Промени тема
За нас Контакт
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Ева Петковска

media-libraryi5j7258nimer96DKPcn

(Видео) Драматично во Италија и Словенија: Поплави, лизгање на земјиштето, урната зграда и исчезнати

Делови од Словенија и Италија ги зафати силно невреме. Има големи поплави предизвикани од обилните дождови во италијанскиот регион Фриули-Венеција Џулија. Тоа е автономен регион на североистокот од Италија што се граничи со Словенија и Австрија.Во градот Брачани, во општина Крмин, до словенечката граница, лизгање на земјиштето затрупа и урна трикатна зграда. Спасувачките екипи успеаја да извлечат едно лице од урнатините, додека уште се бараат двајца жители.Бројни возила за спасување и хеликоптер веднаш беа испратени на местото на несреќата.Поради ризикот од нови лизгања на земјиштето, властите евакуираа неколку семејства од Виа Сан Џорџо. Градоначалникот на Крмин, Роберто Фелкаро, ја потврди сериозноста на ситуацијата: „Синоќа имаше многу дожд, многу. За жал, некои луѓе исчезнаа.“Екстремната количина на врнежи од дожд, со 152 милиметри дожд што паднаа само во Крмин за шест часа, предизвика излевање на реките.Реката Идрија се излеа од коритото и предизвика големи поплави, додека реката Тер го поплави селото Верса во близина на Вилеш. Поради тешката ситуација на терен, спасувачи од соседна Венеција беа мобилизирани за да помогнат на погоденото подрачје.Ситуацијата во Верса е драматична. Многу жители побараа засолниште на покривите на своите домови, каде што чекаат евакуација. Пожарникарите интервенираат со мали чамци и хеликоптер за да стигнат до заробените луѓе.Силно невреме проследено со обилни дождови го погоди и регионот Горишка во Словенија, предизвикувајќи поплави, лизгање на земјиштето и значителни штети на инфраструктурата. Ситуацијата е најтешка во областа на Горишка брдо, а проблеми се пријавени и во општините Канал об Сочи и Толминско.

Свет | пред 4 месеци

media-library549stsm7fg0tf3IWW9I

Јаревски: Со Предлог-буџетот за 2026 година се утврдуваат здрави основи на фискална консолидација

Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, на денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година, имаше свое обраќање каде истакна дека според Фискалниот совет се забележуваат основи на фискална консолидација. Јаревски додаде дека Предлог-буџетот ја истакнува волјата на извршната власт за развој. Според него, опозицијата води несуштинска расправа во контекст на Предлог-буџетот.„Мојот впечаток во овие 3 дена општа расправа е тоа дека опозицијата се уште упорно одбива да ги увиди некои работи, упорно седи во својот свет и за жал повторно ќе констатирам во тоа е се поосамена“, рече Јаревски.Јаревски посочи дека Предлог-буџетот е реален, со силно изразена развојна компонента и ја изразува волјата на извршната власт за стабилизација и основа за развој.„Од друга страна, од кај опозицијата гледаме само настапи, каде што се бараат 2 или 3, можеби 5 подставки каде што во овој буџет се можеби помали во однос на претходната година. И целокупната нивна активност насочена во расправата на овој буџет, е токму таа што практично доведува до услови да имаме несуштинска расправа“, кажа Јаревски.Јаревски истакна и дека Фискалниот совет за овој Предлог-буџет укажа дека се воочливи знаци и чекори на фискална консолидација, во споредба со претходните искуства кој истиот ги имал со СДС, каде се забележуваше негативен тренд на сите полиња, за разлика од сега кога трендот е позитивен.„Фискалниот совет за овој буџет прв пат укажа дека се запознаа се заприметија или се констатираа првите знаци и чекори на фискална консолидација.  Не знам како може некој упорно да игнорира фактот дека и ММФ и Светска банка ги ревидираа на повисоко процентите за раст. Зошто? Бидејќи, на некој начин и самите беа затекнати, поучени од претходниот традиционално искуство на СДС да има негативен тренд на сите полиња, овде имавме позитивен тренд. Ги подигнаа проекциите“, вели Јаревски и додава:„И веќе ако велиме дали имаме потреба од суштинска расправа, тогаш можеме да ги видиме клучните макроекономски индикатори“.

Македонија | пред 4 месеци

vesna-janevska

Јаневска се пофали дека го решила проблемот со глувци во домот „Пелагонија”

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека е направена дератизација во домот „Пелагонија“ и се надева дека проблемот е надминат.„Знаете каква беше состојбата во Скопје, глувци не се појавија само во студентските домови, туку и на други места. Со оглед на тоа што се случуваше, не можам да речам дека е добро, но е очекувано”, изјави Јаневска во врска со појавата на глувци во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје.Јаневска посочи дека веднаш е направена дератизација и се надева, дека директорот на домот заедно со Градот ќе преземат уште нешто што е неопходно затоа што во близина на студентскиот дом се наоѓаат контејнерите каде што ѓубре оставаат и граѓани од околните згради.„Имаме ново раководство од пред неколку месеци, запознаени сме со проблемите, но во овој момент сметам дека е релативно подобрена ситуацијата затоа што за разлика од претходниот период, кога студенти секојдневно пишуваа, се јавуваа и бараа, сега таа ситуација е потсмирена и се надевам дека со текот на време ќе ја доведеме да биде така како што треба и со лифтовите и со се друго”, рече Јаневска.

Скопје | пред 4 месеци

siljanovska-3

Сиљановска-Давкова: Ова не е време за реформи, за жал, бидејќи времето наликува на време за време на војна, или пред војна

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања, на која беше разгледан последниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава, нагласи дека по 16. пат, овој извештај како и претходните не говори само за евалуираниот, туку говори и за евалуаторот. Таа посочи дека ЕУ немала јасна стратегија, доцнела на Балканот, САД понекогаш биле побрзи, не била доследна во мировното здружување, „па и денес преферира двојни стандарди.„Извештајот има многу добри податоци и критики, што добро треба да се анализираат и да се постапи по нив, но исто така понекогаш оценките на Европската Унија во овие 16 извештаи во вордингот секогаш се раководат од некоја клучна цел, што е она што за ЕУ е најважно во моментот и за тоа го врзуваат и моментумот. Така е и во овој извештај. По 16 пати, овој извештај како и претходните не говори само за евалуираниот, туку говори и за евалуаторот. Ако има оценка или натпревар за политичка спремност, тогаш ние ќе бидеме шампиони во спроведувањето, резултатите ги гледаме“,рече претседателката.Според неа, сега не е време за реформи.„Ова не е време за реформи, за жал, бидејќи времето наликува на време за време на војна, или пред војна, и тоа не е време кога можат да се прават реформи. Но за мене, и претходно и сега ЕУ е уникатна политичка филозофија, ја поддржуваат сите актери, јавноста на Балканот, ЕУ е перспектива, ЕУ е мотив за демократски реформи, Унијата стимулира реформи што водат до траен мир и стабилност. Сигурна сум дека нашата интегрираност во ЕУ ќе стави крај на феноменот балканизација како феномен на постојано менување на границите“,рече Сиљановска-Давкова..Таа истакна дека ЕУ понекогаш како да е опседната со важни моменти и датуми и сега слушаме дека ова е клучниот момент, повторно треба да се качиме на возот.

Македонија | пред 4 месеци

media-library4pffk8jkp0ug3DPxTnT

Филипче: Еден од најлошите извештаи на ЕУ е поразителна слика за власта на Мицкоски

Претседателот на СДСМ и претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешното обраќање на седницата каде се разгледуваше Извештајот на Европската комисија, порача дека документот претставува силна и јасна опомена но и доказ за катастрофалните политики на владата на Мицкоски.„Ова е еден од најлошите извештаи кои што државата го добила од Европската Комисија. Полош е само тој во 2015 година, кога сме оценети како заробена држава“, предупреди Филипче.Според него, иако од 2015 наваму државата вложуваше силни напори да се врати на правиот пат, сегашната влада нема никаков интерес за евроинтегративниот процес и повторно не води кон назадување.„И сега трендовите не се поразлични, владата се обидува да ги покрие, да врши влијание на сите независни институции кои што се надвор од извршната власт. Најмногу, најсилно, најексплицитно, на судската власт, јавен и јасен притисок што за прв пат предизвика од 1991 година јасна реакција од судската фела. Преседан, би рекол, општествен не само во државата“, истакна Филипче на денешната шеста седница на Националниот совет за евроинтеграции.Филипче исто така посочи дека наведеното во извештајот не се само за политички формулации во документот, туку реалност која граѓаните ја чувствуваат секој ден.„За жал во многу области во кои што порано бележавме успеси, сега има, и тоа се дефинира или како ограничен напредок, или нема напредок, или дури на назадување. Ама тоа не е нешто што само стои на хартија, тоа е нешто што граѓаните, посебно бизнис секторот го чувствуваат, секој ден се повеќе и повеќе“, рече Филипче.Тој исто така предупреди дека Европската унија, која минатата година имаше само еден услов за отворање преговорите, а тоа беше решавањето на спорот со соседите по ваков извештај може да воведе и нови услови.„Ако до минатата година имаше само еден услов за почеток на преговорите, а тоа е решавање на билатералниот спор со еден од соседите, после еден таков извештај, не сум сигурен дека понатаму нема да имаме и други услови да се отпочнат преговорите“, предупреди претседателот на СДСМ.Филипче заклучи дека извештајот е огледало во кое се гледа вистината за власта на Мицкоски кој ја изолира државата, ги блокира реформите и ја оддалечува Македонија од европската перспектива.

Македонија | пред 4 месеци

media-library62es32navac76cd1G9w

(Видео) Пронајден и казнет возачот што го загрози сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка

Министерството за внатрешни работи информира дека е пронајден возачот кој денеска со несоодветно однесување го загрози сообраќајот на регионалниот пат Куманово – Крива Паланка, по што против него се преземени соодветни мерки.По објавата на социјалните мрежи, во која се гледа како возач на камион го попречува движењето на останатите учесници во сообраќајот, полициските службеници од СВР Куманово веднаш постапиле и го идентификувале возачот, лицето С.С. од Куманово.Против С.С. е издаден прекршочен платен налог, а дополнително му е наложено да го исчисти коловозот, што било извршено под надзор на полициски службеници.МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да се однесуваат одговорно и да ги почитуваат сообраќајните прописи со цел подобра безбедност на патиштата.

Македонија | пред 4 месеци

Cvetan-Tripunovski-06.09.2025

Трипуновски: Нема потреба од загриженост кај земјоделците, вршиме контрола на 50-тина договори, ќе го информираме Брисел за исходот

„Веднаш по онаа акција која се случи во четвртокот, каде беа приведени повеќе лица вклучувајќи го и директорот, нашиот национален механизам е на стопирање на дел од исплатата на ИПАРД средствата. Тоа е наша брза реакција за да провериме што во суштина се случувало во самата агенција“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во интервју за Канал 5 телевизија.Трипуновски вели дека Брисел ја поздрави брзата реакција на Владата за да испита што точно се случувало во Платежната агенција.„Сето тоа е искомуницирано со Брисел, и оттаму дадоа позитивна критика за брзата реакција. Со нашата реакција ќе превенираме евентуални други несакани последици. Она што ние како држава ќе го направиме во проверките, ќе биде испратено како извештај до Брисел, за да дефинираме што се случувало“, појасни тој.Министерот Трипуновски посочи дека тука станува збор за девијантно однесување на еден од вработените, а не за системот.Тој додаде дека Агенцијата е поделена на две структури, едниот дел е за национални плаќања, односно субвенции, а другиот дел се однесува на реализација на ИПАРД средствата. Вториот дел во моментов е под национална ревизија.Министерот Трипуновски нагласи дека нема потреба кај загриженост кај земјоделците, бидејќи се врши контрола само на 50-тина договори, а не 450 како што лиферува опозицијата.„Исплатите за субвенциите ќе продолжат тековно, земјоделците не треба да се грижат“, рече Трипуновски и додаде:Инаку се работи за 50-тина предмети кои се од претходно објавени повици да бидат дозавршени, а не како што лиферува опозицијата дека се над 450 апликанти.Трипуновски нагласи дека на последната владина седница е назначен нов директор на Агенцијата.„Дополнително она што е важно, ние веќе на последната владина седница е назначивме и нов директор на самата институција којашто нормално веќе од внатре ќе почне да го движи процесот на самата Агенција, за да нема еден сериозен застој“, заклучи тој.Во однос на прашањето дали постои опасност од дополнително пролонгирање на роковите, доколку ОЛАФ се вклучи во истрагата, Трипуновски информираше:„Ние сме сведоци дека последниве неколку години ОЛАФ беше присутен во Платежната агенција, доаѓа без најава, без какво било претходно известување. Во моментов она што ние сме го преземале како институција согласно нашите надлежности е позитивно поздравено од Брисел. Дали ќе дојде ОЛАФ не знам, меѓутоа она што е наша обврска и ние ќе направиме се е да провериме и да испратиме сумиран извештај до Брисел што е констатирано при истрагата, и мислам дека веднаш потоа ќе продолжиме понатаму со едно тековно работење“.

Македонија | пред 4 месеци

media-library2fajsjqm4h2q0Ipntyt

Трипуновски: Не чувствувам одговорност и нема да поднесам оставка, бледи се обидите на опозицијата да ме инволвира во случај за криминал

„Одговорност во моментот треба да даде тој што е фатен на дело за злоупотреба и прекршување на законите. И мислам дека таму ќе се води истрагата до крај, апелирам да биде до крај и сите коишто се евентуално инволвирани во целиот случај да одговараат. Само на тој начин ќе стопираме негативни тенденции, прекршување на закони и девијантни однесувања“, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во интервју во дневникот на Канал 5 телевизија.„Јас како ресорен министер ќе продолжам да се борам и ваквите случаи да се санкционираат во целост, само на тој начин ќе можеме да градиме она што постојано го велам, доверба во институциите, што во минатото го немаше“, додаде тој.Трипуновски истакна дека Владата спроведува неселективна борба против криминалот, укажувајќи дека без разлика на политичката припадност секој кој направи злоупотреба мора соодветно да одговара.„Со овој случај гледате дека како сериозна Влада без разлика на партиска припадност, дали е некој сегашен или поранешен функционер, се бориме беспрекорно. Тоа е сериозен пристап на сериозна Влада, што во минатото не беше така“, изјави тој.Министерот Трипуновски упати апел до секој еден граѓанин којшто можеби има за некој друг случај одредени сознанија да алармира, за како што рече тој веднаш да се постапи и санкционира.Трипуновски ги отфрли обвинувањата на опозицијата и порача дека платежната агенција е посебно тело од министерството, додавајќи дека бледи се обидите на СДСМ да го инволвираат во овој случај.„Платежната агенција е посебно тело коешто одговара пред Владата. Значи тука елиминирам секаква поврзаност на Платежната агенција со Министерството. Вие знаете дека Платежната агенција работи согласно акредитирани мерки, согласно насоките од Брисел, согласно процедури, управувани од директор со свој менаџерски тим. Така да сите процеси коишто се внатре во Платежната агенција се водени од самата агенција и тука бледи се нападите на опозицијата да го врзат министерството со Платежната агенција. Така што, тоа што го прават е повеќе за политички поени и видливост во јавноста“, појасни тој.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryof54790c4au19RPdffN

(Фото) Уапсен е осомничениот за терористичкиот напад во Индија

Уапсен е маж које е осомничен за поврзаност со смртоносниот напад со автомобил-бомба во Делхи, во кој минатата недела загинаа осум, а 20 лица беа повредени. Властите соопштија дека автомобилот користен во нападот, што владата го нарече „терористички инцидент“, бил регистриран на името на уапсениот, пренесува BBC.NIA го товари, жител на Кашмир под индиска управа, за уrote со наводниот напаѓач-самоубиец. Експлозијата се случила кај метро станица близу Црвената тврдина. Агенцијата запленила уште едно возило кое се поврзува со напаѓачот и ќе биде дополнително испитано. Досега се испитани 73 сведоци, вклучувајќи повредени лица.Ова е прва ваква експлозија во строго чуваниот Делхи од 2011 година. Нападот се случил во понеделник во 18:52 по локално време, кога бавно возило застанало на семафор и експлодирало. Министерот за внатрешни работи Шах потврдил дека станува збор за бел Hyundai i20. Снимките покажале изгорен автомобил и повеќе уништени возила, меѓу кои авторикша и ризкши.Премиерот Моди го нарече нападот „урота“, а владата вети дека извршителите, нивните соработници и спонзори ќе бидат казнети. Лидерот на опозицијата Рахул Ганди нападот го опиша како „исклучително потресен“.Полицијата истражува можни врски со неодамнешното апсење на седум мажи во Кашмир и со заплената на 2900 килограми експлозив во предградието на Делхи. Црвената тврдина, изградена во 17. век, е една од најпосетените знаменитости и е место каде индиските премиери ги одржуваат говорите за Денот на независноста.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryq43mfsn01m4v7WoQ73T

Украина обезбеди увоз на американски гас од Грција за да ги покрие потребите за време на зимата

Украина обезбеди увоз на американски течен природен гас (ЛНГ) од Грција за да ги покрие зимските потреби од декември до март следната година, изјавија во неделата грчки и украински претставници за време на посетата на претседателот Володимир Зеленски на Атина. Украина ќе увезува гас преку гасовод што минува низ Балканскиот Полуостров за да обезбеди критични количини по руските напади врз енергетската инфраструктура и постројките за производство на гас.Грчката гасна компанија DEPA и украинската државна компанија Нафтогаз во заедничко соопштение наведоа дека договорот стапува во сила од декември. Зеленски на заедничката прес-конференција со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека испораките ќе започнат во јануари.Грција станува извор на енергетска безбедност„Се зафатуваме со обнова секојпат кога Русите ја уништуваат енергетската инфраструктура и постројките за производство на гас, но тоа навистина бара многу време, напор и опрема. А кога станува збор за гасот, ни е потребен увоз за да ја надоместиме нашата уништена домашна производство“, им изјави Зеленски на новинарите.„Грција станува обезбедувач на енергетска безбедност за вашата татковина“, му порача Мицотакис на Зеленски, додавајќи дека договорот ќе придонесе за независноста на Европа од рускиот гас.Во пресрет на посетата на Грција, Зеленски изјави дека Киев обезбедил две милијарди евра од европските партнери и банки за увоз на гас, со гаранција од Европската комисија, како и од украинските банки.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Кризна состојба во Србија: Владата заседава секојдневно поради НИС

Во Палатата на Србија денеска се одржа вонредна седница на Владата на Србија, посветена на состојбата со Нафтената индустрија на Србија (НИС). Седницата ја водеше претседателот Александар Вучиќ, кој најави дека до следната недела мора да биде донесено конкретно решение за иднината на компанијата, во која доминантен сопственички удел имаат руски партнери.„До следната недела мора да донесеме одлука и да имаме решение за НИС. Се надевам дека азиските и европските партнери, со кои разговараат руските партнери, ќе прифатат да преговараат за сопственоста, што би значело дека можеме да го информираме ОФАК со заедничко писмо“, изјави Вучиќ.Тој додаде дека, доколку Русите не успеат да постигнат договор со своите партнери за цената, Србија ќе биде подготвена да понуди подобра цена за рускиот удел во НИС.Премиерот Ѓуро Мацут оцени дека Србија се наоѓа во кризна состојба од прв степен, додавајќи дека Владата ќе заседава секојдневно додека не се стабилизира состојбата. „Мораме да ја одржиме стабилноста на државниот систем, особено во јавните услуги и во сè што е поврзано со секојдневното работење. Ќе се состануваме секој ден, ова е кризна состојба од прв степен“, рече Мацут, пренесува РТС.Претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ, на седницата изјави дека, доколку биде потребен ребаланс на буџетот, Собранието ќе реагира брзо. Вучиќ се надоврза, велејќи дека е важно сите граѓани да ја разберат сериозноста на ситуацијата. „Гледам дека некои повикуваат на национализација, но нашата политика е поинаква – партнерска и пријателска. Со Руската Федерација ќе почекаме до последен момент и ќе им дадеме можност да ги продадат своите средства“, порача Вучиќ.Претседателот ги изнесе и моменталните оперативни резерви на Нафтената индустрија на Србија, нагласувајќи дека граѓаните нема причина за паника: 7.200 тони бензин, 33.000 тони дизел и 3.800 тони керозин. Покрај тоа, Српската армија располага со 15.000 тони керозин, а дополнителните државни резерви вклучуваат 50.340 тони бензин, 92.654 тони дизел, 8.128 тони течен нафтен гас, 84.000 тони сурова нафта, 188.000 тони дизел и над 68.000 тони мазут во стоковни резерви. „Имаме стабилни резерви и никој не треба да се грижи за авионите или снабдувањето со гориво“, рече Вучиќ.Претседателот му наложи на директорот на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ, да ги заврши заостанатите инфраструктурни проекти. „Да се заврши гасоводот до Ваљево, гасоводот Александровац–Тутин и делницата од Лесковац до Врање. Потребен ни е интерконектор со Северна Македонија, за да можеме да обезбедиме повеќе гас во иднина. Не ме интересира кој има нешто против тоа“, рече Вучиќ.Во завршницата, Вучиќ повтори дека Србија нема намера да презема еднострани мерки за национализација или заплена на имотот на НИС, туку ќе се обиде да најде партнерско и економски одржливо решение. „Нашата политика не е конфискација, туку партнерство. Србија ќе ја заштити својата енергетска стабилност, но и меѓународната соработка,“ заклучи претседателот.

Свет | пред 4 месеци

3

Од вторник поројни врнежи и ветер над 60 км/ч – следи период на нестабилност

Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), Македонија влегува во период на нестабилни временски услови кои ќе ја одбележат неделата што претстои. Очекувајте магла во утринските часови, локални врнежи од дожд, како и засилен ветер од јужни правци.Од вторник времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, на места и пообилни — над 30 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а долж Повардарието – од југоисточен правец, со удари и над 60 километри на час. „Следува период на нестабилно време со повремени врнежи и ветровито време, кое ќе биде особено изразено во централните и јужните делови на земјата“, соопштија од УХМР.Во понеделник наутро ќе има услови за магла во котлините, а во текот на денот ќе преовладува претежно облачно време. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, во северозападните делови се очекува слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе се движат од -1 до 19 степени.Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има слаба магла, додека во текот на денот ќе преовладува облачно време. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а температурите ќе се движат меѓу 3 и 15 степени.

Македонија | пред 4 месеци

media-library61rg90bqrgoje2dwjgd

Манасиевски: Реформите и напредокот на СДС се во втор план на Филипче, приоритет му се желбите на Заев

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, упати остри критики кон раководството на СДС, обвинувајќи го претседателот на партијата Венко Филипче дека нема фокус на реформите и напредокот, туку на спроведување на, како што рече, „плановите што му ги диктира Зоран Заев“.Манасиевски оцени дека, според него, „дуото Филипче–Заев“ не се откажувало од контролата врз партијата, дури и по цена на нејзино нарушување.„Заев сè уште ги држи конците во СДС, а Филипче возвраќа на секој негов потег,“ изјави Манасиевски.Тој истакна дека изборот на Александар Трајановски за потпретседател на СДС не бил резултат на неговите квалитети, туку на неговата лојалност кон сегашното раководство.„Трајановски е лојален човек на Филипче и Заев. Со оваа одлука, Заев уште еднаш ја потврдува својата позиција како претседател од сенка,“ нагласи Манасиевски.Според него, граѓаните не очекувале ништо од актуелното раководство на СДС, а за да постои силна, кредибилна и одговорна опозиција, потребни биле темелни и итни реформи.„Реформите мора да започнат со оставка на Филипче,“ порача Манасиевски.

Македонија | пред 4 месеци

media-library8ob384ctnprscQlPVx4

СДСМ: Недозволив молк за најстрашниот скандал со операциите, дали власта се обидува да го заташка?

Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ се осврна на како што рече, откривањето на еден од најстрашните скандали во македонското здравство со непотребни операции на срце направени во приватни клиники.„Наместо експресна реакција, власта со денови молчи.Се крие од јавноста кој од докторите дал индикации за операциите. И сè уште нема поднесено ниту една кривична пријава.Не може злоупотреба на здравствената професија за профит на поединци вака да се третира.Што се чека? Како некој да се обидува да го заташка овој монструозен случај.Дали некому му се дава време да ги сокрие трагите, да „исчисти” документи?Ова е тежок скандал кој мора да биде третиран со максимална транспарентност и максимална одговорност.Јавноста ја заслужува целата вистина. Секој што учествувал во овој монструозен синџир мора да одговара”, бара СДСМ.

Македонија | пред 4 месеци

siljanovska-davkova-4

Сиљановска Давкова: Планинарењето ги подобрува телесното и менталното здравје и ги јакнее карактерот и личноста на човекот

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се обрати на свечената академија по повод 100-годишинината од основањето на Планинарскиот клуб „Љуботен“, одржана под нејзино покровителство во Домот на културата „Иљо Антески – Смок“ во Тетово.Таа посочи дека имаме посебна обрска да го заштитиме планинското богатство со кое, рече, сме благословени. Должни сме, истакна претседателката, да ги сочуваме ретките и загрозени видови дрвја, животни, билки, птици, инсекти, а природата ќе ни врати со чист и свеж воздух, ќе не штити од порои и поплави, ќе не лекува и ќе не храни.„Да ја афирмираме филозофијата на здрав живот. Да направиме култ од планинарењето меѓу младите. Наместо кон коли и алкохол, да ги мотивираме и да ги насочиме кон физичка и спортска активност на планините. Да го омасовиме рекреативното планинарење”, рече Сиљановска Давкова.Нагласи дека планинарењето како спортска и рекреативна активност ги подобрува телесното и менталното здравје и ги јакнее карактерот и личноста на човекот.Присутните ја проследија богатата историја на најстариот македонски планинарски клуб „Љуботен“ преку презентацијата на документарен филм и мултимедијалната изложба.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-14.36.37

Трамп со ултиматум до Вучиќ: За три месеци целосно повлекување на русите од нафтената индустрија

Министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, обзмами дека добиле известување од Владата на САД со кое се бара излегување на руската сопственост од Нафтената индустрија на Србија (НИС).„Всушност, на барање на НИС, за првпат, таа недвосмислено рече дека сака целосна промена на руските акционери, односно дека бара излез од сопственоста“, рече српската министерка.Министерката посочи дека државата е во момент кога можеби пред нив се некои од најтешките одлуки во модерната историја на Србија.„Геополитичката ситуација се менува од ден на ден и се надевам дека нашите руски пријатели ќе ја разберат сериозноста на моментот и ќе ни помогнат заедно да излеземе од оваа исклучително сложена ситуација. Ние, ниту виновни ниту обврзани, се најдовме во средината на политички и геополитички конфликт и како мала земја сега мора да платиме висока цена. И единственото нешто што го сакавме беше да бидеме фер и коректни кон сите наши партнери и сите наши пријатели“, рече Ѓедовиќ.Владата на Србија денес одржува состанок во на кој се поканети сите директори на јавни претпријатија.Санкциите беа воведени од САД поради мнозинскиот руски капитал во компанијата.Компанијата НИС ја информираше јавноста дека посебната лиценца на Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави, која овозможува непречено оперативно работење, не е продолжена, што го означи почетокот на примената на американските санкции против таа компанија.Американците сега бараат од Вучиќ целосно да ги повлече Русите од нафтената индустрија на Србија.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryo4furu3kfnnn8dIJbzr

(Видео) Торнадо пустоши во Португалија: три лица загинаа, десетици повредени

Силното торнадо Клаудија пустоши во Португалија. Најмалку три лица загинаа, а десетици се повредени во силното невреме што во изминатите денови го погоди регионот, соопштија португалските власти.За повеќе региони, меѓу кои Фаро, Брага, Бежа и Сетубал издадени се портокалови и жолти метео-аларми поради продолжениот ризик од екстремно лошите временски услови.Претседателот Марсело Ребело де Соуза изрази сочувство до семејствата на загинатите и најави поддршка за погодените заедници.Поројните дождови и поплави предизвикани од истата временска бура погодија делови од Велика Британија, вклучувајќи го Монмут и југоисточен Велс, каде се издадени повеќе од 180 предупредувања за поплави.

Свет | пред 4 месеци

andrej-petrov

Петров: Доста се делби, сите со одговорност да се приклучат и да помогнат на СДСМ

Еден од поранешните видни членови на СДСМ, екс генерален секретар и градоначалник, Андреј Петров во интервју за Сител ТВ оцени дека СДСМ мора да учи од грешките и преку отворена дебата и обединување на членството да се врати на старите патеки.Негов став е СДСМ да ги вклучи младите генерации и да ги врати разочараните членови.„Во ситуацијата мислам дека на СДСМ му требаат квалитетни луѓе внатре. Она што не му треба и на СДСМ и на опозицијата се понатамошни делби. Треба да има ентузијазам во раководството на СДСМ, треба да има храброст, без храброст ништо не се прави. Треба да има доволно политичко искуство, доволно желба за соработка, да нема конфликтни ситуации внатре. Да има стратешка идеја за државата . Партијата мора да ја отвори дебатата внатре, во дебатата ќе се препознаат добрите кадри. Раководството мора да расчисти со тоа мора да ја разбие тезата дека одработува за ВМРО – ДПМНЕ“, рече Петров.Според него, погрешен чекор е ако СДСМ смета на тоа да влезе во Влада со ВМРО-ДПМНЕ, како пто пишуваа дел од медиумите.

Македонија | пред 4 месеци

media-library4ou47lpqjm16eyx3T6t

ВМРО-ДПМНЕ: Промена во СДСМ е можна само со оставка на Филипче

Владеачката ВМРО-ДПМНЕ и денеска со соопштение ги анализира состојбите во СДСМ„Најавите на Венко Филипче за промени во партијата засега почнаа и завршија со неговиот партиски другар, Александар Трајановски. Од најавите за нови кадри и реформи на Филипче не бидна ништо, тешко и дека ќе бидне, бидејќи следејќи ги настаните во партијата сè се врти по тоа како диктира Зоран Заев. За СДС едно е јасно промени и реформи во партијата може да има само ако оставка даде Филипче, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение испратено до медиумите.Според нив се додека сè се врти околу вилите, хотелите, јахтите, забавите во Обединетите Арапски Емирати и Грција промени нема.„И самиот Трајановски е дел од оваа слика, или виден летово во Грција на луксузно минати викенди во јахти заедно со Филипче и Заев.Трајановски не е промена и реформа за СДС. Промена и реформа единствено е оставка на Филипче и тргање на партијата од диктатот на Заев”, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 месеци

zelenski

Зеленски во посета на Грција, грчката полиција забрани протести во Атина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска е во посета на Атина и ќе се сретне со претседателот на Грција Константинос Тасулас, со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, како и со претседателот на парламентот Никтас Какламанис.Посетата на Зеленски на Атина, од безбедносни причини, официјално беше соопштена утрово.Од грчката полиција соопштија дека од безбедносни причини, од 6 часот утрово до 22:00 забранети се собири и протести во центарот на Атина и во неколку блиски населби.Зеленски на Икс најави дека во Грција доаѓа за да потпишат договор за увоз на природен гас.

Свет | пред 4 месеци

media-library7umc01svs6i7c1PZTei

(Видео) 120 повредени лица на антивладините протести во Мексико Сити

На масовните антивладини протести, во Мексико Сити повредени се најмалку 120 лица, од кои 100 се полицајци, a 20 лица се уапсени.Протестите ги организираше „Генерацијата З“ против криминалот, корупцијата и неказнивоста. Демонстрантите демонтираа делови од бариерата пред Националната палата, а полицијата употреби солзавец за да ги растера.Активистите се револтирани и поради убиствата на познати личности, вклучително и градоначалникот на Уруапан, Карлос Манзо, кој беше застрелан на 1 ноември поради неговата борба против нарко-картелите.Иако претседателката Клаудија Шеинбаум, која е на власт од октомври 2024 година, и понатаму ужива над 70% доверба, јавноста сè повеќе ја критикува поради серијата високопрофилни убиства и чувството дека безбедносната политика не дава резултати.

Свет | пред 4 месеци

pari-1

Денеска пауза, утре продолжува комисиското „кроење” на буџетот за 2026

Пратениците денес ќе одмораат а седницата на Комисијата за финансирање и буџет каде се разгледува Предлог Буџетот за 2026 година, ќе продолжи утре, во 12 часот.Власта и опозицијата имаат спротивставени мислеа. Пратениците од власта го бранат Буџетот како одржлив и развоен со вклучена социјална компонента.„За 2026 година се предвидува 3,8 отсто раст на БДП, што не е случајно, туку следува по трите квартали постојан раст. Стапката на инфлација е детерминирана на 2,5 отсто како резултат на рамотежата во делот на цените на храната, од една страна и цените на енергенсите, од друга. Ова значи дека имаме континуиран економски раст, стабилизирање на инфлацијата, добро менаџирање на јавните пари и креирање буџет во функција на решавање на проблемите на граѓаните. Главните двигитали ќе бидат зголемената активност кај градежништвото и домашната потрошувачка. Стапката на невработеност е предвидено да биде 10,1 отсто, а платите и пензиите ќе растат”, рече Емил Спасовски од ВМРО-ДПМНЕ.Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, предложениот буџет го оцени како неконзистентен, нереален и директно штетен за економијата и граѓаните.Таа нагласи дека буџетот не содржи никакви политики за зголемување на платите, ниту мерки за справување со сè поголемата сиромаштија.

Македонија | пред 4 месеци

media-library3ue50rg0ho5s39CJDmN

На граничните премини нема подолги задржувања, сообраќајот се одвива непречено

Според информациите на АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата”, велат од АМСМ.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 17.04.2025 г. е пуштен за сообраќај за возила до 3.5 тона.

Македонија | пред 4 месеци

media-library6m18ccn6rfco5GQOeD9

Казни за десетици оператори со небезбедна храна во близина на училишта

Агенцијата за храна и ветеринарство спроведе 445 инспекциски контроли во последните десетина дена и изрече 15 забрани за вршење на дејност на оператори со храна. 696 килограми небезбедна храна од непознати добавувачи беа запленети и уништени.Контролите биле насочени особено кон објектите во непосредна близина на основни и средни училишта, од каде учениците најчесто купуваат храна.Инспекциските проверки откриле дека 19 оператори ставале во промет небезбедна храна, кај 30 се утврдиле незадоволителни хигиенски услови, а од вкупно контролираните, 26 оператори не биле регистрирани во АХВ.„16 оператри немале имплементирано процедури за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, а дури 32 немале спроведено задолжителен здравствено-саниратен преглед на вработените лица. Тројца оператори немале спроведено задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите, а 7 од контролираните објекти не ги задоволувале техничките услови за вршење на дејноста. Несоодветно означена храна со контролите била затекната кај седуммина оператори со храна“, стои во соопштението на АХВ.За утврдените неправилности, АХВ изрече парични казни за 77 оператори во вкупна вредност од 36.470 евра. Издадени се 103 решенија за отстранување на недоследностите и 23 опомени.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryk51eks3vvgp2frEyWnb

Спасовски: Буџетот за 2026 е насочен кон регионален развој и големи капитални проекти од суштинско значење за општините

На вчерашната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Спасовски го оцени буџетот како исклучително развоен со силна социјална компонента. Тој истакна дека целта е забрзување на економскиот раст и спроведување  фискална консолидација преку зајакната финансиска дисциплина, воедно посочувајќи дека најголем двигател на растот ќе бидат бруто-инвестициите.„Во 2026 година се очекуваат позитивни движења и економскиот раст да забрза за 3,8%, како резултат на растот на инвестициите и последователен пад на стапката на невработеност на историски најниско ниво од околу 10%, раст на пензиите и платите и солидно зголемување на приватната потрошувачка. Најголем придонес кон растот во 2026 година се очекува да имаат бруто инвестициите, преку реализација на големите инфраструктурни проекти, финансирани од државата, во патната и железничката инфраструктура, пред се Коридорите 8 и 10Д, како и проекти во енергетиката, земјоделието, образованието и здравството“, рече Спасовски.Пратеникот Спасовски се осврна на неколку проекти кои се од клучно значење за развој на регионот и особено значајни за општина Крива Паланка, истакнувајќи дека со капиталните инвестиции во општините ќе се подобрат услови за живот на граѓаните.„Дополнителен двигател на бруто инвестициите ќе биде поддршката на општините за реализација на капитални инвестиции со цел по рамномерен регионален развој и унапредување на животниот стандард на граѓаните. Значајна ставка во Предлог буџетот се капиталните расходи, каде капиталните проекти учествуваат со околу 9,8% од проектираниот буџет, односно се проектирани во износ од 660 милиони евра. Од овие средства ќе се реализираат инфраструктурни и енергетски проекти, капитални проекти од областа на сообраќајната, комуналната и локалната инфраструктура.  Ќе се финансира западниот дел од патниот Коридор 8, изградба на железницата како дел од Коридорот 8, каде што првата делница од Куманово до Бељаковце е пуштена во употреба, интензивно се работи на втората делница од Бељаковце до Крива Паланка за која се обезбедени средства и третата делница од Крива Паланка до Деве Баир“, рече Спасовски.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања