна комуникација со жителите. Меѓу најзначајните, како што рече, е предлогот Хотелот Битола да се адаптира во Дом за стари лица, со што ќе се обезбеди достоинствен живот за највозрасните сограѓани.Коњановски посочи и други приоритетни предлози: бесплатен оброк за учениците од 1 до 3 одделение, ученички униформи за децата до 5 одделение, летни кампови за деца од социјално загрозени семејства и зголемување на капацитетите на градинките. Тој најави и продолжување на акцијата за отстранување на диви објекти, особено во Нова Битола.„Вистински избор се проекти создадени од граѓаните, за граѓаните. Кога заедничките идеи стануваат реалност – тогаш го менуваме секојдневието“, порача Коњановски.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygj0p26jd7s04bT53rMq

Шукова: Систем за собирање отпад со ред, календар и функционален сервис за жителите на Скопје

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, најави дека во првата година од нејзиниот мандат ќе воспостави јасен и предвидлив систем за собирање отпад по денови и видови, бидејќи само така ќе има ефикасна селекција на отпадот во градот.„Понеделник - пластика и хартија, вторник - комунален, среда - биоразградлив, со јасен календар и транспарентност. Граѓаните сакаат да селектираат, само треба да им овозможиме систем што функционира“, изјави Шукова во гостување на подкастот „Каде се парите?“.Таа најави дека ќе се инвестира во нова опрема и инфраструктура, модерни камиони, контејнери и дигитална платформа на која граѓаните ќе можат да го следат распоредот за собирање отпад и да пријавуваат неправилности.„Не ветувам чуда во првите 72 часа, ветувам ред и систем што ќе остане. Скопје ќе добие функционална комунална инфраструктура“, порача Шукова, додавајќи дека воспоставувањето ред во управувањето со отпад е основа за чист, организиран и европски град.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ, кој се бори на овие локални избори за трет градоначалнички мандат во Куманово е гостин во Претрес со Ландов.„Јас сум социјалдемократ, а не сум вмровец. Криво ми е што во 90-те години се дозволи да се регистрира партија која во името го содржи ВМРО. Сите сме ВМРО.Да бев тогаш пратеник ќе се спротивставев да се регистрира партија со тиа име.Ако се согласат сите би го смениле името на партијата ако се работи за национален интерес”, вели Диминитриевски.Тој е против политиките на поделба на патриоти и предавници, но рече Заев е предавник според чекорите.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ, кој се трка за трет градоначалнички мандат во Куманово е гостин во Претрес со Ландов.За темата Бугарите во Устав и црвените линии, актуелизирана денеска од претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен, вели дека неговиот став е ист и јасен.,,Национално обединување за ова прашање понуди ЗНАМ, Левица го одби, а СДСМ не го ни отвори и ни ги врати. Сега кукавично јајце ни врати СДСМ нудејќи Платформа.СДСМ повторно нуди отстапки и Платформата е пишувана во Софија”, вели Димитриевски.Ова СДСМ, нагласува, не е истото во кое јас членував. Сега таму има елитисти.,,СДСМ е сега трговец поединец, клучот ќе го остават под чергиче по избори. Филипче не бил никогаш СДСМ”, вели Димитриевски.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryn9dtdk4de0d93L6ast9

(Видео) Ѕвездено небо во Штип во чест на Панчо

Граѓани се собираат во Штип за да му оддадат почит на Владимир Блажев Панчо, член на групата ДНК. Тој по седум месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс”, не успеа да се избори и почина од повредите и изгорениците од пожарот.„Во чест на Панчо, под отворено небо, Штип ќе застане во тишина за младиот човек кој зад себе остави неизбришлива трага меѓу пријателите, семејството и целата заедница. Настанот, организиран под мотото Ѕвездено небо во чест на Панчо е симболичен гест на благодарност и сеќавање”, велат организаторите.На социјалните мрежи се шират пораки: „Небото да блеска како што Панчо блескаше за сите нас.”Панчо е 63-та жртва од пожарот во дискотеката „Пулс“.Панчо ќе биде погребан утре на градските гробишта Бутел во Скопје, во 12 часот.Третата по ред, блокада од страна на родителите на загинатите во дискотеката Пулс, беше без изјави, во знак на почит кон вокалот на ДНК, Владимир Блажев – Панчо.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarysrjojd55krs36JnMEe5

Филипче: Со буџетска дупка од 1,4 милијарди евра, ВМРО-ДПМНЕ ја води Македонија во финансиски колапс

Додека премиерот Мицкоски зборува за некакви економски успеси, дупката во Буџетот се продлабочува, јавниот долг расте, граѓаните стануваат се посиромашни, предупреди Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ што се одржа вечерва во Гостивар.„Реалноста е дека буџетот е во дупка од 1,4 милијарди евра, приходите заостануваат, а капиталните инвестиции се помалку од половина реализирани. Се задолжуваат без покритие, јавниот долг достигнува над 62 отсто од бруто домашниот производ, највисоко ниво во регионот, а странските инвестиции скоро и да ги нема. Ова е резултатот на лоши политики, на неспособност, незнаење и на небрежност. Немаат ниту план, ниту стратегија како да ја водат државата“, истакна Филипче.Тој додаде дека додека власта трупа нови долгови, народот тоне во сиромаштија, платите стагнираат, мерките за поддршка на граѓаните ги нема.„Минималната плата и натаму е една од најниските во регионот, пензионерите добија помалку од ветеното – само 1.000 денари, студентите не го добија бараното зголемување од 130 денари за студентски оброк, ваучерите од 250 евра ги нема, а над 1.000 студенти останаа без студентски оброк. Земјоделците во Полог останаа без поддршка – субвенциите се намалени, откупните цени паднати, а трудот обезвреден“, рече Филипче.На трибината, Филипче посочи дека СДСМ секогаш била на страната на граѓаните со мерки за поддршка и во најголемите кризи со кои се соочувала државата.„СДСМ отсекогаш знаел да се бори и кога биле тешки времиња не сме се откажувале. Во најголемите светски кризи, енергетска, економска, здравствена – ние стоевме со народот. Се изборивме за секое работно место, за секој бизнис, за секој човек што остана без приходи. И во такви тешки времиња платите растеа, субвенциите се покачуваа. Донесовме 9 пакет мерки за ранливите семејства, за студентите, за пензионерите. За сите, никој не оставивме сам да се справува со последиците. Тоа е државничко и одговорно водење држава“, рече Филипче.Затоа, како што кажа Филипче, овие избори се од исклучителна важност за иднината на секој граѓанин, за напредокот на државата.„Ова е моментот кога секој глас прави разлика. Затоа велам дека нема помалку важен глас. Ова не е време за молк, ова е време за исправување. Апстиненцијата не е казна за СДСМ — тоа е награда за ВМРО. Секој изгубен глас е добивка за режимот што повторно го чувствуваме. Овие денови да ги искористиме и да поразговараме со соседи, роднини, да го посетиме секое маало, да се мобилизираме и да повикаме на обединување. Сега не е време за откажување од борбата за нашиот дом. Ова е момент на враќање, на единство,на нов почеток“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryq9tdplq78qf43SCGW6e

Филипче: Национализмот на ДПМНЕ му служи за прикривање на нивната неспособност

„Овој град знае дека силата е во заедништвото, не во поделбите,“ порача Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на граѓанска трибина во Гостивар. Во своето обраќање, тој остро ги критикуваше политиките на власта, обвинувајќи ја дека намерно го разединува народот за да ја сокрие сопствената неспособност.„Тие што денес владеат се обидуваат да не разделат – со лаги, со поделби, со национализам што треба да ја прикрие нивната неспособност“, рече Филипче.Според него, ВМРО-ДПМНЕ ја заборавила најважната лекција од историјата – дека заедништвото е силата на оваа земја. „Нивната политика е политика на поделби, на дестабилизација, на навреди. Политика која секогаш завршува со тензии во општеството“, потенцираше тој.Филипче го истакна Гостивар како симбол на соживот, достоинство и почит меѓу луѓето и најави дека токму од тука ќе започне обновата на вредностите кои, како што рече, биле системски разорени.„А Гостивар е симбол на спротивното: на соживот, на почит, на достоинство. И токму затоа, одовде, од градот на гостопримството, ќе почнеме да ја враќаме топлината во државата, правдата во институциите и вербата во иднината“, истакна Филипче на крајот од своето обраќање.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryhb8grqo5ojtpfs60elC

Мицкоски: СДСМ кампањата ја темели на учителот на Венко, Зоран Заев кој само знае да си ги брани инвестициите во СДСМ, меѓу кои и онаа во Дубаи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од  вечерашниот митинг одржан во општина Берово, во рамки на изборната кампања  под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври, истакнувајќи дека програмата е прецизна со јасни рокови и мерки насочени кон потребите на граѓаните, а воедно се осврна и на опозицијата која нема конкретни проекти и чија кампања се темели на нивниот учител и гуру, Зоран Заев.„Ние на овие избори излеговме со прецизна програма, со рокови, за прецизни работи неопходни за граѓаните, а од нив не слушнавме буквално ниту еден проект. Но слушнавме затоа за нови подароци кон нашиот источен сосед   слушнавме  за непринципиелни коалиции, слушнавме за соработка и ишарети со ДУИ, слушнавме дека судиите и обвинителите, оние истите со 2% рејтинг биле професионалци, но не само што слушавме туку и гледаме како кампањата им се потпира исклучиво на политичкиот гуру на нивниот претседател  Венко  Филипче, а тоа е Зоран Заев. Тој велеше дека ќе одел во политичка пензија, а гледаме како буквално грчевито се бори да си ја одбрани инвестицијата во СДСМ, исто како што ги брани инвестициите во Дубаи. За овие луѓе политиката е бизнис, а за нас  е начин како да им помогнеме на граѓаните. И она што е толку очигледно е нивното разбирање за домот. Нивниот дом никогаш не бил нашиот дом, а тоа се маалата, улиците, игралиштата, парковите, срдечноста во погледот, во ракувањето и поздравот со секој еден од вас, во искрениот напор да направиме повеќе за Берово, повеќе заедничко за нашата татковина и преубава Македонија“, вели Мицкоски.Мицкоски изјави дека СДСМ се бори само за бизниси, тендери, зделки и профитирање на нечесен начин, а не за интересите на граѓаните, како и дека се гледа нивниот политички крај и соочување со правдата.„Нивниот дом за кој се борат се бизнисите, тендерите, зделките во четири очи, фабриките за марихуана, желбата да се профитира на нечесен и криминален начин. И знаат дека со секој глас повеќе, со секоја поддршка повеќе за нас, тие се готови, а така го гледаат во очи нивниот  политички крај. А политичкиот крај значи и соочување со она од што најмногу се плашат, а тоа е правдата. Сето ова за што ви зборувам, драги мои, можевте да го видите на филмска лента во изминативе две и пол недели од оваа  кампања за првиот круг на овие локални избори. Сосема извесно е дека со еден избор одите напред, а со друг се враќаме назад. Сетете се само на оние 7 години кога влада беа СДСМ и ДУИ. Со еден избор се борите за твоето маало, за твојата општина и заедничката иднина, а со другиот се борите за нивните лични интереси. Затоа на овие избори е пресудно и клучно најпрвин да излезете да гласате“, рече Мицкоски.Мицкоски упати порака за излезеност на 19 октомври и поддршка за градоначалникот, Петар Ружински, за големи проекти и развој на општина Берово.„Затоа ве замолувам излезете на изборите на 19 октомври за неколку дена од денес, остварете го своето право, затоа направете го вистинскиот избор, а вистинскиот избор, убеден сум длабоко во себе овде во Берово е Петар Ружински. Петар е искрен и домаќин човек кој му треба на Берово – да се направат промени и големи проекти кои ќе ги решат дел од проблемите на овој преубав град на истокот“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 2 месеци

media-library8a8i2d1prvf8fJhtEqy

Ружински: Заборавениот бизнис инкубатор ќе го претвориме во модерен младински хаб, каде младите ќе создаваат бизниси и ќе ја градат својата иднина

Нашата визија е едноставна, чесна работа, економски силна Малешевија и достоинствен живот за секој. И тоа не се празни зборови. Тоа е детален план со конкретни проекти. Проекти кои произлегоа од разговорите со вас, рече кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Берово, Петар Ружински.На денешниот народен митинг во Берово, во рамките на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за избори кои ќе се одржат на 19 октомври во недела, Ружински ја претстави програмата со која ја бара поддршката на граѓаните.Посочи дека првиот темел на програмата е современа инфраструктура, и за таа цел ќе се уреди влезот во Берово, за да се стави крај на урбаниот хаос, ќе се донесе нов Генерален и Детален урбанистички план.„Вториот темел е економски раст и можности за младите. Ќе го претвориме заборавениот бизнис инкубатор во модерен младински Хаб (HUB), место каде нашите млади ќе создаваат бизниси и ќе ја градат својата иднина тука, дома! Ќе го издигнеме туризмот на светско ниво. Ќе изградиме градски базен, ќе ги уредиме спортските терени, ќе ја зачуваме нашата природа и сето ова ќе го направиме со силна поддршка од централната власт. Таа поддршка не е празен збор, таа е реалност. Еве, пред некој ден, со министерот за култура ја потврдивме веста, Владата обезбеди 90 милиони денари за реконструкција на нашата киносала“, рече Ружински.Тоа е разликата, додаде тој, ние испорачуваме дела, а не само зборови и дека програмата е амбициозна, но остварлива.„Ветувам чесна, посветена и пред сè, транспарентна работа. Преку дигитализација, секој од вас ќе знае каде оди секој денар од општинскиот буџет. Општината ќе биде сервис кој работи за вас. Мојата сила доаѓа од вас. Од секој човек што вечерва е тука. Од секој збор на поддршка, од секое ракување на чаршијата. Затоа, на 19-ти октомври, изборот е јасен. Изборот е помеѓу минатото и иднината. Изборот е помеѓу празни зборови и реални дела. Ве повикувам да излезете масовно и да го заокружите бројот 9! За Берово во кое младите ќе остануваат! За Берово на кое сите ќе бидеме горди! За нашата заедничка победа“, порача кандидатот за градоначалник, Ружински.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryoj2p3tmhpeqqdhr14kn

Каранфиловa-Пановска од Дебар: На 19 октомври да се обединиме за Македонија да го фати вистинскиот правец

Заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфиловa-Пановска на граѓанската средба „Се бориме за нашиот дом“ во Дебар ги повика граѓаните на 19 октомври, да гласаат за бројот 5, за обединување, за Македонија да го фати вистинскиот правец, бидејќи по година и половина со ДПМНЕ земјата оди во изолација, во поделби, а народот во сиромаштија.„Македонија денес е втора најсиромашна земја во Европа според минимална плата. Сите економски параметри се лоши. Во изминативе 14 месеци над 1,8 милијарди евра нов долг има создадено оваа власт на грбот на народот, а највуваат уште 6 милијадри. Инфлацијата е 4%, повратот на ДДВ за фирмите доцни, над 700 милиони евра има државата долг кон фирмите кој не е вратен“, истакна Каранфиловa-Пановска.Таа нагласи дека нема развој со вакви погрешни политики.„Секој човек мисли што ќе однесе на трпезата дома, како ќе плати сметки, ова не е живот, ова е преживување. Младите се иселуваат, не затоа што не сакаат да живеат овде, туку затоа што државата им ја одзема надежта“, истакна Каранфиловa-Пановска, додавајќи дека токму затоа е важно во Советот на Дебар да има луѓе што ќе се борат за секој локален проект, за секој инвеститор, за секоја идеја што носи развој.„Нашата борба за нашиот дом е борба и за заедништво, за општини коишто обединуваат, за Македонија што се гради со љубов, а не со поделби. Нашиот најголем адут на овие избори се чесните луѓе, нашите кандидати. Ние пред граѓаните изгледуваме со чесна понуда. Овде во Дебар тоа се нашите кандидати на советничката листа, кои ќе бидат вистински глас на народот на чело со Мухамед Имеровски!“, порача заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфиловa-Пановска во Дебар.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarybh6agu7nt7ki5nXijss

Китански: Пехчево ќе го направиме да биде енергетски ефикасна општина

Александар Китански, кандидат за градоначалник за општина „Пехчево“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и истакна дека во неговиот четиригодишен мандат и покрај сите опструкции од тогашната централна власт, изградени и реконструирани се многу улици, подобрени условите во училиштата, комуналната инфраструктура, како и реализирани капитални проекти барани од страна на граѓаните.„Иако, кога станав градоначалник, на почетокот од мојот мандат имав огромни опструкции од тогашната централна власт, со направени технички документации, аплицирани проекти, а не одобрени од страна на тогашните министерства и тогашната влада, сепак успеавме со мојот тим да направиме многу изградивме, обновивме, променивме. Реконструиравме улици, ги подобривме условите во училиштето и градинката, инвестиравме во комуналната инфраструктура, вложувавме во младите и во културата, развојот на туризмот, промоција на градот, благодарение на сегашното раководство на Владата на Република Македонија. Реализиравме капитални проекти кои долги години беа барани од страна на граѓаните и истите се од огромно значење“, рече Китански.Китански наброи дел од проектите на изборната програма за наредниот четиригодишен мандат.„За наредните четири години имаме јасна визија и конкретна програма која произлегува од вашите потреби, а не од празни партиски ветувања. Ќе инвестираме во локалната инфраструктура, локални улици, водовод, канализација,  поддршка на земјоделството и унапредување на образованието и создавање на нови, современи, модерни и достоинствени услови за нашите деца и за наставниците, унапредување и осовременување на здравството и здравствената заштита со набавка на нова и современа опрема, развој на туризмот нашата општина располага со прекрасни планини, реки, чист воздух и уникатна природа, поддршка на младите и развој на спортот за општина со здрави навики, поддршка на културни настани и развој на културата во Пехчево, ќе се бориме и ќе работиме заедно за чиста и енергетски ефикасна општина“, посочи Китански.На крај Китански ги повика граѓаните да гласаат за бројот 9, за ново, подобро и посилно Пехчево.„Дајте го гласот за број 9, за мене како кандидат за градоначалник и број 9 за советничката листа на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „За твоја Македонија“, а со тоа давате глас за сигурна иднина, гласот за сите нас е глас за ново, подобро и посилно Пехчево, глас за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина“, рече Китански.

Македонија | пред 2 месеци

media-library5n9t3f71o32o0RVKPHI

Ковачки: Пехчево заслужува модерна инфраструктура, чисти улици, уредени села, подобри училишта, услови за младите и тоа ќе го овозможи Китански

Секој успешен проект, секоја изградена или обновена улица, како и секој насмеан жител зборуваат за трудот и посветеноста на луѓето кои веруваат во подобро утре. Александар Китански е човек кој ги знае потребите на граѓаните затоа што беше секојдневно меѓу вас, ве слуша, разбира и дејствува. Имавте можност во текот на претходниот мандат да видите дека неговата сила е во тоа што не се плаши од работа, ниту од предизвици. За него, успехот е во тоа колку животи се подобрени, колку семејства имаат подобар ден, рече Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на народниот митинг во Пехчево во рамките на кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за локалните избори кои ќе се одржат во недела на 19 октомври.Ковачки посочи дека во изминатите години четири години Китански покажа дека не запоставува ниту едно населено место, градска или селска средина, туку напротив, постојано беше и е на терен со своите сограѓани за од прва рака да ги решава работите.„И за тоа сме сите тука дојдени за поддршка на Александар и сите сме со една иста желба, да го видиме Пехчево како место каде вреди да се живее, да се работи и да се создава иднина! Не сме тука за лични интереси, за свои цели, туку за заедничкото добро, развој на нашето Пехчево. Затоа што Пехчево заслужува модерна инфраструктура, чисти улици, уредени села, сигурно водоснабдување, подобри училишта и услови за младите. Почитувани пехчевчани, ниту еден успех не доаѓа сам. Сè што се постигнува е резултат на соработка помеѓу граѓаните, општината, советот и владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Само кога сите работиме заедно, можеме да го постигнеме најдоброто за нашето Пехчево“, рече Ковачки.Со оваа Влада, додаде Ковачки, предводена од премиерот Мицкоски гледаме конкретни резултати, нови улици, подобрени патишта, реконструирани училишта, инвестиции во младите и во спортот, а пензионерите, кои се темелот на нашето општество и на кои им ја должиме државата, ги добија ветените 5.000 денари кои премиерот ги вети во првата година од мандатот, а истите дополнително се зголемија за уште 1.000, а на пролет ќе се зголемат за нови илјада денари.„Почитувани советници, Советот има клучна улога  да биде партнер, поддршка и глас на народот. Пред вас ќе стојат нови проекти, нови предизвици и нови можности. Ако останеме обединети, со иста цел и љубов кон нашиот град, можеме да направиме уште повеќе. Пехчево има иднина кога секој жител верува во заедништво, кога секој дава свој придонес и кога сите чекориме во иста насока, за нашето место, за нашето маало. Да продолжиме со истата енергија, со истата верба и со истата љубов кон Пехчево и Македонија“, рече Ковачки обраќајќи се до идните советници во Светот на Општина Пехчево.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryj4j9p9b5a6pgeoobbND

Атанасовски: Реконструкција на градскиот базен и изградба на нова општинска зграда и Дом за стари лица во Македонска Каменица

Кандидатот за градоначалник на општина Македонска Каменица, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димчо Атанасовски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека ќе продолжи развојот на општината со  многу проекти вклучени во програмата, со јасна визија за напредок, кои вклучуваат изградба на локални патишта како и реконструкција на многу објекти во општината.„И во изминатите четири години реализиравме стотици проекти, во централното градско подрачје и во сите рурални средини. Денес сме град во кој ги имаме најубавиот спортски комплекс, најубавиот и комплетно осветлен кеј на река Каменичка, првата кула за рана детекција на пожари во државата, нови градски улици, водовод и канализација во секое населено место. Во изградба се десетина локални патишта во руралните средини, а она што ќе остане ќе го изградиме во првата година од новиот мандат. Започната е постапката за целосна реконструкција на Здравствениот дом во Македонска Каменица и наскоро ќе имаме нов репрезентативен објект“, рече Атанасовски.Кандидатот за градоначалник на општина Македонска Каменица истакна дека ќе се реконструира Градскиот базен, но и дека се планира изградба на нова општинска зграда и  Дом за стари лица, за раст и развој на општината и подобар живот на сите жители.„Се насочуваме кон комплетна реконструкција на градскиот базен, кон доуредување на градскиот стадион, санација на сите општински објекти, е изградиме нова општинска зграда, ќе изградиме нов сместувачки и повеќенаменски објект, во непосредна близина на нашите училишта, ангажиравме експерти кои ќе ни подготват трајно решение за хуман третман на уличните кучиња, работиме на подготовка на документација за изградба на Дом за стари лица, за двојно ќе ја зголемиме поддршката за образовните институции и установи, затоа што нашите деца се нашата иднина“, вели Атанасовски.

Македонија | пред 2 месеци

media-library7prm29eae91v6Gmd0bu

Ковачки: Со заокружување на бројот 9, Македонска Каменица ќе продолжи да се развива

„Тука сме за да ја дадеме поддршката за нашиот Димче Атанасовски, да биде реизбран како градоначалник на Македонска Каменица, како и на нашата советничка листа, за да ја продолжиме патеката на развој и заедништво што заедно ја трасиравме заедно од 2021 година. Да продолжиме со промените кои носат подобро утре. Во изминатиот мандат, вашиот градоначалник работеше транспарентно и чесно. Иако беше под постојани контроли и притисоци сакајќи да му наштетат и да ги докажат своите злобни намери, секогаш излегуваше со чист образ, докажувајќи го својот интегритет и посветеност на граѓаните.  И затоа во вториот мандат влегува уште помотивиран и пофокусиран на проекти кои се од важно значење за Каменичани“, истакна Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, денеска од народниот митинг во Македонска Каменица, кој беше одржан во рамки на изборната кампања 2025 година, чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори.Ковачки истакна дека кандидатот за градоначалник на Македонска Каменица, Димче Атанасовски во неговиот четиригодишен мандат реализирал голем дел од проектите за општината и покрај попречувањата и борбата со поранешната власт на СДС и ДУИ.„Ако имате дилема дали ќе се реализираат зацртаните проекти, погледнете што е направено се досега. Неговите дела зборуваат сами за себе, подобрени патишта и водоводна и канализациона инфраструктура за полесно секојдневие на сите вас, подобрени услови во училиштата и градинките затоа што иднината почнува од нашите деца, вложува во зачувување на традицијата и културата затоа што во коренот е нашата сила. Овие резултати не се случајност, тие се плод на труд, визија и борба со поранешната влада на СДС и ДУИ кои преку свои локални инсталации се обидуваа да го попречат развојот на Каменица. Но овие резултати се и плод на соработка меѓу луѓе кои веруваа во истата цел, а тоа е дека интересот на Каменичани е пред се“, рече Ковачки.На крај Ковачки истакна дека Атанасовски е вистинскиот избор за Македонска Каменица и ги повика граѓаните да го заокружат бројот 9 со цел општината да продолжи да се развива како и досега.„Димче Атанасовски е вистинскиот избор под број 9,  заедно со нашата советничка листа, затоа што неговото искуство, посветеност и докажани резултати се гаранција за иднина во која мак каменица ќе продолжи да напредува. Затоа браќа и сестри, ве повикувам да ја градиме нашата заедничка куќа Македонска Каменица, да го поддржите Димче Атанасовски и советничката листа под број 9, да гласаме за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина“, дециден е Ковачки.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarypnlrtfmj88tr517oMbM

Ацевски: Нудиме хумано живеење, Буџетот не смее да се полни со 30 нови висококатници во срцето на Ѓорче

Сметам дека во Ѓорче Петров треба да се случат промени на подобро поради состојбата во која се наоѓа Ѓорче денес. Јас и мојот тим имаме неколку клучни проекти за Ѓорче Петров во иднина да биде со еден хуман развој и да се менува на подобро, вели во дебата на МРТ кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Костадин Ацевски. - Детектираме реални проблеми и нудиме реални, конкретни и практични решенија. Ние го замислуваме Ѓорче како чиста и уредена општина, со средени јавни простори, со зелени површини кои редовно се одржуваат, со нови зелени површини, содржини за најмладите, со пешачки патеки, со градинки каде нема листа на чекање.Ѓорче Петров ќе биде општина каде урбанизацијата нема да биде синоним за бетонизјација, ќе го запреме бетонирањето во општината.Има цели простори од Општина Ѓорче Петров во кои нема ДУП-ови, а за сметка на тоа во други делови постојано се менуваат плановите за да има нови и нови згради, а и куќите стануваат згради. Развоен буџет не е буџет кој се темели на изградба на згради, особено не со 30 висококатници во срцето на Ѓорче, тој буџет не е ни развоен, ни реален, вели Ацевски.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryfgt2ftk2tirlbXOu1i3

Вонредна акција за расчистување на јавна површина на влезот од Охрид

Oперативните служби при Ј.П.,,Охридски Комуналец" денес реализираа акција од јавен интерес за расчистување на јавна површина во близина на станбените објекти на влезот во Охрид, на десната страна од ул.,,Булевар Туристичка"Со ангажман на специјализирана механизација се расчисти локацијата од дива и неуредна вегетација и расфрлан отпад

Охрид | пред 2 месеци

media-libraryhomgnbk6o1k32Fse5yy

Мицкоски: Кампањата речиси завршува, а Венко не сопре со црна кампања, свесен е дека тоне

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг во Пробиштип, во рамки на изборната кампања со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори. Мицкоски се осврна на како што вели тој, неформалната коалиција за локалните избори составена од СДСМ, ДУИ и Левица, кои се обединети од желбата за власт и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ. Според него, на овие локални избори тие настапуваат со црна кампања, а не нудат никакви проекти, никаква визија ниту стратегија.,,Кога зборувам за нашите противници зборувам за една непринципиелна коалиција, која што е составена од во суштина три политички партии, која што се обединила поради две главни причини, првата е желбата за власт, по било која цена. И втората е, патолошката омраза која што ја имаат кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е коалицијата на СДСМ, на ДУИ, и политичката партија Левица. На некои места, оваа коалиција е формална, на некои полуформална, но во суштина, тоа е тој опозициски блок, кој што на овие избори излегува тотално без никаква програма“, вели Мицкоски.Мицкоски истакна дека опозициската СДСМ за претстојните локални избори не нуди ниту проекти, ниту визија, туку само се фокусира на црна кампања уште од првиот ден.,,Од првиот ден, заклучно со денеска, ние не слушнавме ниту еден проект, не слушнавме никаква визија, никаква стратегија, од нив не слушнавме како планираат и каде планираат да ја водат Македонија. Од нив слушнавме само три, условно кажани, политички пораки во оваа кампања. Првата е, црната кампања која што ја водат од првиот ден, па се до ден денес. Против мене се разбира најмногу и против ВМРО-ДПМНЕ. Втората политичка порака која што ја испратија е дека тие се политички наследници и претставуваат континуитет на тоа што претставуваше влада 7 години во Македонија, коалиција  СДСМ-ДУИ. Третата политичката порака е дека тие се грижеле и се бореле за нашиот дом“, истакна Мицкоски и додаде:,,Црната кампања наспроти целата теорија и целата пракса, започна од првиот ден во оваа кампања. Ние немаме емитувано ниту еден негативен спот. А, веќе завршува кампањата во првиот круг. Ниту еден негативен спот“.Мицкоски истакна дека, иако има многу причини да се потсетат граѓаните на неуспесите на претходната влада, ВМРО-ДПМНЕ избира позитивна кампања фокусирана на проекти и иднината.,,А верувајте, имаме таква инспирација да ги потсетиме граѓаните, за тоа што го работеа 7 години, што ако почнеме рано наутро малку ќе ни биде еден ден сето она лошо што го направија додека 7 години беа влада. Но, рековме не. Ние сакаме да бидеме Влада која што ќе се обиде да ја врати надежта кај луѓето, и сакаме да зборуваме за убави работи, за проекти, да зборуваме за иднина. Сакавме тоа да го доближиме до граѓаните. Што е тоа што ние го сработивме. И што е тоа што ќе го сработиме. А тие, со ад хоминем напади, со ниски страсти. Прво ми посакаа, ќе било штосно ако го виделе моето тело распарчено и спакувано во куфер, за да потоа претседателот на СДСМ, претпоставувам инспириран, бидејќи неговиот политички гуру седеше во првиот ред, во еден занес, кажа дека тие нас не не мразеле туку не презирале. Тоа претпоставувам треба да е степен над омраза, барем според нивната филозофија. Инаку, човекот е педагог, редовен професор на факултет, кој што пледира утре да ја води државата. Тоа е тоа што го нуди СДСМ на овие избори“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryab6g4lf15qj1ffd7JA0

Се огласи сопругата на Панчо: „Ме скрши на милион делови…“

Болката по смртта на Владимир Блажев – Панчо од „ДНК“ не стивнува. Сега сo емотивна порака од него се прости и неговата сопруга Маја.„Не се договоривме вака, душо моја, љубов моја, живот мој. Ме скрши на милион делови“, напиша Маја на својот фејсбук-профил. Панчо и Маја се венчаа на 2 октомври 2013 година во Скопје. Својата љубов ја запечатија на необичен и симболичен начин – наместо класични бурми, двајцата истетовираа прстени на рацете, заколнувајќи се на вечна верност.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryfegui34lqg04aYFOOfY

Потресна исповед на Елена Ристеска за Панчо: Ме скрши на милион парчиња, како да се радувам јас кога те нема?

Поп-пејачката Елена Ристеска со силни емоции се прости од својот долгогодишен пријател и колега Владимир Блажев – Панчо од групата ДНК, кој почина по неколкумесечна битка со тешките повреди здобиени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.„Ах, бре Пане, ме скрши на милион парчиња! Не стигнав да ти кажам колку те сакам, а си замина! Останаа недоречени многу работи. Не знаев дека вака ќе боли – како за роден брат. Ми беше брат кој никогаш го немав,“ напиша Ристеска во својата објава на социјалните мрежи.Таа со потресни зборови се присети на нивното пријателство и заедничките моменти:„Со кого сега да се смеам, кога нашите шали само ние си ги разбиравме? Со кого да седам на клупи во маало и да си зборувам со саати? Од правење друштво во диско дур пушташ музика, до одење на литургија заедно. Спотови, дуети, турнеи, концерти… Се прејадувавме со бајадери додека се возевме. Се лутевме еден на друг како вистински брат и сестра.“Ристеска откри и дека токму пред трагедијата разговарале за нов заеднички дует со ДНК, кој, за жал, останал незавршен:„Со жар и возбуда ми ја пушташе секоја нова песна, последно ми пушташе идеи за наш дует со ДНК кој никогаш не го снимивме.“„Со кого сега да споделувам нешто што го имав само со тебе? Ах, бате мој, како да се радувам јас кога те нема? До следно видување, таму горе, каде нема неправди и болка,“ завршува нејзината објава.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања