Промени тема
За нас Контакт
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Ева Петковска

media-librarypsld2vhk9fro6hSLoKY

Вреди: Кога НАИ држи прес, губи илјада гласови

оалицијата ВЛЕН реагира на изјавите на претставници на коалицијата НАИ, предводена од ДУИ, оценувајќи дека нивните обиди да ги претстават резултатите од првиот круг од локалните избори како мандати за пратеници се доказ дека, НАИ не само што изгубила гласови, туку и контакт со реалноста.„Ова беа локални избори. И токму тука Албанците проговорија појасно од кога било, тие избраа промени, тие избраа ВЛЕН. Во повеќе од десет општини, Албанците ја дадоа својата доверба во нова енергија и во луѓе кои работат, а не во оние кои се кријат зад лажен патриотизам кога немаат што да му понудат на народот“, стои во реакцијата на ВЛЕН.Од таму додаваат дека, според нив, резултатите покажуваат дека ВЛЕН ја покрива целата политичка карта на Албанците и дека тоа е единствената карта што се брои, онаа на слободната волја на граѓаните.Во соопштението се посочува и дека изјавите на Арбер Адеми, Блерант Рамадани, Кренар Лога и други претставници на НАИ, кои смислуваат имагинарни графикони за идни пратеници се доказ за паниката што ја зафатила нивната коалиција.„Тие сè уште не ја разбрале пораката на народот дека е време за реформи, а не за измислување бајки за да ги држат будни своите поддржувачи“, се додава во соопштението.ВЛЕН им посакува почести јавни настапи на функционерите на НАИ, со став дека секој пат кога ќе проговорат, НАИ губи по илјада гласови.

Македонија | пред 5 месеци

loga-1

Лога: Ако мислите дека сте победиле, ајде на избори зошто се плашите?

Кренар Лога од НАИ во емисијата „Ајде да зборуваме“ на ТВ21 рече дека, доколку освоените гласови на локалните избори се преточат во пратенички мандати, НАИ би имала 20, а ВЛЕН само 15 пратеници.„Ако тие тврдат дека победиле и ако се охрабрени од тие резултати што ги поседуваат, ајде да одиме на избори и ќе видиме. Дури и ако ги преточиме резултатите во пратенички мандати, НАИ би имала 20 мандати, а ВЛЕН само 15. Разбирам што зборуваат по телевизиски студија, сакајќи со празна реторика да се претстават како победници на референдумот, но јас ги предизвикувам – како што ги предизвикува секој претставник на НАИ – ајде на избори, зошто се плашите?“, прашува Лога.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryrqrpsv0i0ecudaRrxMG

Стармер открива што била целта на состанокот со Мицкоски: Ги собрав лидерите за да го решиме проблемот со мигрантите

Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, на социјалните медиуми напиша за што се разговарало на средбата со премиерот Христијан Мицкоски и која е целта на овие средби и состаноци кои британската Влада ги има со лидерите од регионот.Тој открива дека главната тема биле мигрантите.„Низ Западен Балкан има криминален автопат, кој ги води нелегалните мигранти директно во Велика Британија.Нашата задача е да го затвориме и да ги разбиеме организираните шверцерски банди што го водат. Денес ги обединувам земјите за да се справат со овој заеднички предизвик”, напиша Стармер.Во објавата на Мицкоски никаде не се споменува зборот мигранти иако неговиот британски колега на Х објави дека тоа било главната и единствена тема.„На средбата разговаравме за продлабочување на билатералната соработка и поддршката на Обединетото Кралство на земјите од регионот”, стои во објавата од Мицкоски.Вчера пак тиражниот британски Тајмс објави дека Македонија е една од државите од кои Стармер бара да изградат мигрантски центри но и дека македонскиот премиер одбил да даде интервју.

Свет | пред 5 месеци

dacic

За Дачиќ, Резолуцијата на ЕП за Србија е политички памфлет со бројни невистини

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денес пред камерите изјави дека Резолуцијата за Србија која Европскиот парламент вчера во Стразбур е политички памфлет и содржи многу невистини, објави српското издание на регионалниот телевизиски канал N1.Во разговор за националниот канал РТС, Дачиќ ги негираше наводите во резолуцијата, особено во врска со однесувањето на полицијата. Според него, резолуцијата содржи бројни невистини.,,Ова е политички памфлет, а не сериозен документ“, изјави Дачиќ.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-17-at-21.00.48

Приговори во 11 општини за изборите

Завршија роковите за поднесување приговори за постапката на гласање и приговори за утврдување и сумирање на резултатите од гласањето на локалните избори.ДИК по истекот на законските рокови објавува за кои општини резулатите од гласањето се конечни.„Од 44 општини за кои ДИК во понеделникот објави првични официјални резултати од гласањето за избор на градоналници, во меѓу време констатиравме дека од овие 44 општини во 11 општини се пристигнати приговори. По приговорите ние денес, согласно дневниот ред, а ако не стигнеме денес, евентуално утре ќе постапуваме и ќе одлучуваме. По таквите одлуки подносителите имаат право на тужба до Управен суд, информира претседателот на ДИК Борис Конадрко.Тој информира дека оние општини во кои нема поднесено приговори за гласање за избор на градоначалници се 33 и за нив ДИК денеска објавува конечни резулатати за завршено гласање во прв круг за избор на градоначалници. „Резултатите и имињата на кандидатите нема да ги читам зошто тие веќе се прочитани во понеделникот кога објавивме првични официјални резулатати и тие се наоѓаат на официјалната веб-страна на ДИК. Само ќе ги прочитам имињата на општините во кои гласањето за градоначалник е завршено конечно, со конечни резултати во прв изборен круг. Тоа се општините: Берово, Битола, Василево, Вевчани, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Желино, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Крива Паланка, Липково, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Пласаница, Радовиш, Сарај, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струмица, Теараце и Штип”, рече Кондарко.

Македонија | пред 5 месеци

IMG_2106ll

ВМРО-ДПМНЕ ја прозва Арсовска да каже која одлука за „Комунална хигиена“ не била изгласана од нивните советници

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ реагираше на тврдењата на градоначалничката Данела Арсовска, која утрово на социјалните мрежи напиша дека одговорноста за состојбата со ѓубрето низ Скопје е кај кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН во Советот на Градот и управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“.Од партијата нагласуваат дека сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со претпријатието биле усвоени од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ. Ја обвинуваат градоначалничката дека измислува криза за политичка корист.„Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата гласаа за сите одлуки предложени од страна на Арсовска, а кои беа поврзани со ,,Комунална хигиена”.Апелираме да каже која одлука врзана со тековното работење на претпријатието не е изгласана од советниците?“ стои во реакцијата.Од партијата додаваат дека тврдењето на Арсовска дека проблемот е намерно создаден е површна, неточна и нелогична.„Зошто ВМРО-ДПМНЕ во сред изборна кампања би го ставило Скопје во ѓубре, ако се знае дека товарот и негативата ќе одат на сметка на ВМРО-ДПМНЕ? Арсовска треба да одговори зошто не се собира ѓубрето и што се прави со парите кои граѓаните уредно ги плаќаат“, стои во соопштението од партијата.Тие побараа да се испита и кривичната одговорност на надлежните за хаосот со сметот, оценувајќи дека зад него стои тајна коалиција која четири години ја поддржуваше Арсовска.„Ова го прави некој што сака да наштети на ВМРО-ДПМНЕ во изборна кампања. Ќе дојде крајот на ова и ќе има одговорност“, се вели во реакцијата.

Македонија | пред 5 месеци

media-library037322h8vt3r5RDEYYM

(Видео) Пред ДИК протест за поддршка на првиот градоначалник Албанец на Чашка

Група граѓани се собраа на протест пред седиштето на Државната изборна комисија, а меѓу нив беше и Суат Шаќири, победник и најверојатно прв градоначалник Албанец на општина Чашка.Иствремено се одлучуваше по пет жалби поднесени до ДИК за процесот на гласање во Општина Чашка. Од нив, четири се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, две за Горно Јаболчиште и една во Долно Јаболчиште. Една жалба во селото Мелница е поднесена од партијата СДСМ.Приговорите се за процесот на гласање, односно не работела биометриската опрема, а се гласало преку списокот на избирачкото место.

Македонија | пред 5 месеци

dozd-1

Поројни дождови од вечерва, дневни температури до 22 степени

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.Од вечерва се најавува можност за поројни врнежи, но и дневни температури до 22 степениВремето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarye596tspq6s2p4vmvQaa

Пановски предупредува: Ако не се исчисти ѓубрето, Скопје го чека наезда од 10.000 стаорци

Проблемот со несобраниот смет во Скопје не е само естетски и технички, туку претставува сериозен здравствен ризик за граѓаните, предупредуваат експертите. Контејнерите преполни со отпад станаа извор на храна за глуците и стаорците, што создава идеални услови за нивно брзо размножување, јавува Телма.Микробиологот д-р Никола Пановски за Телма изјави дека, доколку надлежните не реагираат итно, ситуацијата може да излезе од контрола.„Ужас, ова го немало ни во најцрните сценарија од учебниците што ги гледавме како студенти – тоа било 16-17 век кога не можело да се собере ѓубрето. Голема среќа е што времето е релативно ладно. Замислете да беше 37 степени – идеално за бактериите и мувите кои пренесуваат разни цревни заболувања, бактерии и вируси,“ предупреди Пановски.Тој додава дека глодарите лесно можат да навлезат во домовите, особено во неурбанизирани делови од градот каде што има изобилство на отпад и остатоци од храна.„Ако чекаме втор круг на избори, па жалби и одлуки, ќе дојде 10 ноември. За тие 20 дена стаорците може да се размножат толку брзо што за еден месец може да има дури 10.000. Тие сега ќе имаат храна, ќе останат на ѓубриштево ако не се превземат превентивни мерки. Ако не се исчисти градот, кога конечно ќе се собере ѓубрето, тие ќе немаат храна и ќе навлегуваат по домовите, кујните и шпајзовите,“ предупреди Пановски.Лекарите апелираат на итна реакција од надлежните служби, бидејќи одложувањето на чистењето на градот може да доведе до сериозна здравствена криза и ризик од ширење на зарази.

Македонија | пред 5 месеци

media-library03q8op488bnca6F80TC

Глушец каснал дете на игралиште во Капиштец

Десетгодишно дете било каснато од глушец на игралиште во скопската населба Капиштец, додека си играло со други деца.Според лекарскиот извештај за каснувањето на детето му била раскрвавена раката. Инцидентот се случува во време кога Скопје се соочува со криза со подигањето на ѓубрето, а јавното претпријатие „Комунална хигиена“ е под истрага. Според извештајот, детето било каснато од глодарот среде игралиште.Во отсуство на редовни услуги од „Комунална хигиена“, градоначалниците на дел од скопските општини веќе почнаа да организираат акции за чистење со сопствена механизација, обидувајќи се барем делумно да ја санираат состојбата.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryg4ljt4m26uod6GExmhs

Милошоски: Победа на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг во 33 општини, поддршката од граѓаните ни е потврдена и на локално ниво

„Во вториот круг секако ќе имаме пораст на гласови, но во секој случај тешко е да се споредуваат локални и парламентарни избори, бидејќи на локалните избори има помал процент на излезеност, а поголема фрагментација по однос на големата бројка на листи за кандидати за советници. На парламентарни избори има поголем процент на излезеност, а истовремено има помала фрагментација и национална униформирана кампања“, вели Антонијо Милошоски, член на ИК и пратеник во македонското собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју на Алсат телевизија.Милошоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ има убедливо најголема победа на локалните избори досега, како и дека претставува мотив за да се продолжи со посветена работа и во иднина. Пратеникот Милошоски додаде дека во вториот круг очекува уште една голема победа и посветеност за оправдување на довербата којашто ја добиваме од граѓаните.„Ние овие локални избори ги споредуваме со локалните избори во 2021 година. Имаме пораст и во бројот на добиени советници и во бројот на добиени градоначалници. 2021 година освоивме 22 градоначалници, а сега имаме 33 градоначалници, наспроти тоа, ги имаме ДУИ со освоени само 3 градоначалници, СДСМ само 3 градоначалници и ВЛЕН како коалиционен партнер со освоени 5 градоначалници“, рече Милошоски во интервју на Алсат и додаде:„Сметаме дека како владина коалиција ја добиваме повторно поддршката којашто ни е потврдена и на локално ниво“.

Македонија | пред 5 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Под истрага 12 лица осомничени за лихварство и перење пари

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Министерството за внатрешни работи денеска изврши претреси на повеќе локации низ Скопје. Претресите се спроведени по обезбедени судски наредби и се дел од истрага за кривични дела лихварство и перење пари, информира Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.Според обвинителството, отворена е истрага против 12 лица и едно правно лице. Деветмина од осомничените се товарат дека, како соизвршители или помагачи, организирале криминална група која од 2022 година давала заеми со високи камати од 5% до 15% месечно, барајќи од жртвите враќање на долговите со имот или пари, често под закана или притисок.Полицијата утврдила дека паричните средства добиени од лихварството биле внесувани во банкарски и готовински текови, со што се прикривало нивното нелегално потекло. На тој начин, осомничените стекнале противправна имотна корист од над 125 милиони денари, кои ги користеле за луксузен живот, купување имот и трансакции со други физички и правни лица.Јавниот обвинител најави дека во текот на утрешниот ден ќе поднесе предлози до судот за мерки за обезбедување присуство на осомничените лица.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryo6l0a0plns8geBmvtIx

Василевска: Гласот за Орце Ѓорѓиевски е глас за достоинство и враќање на урбаниот живот во градот Скопје

Иванка Василевска, пратеник во македонското Собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во емисијата Аргумент+ на телевизија 24.Пратеничката Василевска посочи дека процесот на подготовки за локални избори во секоја сериозна политичка структура почнува многу порано затоа што е многу важно  што ќе добијат граѓаните како политичка понуда на претстојните локални избори.„Поддршката кон Орце Ѓорѓиевски не е само поради припадноста во ист политички субјект и иделошка, туку е и суштинска, бидејќи е докажан и којшто помина низ повеќе филтри на докажување и оттаму сум сигурна сум дека многу скоро навистина ќе почнеме да функционираме малку попристојно, нели не може преку ноќ да се случи се, но она што го очекувам  е дека ќе имаме подобрување во тој дел“, вели Василевска.Василевска  ги повика граѓаните масовно да излезат во вториот круг и да му дадат поддршка на Орце Ѓорѓиевски, за уште една голема победа и оправдување на довербата која што ја добиваме од граѓаните.„Македонските граѓани  масовно да излезат на вториот круг и да му дадат поддршка на Орце Ѓорѓиевски во Скопје, гласот за Орце Ѓорѓиевски ќе значи глас за достоинство и враќање на урбаниот живот во градот“, рече Василевска.

Македонија | пред 5 месеци

Gerasimovski-vo-360

Герасимовски: Спроведуваме вонредна есенска дератизација на целата територија на Општина Центар

Службите на Општина Центар заедно со Институтот за јавно здравје Скопје, веќе 5 дена спроведуваат вонредна есенска дератизација, со која се опфатени 1.980 шахти.Дератизацијата се спроведува со цел уништување штетни глодари и превенција од заразни болести, како дел од мерките што општината ги презема за заштита на населението.„Спроведуваме вонредна дератизација со цел да ги спречиме сите можностите од појава на зараза. Во услови на хаос во градот во однос на јавната хигиена, оваа акција е важен чекор за сузбивање на потенцијални извори на болести“ рече Герасимовски.Општина Центар информира дека препаратот е специјално дизајниран за контрола на популацијата на глодари и е сертифициран од овластен производител, обезбедувајќи безбедност за другите животински видови.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryieo3aaf5fg127Sj0fII

Средба на Николоски и Димитриеска Кочоска со Тим Рид: Го потврдуваме стратешкото партнерство, следат конкретни чекори за реализација на проектите од Договорот Влада со Влада

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, остварија работна средба со Тим Рид, извршен директор на Националната агенција за надворешно финансирање на Обединетото Кралство -УКЕФ.На средбата се разговараше за деталите околу соработката и подршката што ја овозможува оваа Агенција во рамки на Договорот за соработка меѓу двете земји.На Македонија се ставени 6 милијарди евра на располагање преку УКЕФ за реализација на капитални проекти кои треба да го подржат севкупниот развој на државата и треба да донесат додадена вредност во делот на транспортот, здравството, образованието, енергетиката и животната средина.Како што потеницираше вицепремиерот Николоски, покрај финансискиот дел, исклучителна е подршката на Велика Британија во насока на пренесување на експертски знаења и искуства и технологии во реализација на крупните проекти предвидени со партнерскиот договор Влада со Влада.Притоа вицепремиерот Николоски ја истакна огромната посветеност на Владата во реализација на инфраструктурните проекти кои се опфатени во првата фаза со Договорот, со посебен фокус на брзата пруга и инвестициите во изградба на нови болници.На средбата се прецизираа идните активности во однос на соработката меѓу двете земји, користење на финансиските средства и подршката во реализација на проектите.Вицепремиерот Николоски го потврди стратешкото партнерство истакнувајки дека Велика Британија е силен подржувач на Македонија во нејзиниот развој, со добри политички и трговски односи и можност за нови партнерства преку нови инвестиции.

Македонија | пред 5 месеци

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Претрес со Ландов се емитува во живо од Кочани седум месеци по трагедијата во дискотеката во Пулс во која загинаа 63 лица.Во третиот дел од Претрес говорат Клаудија Николова, координатор во „Супорт Кочани“, дефектолог, Јорданчо Ефтимов, преживеан од „Пулс“, волонтер и Марко Димитријев, дел од „Супорт Кочани”.Во поткастот една од мајките рече дека нејзиниот син не е загинат туку убиен, а сестра која го загуби братот бара правда а не сожалување.Преживеаниот Јорданчо Ефтимов се потсетува на кобната вечер.Ноќите се тешки и му навираат тешките мисли. Ако говори вели, му олеснува.„Беше сурово тешко но мора да продолжиме. Сега се чувствувам добро, задоволен сум од медицинската нега. Третманот за лузните ќе трае долго. Имам трет степен на изгореници и трансплантирана кожа”, вели Ефтимов, кој покажа како изгледа неговата рака по 7 месеци. На сите 5 прсти има изгореници и трансплантација на кожа. На лицето има лузни кои ги лекува со креми.Марко Димитријев вели сите тука тагуваме и се тешиме.Клаудија Николова смета дека ова е процес кој не завршува.„Не револтира кога некој ќе каже дека ова е проект. Не ова е живот, мора да имаме емпатија сите.Јавноста треба да сфати каква е состојбата”, вели Николова.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarybee4hv4mnots2x8bFER

Неделен преглед од активностите на ,,Паркови и зеленило"

Во есенскиот период доминантна активност е редовно собирање на суви лисја во градски парк и другите зелени површини.Се реализира тековно есенско одржување -оформување на крошните и кратење на гранки од дрворедите по ул.,,Димитар Влахов" и ул.,,Партизанска", со што се обезбеди непречено минување на пешаците.Се режат ружите во градскиот парк и на тој начин се подготвуваат да блеснат со својата убавина за следната пролет.Се уредуваше зеленилото околу детските игралишта на ул.,,Радојца Новичиќ" и ул.,,Булевар Туристичка", како и отстранување на дива вегетација околу речно корито вдолж ул.,,Мирка Гинова".Редовно косење на тревни површини на улици:,,7-ми Ноември", ,,Ариф Мустафа" и ,,Аџи Мустафа", како и отстранување на ниска вегетација од тротоари вдолж ул.,,Булевар Туристичка".

ОО | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Во вториот дел од Претрес со Ландов, кој се емитува во живо од Кочани, за нивната болка и трагедијата говорат Розета Блажева, сестра на загинатиот Јорданчо Џамов и Светлана Стојанова, мајка на загинатиот Андреј Стојанов.За нас како семејства, вели Светлана низ долзи времето не лечи ништо.„Болката за нашиот Андреј боли и не минува.Тој е убиен во дискотеката на ужасот.Не ми е се уште јасно што се случило, но сигурно не му е пружена помош.Не беше изгорен, само му требало кислород.Оставам на господ”, вели Светлана.Таа говори за поранешниот градоначалник на Кочани Ратко Димитровски, кој седел во кафуле со родител на повредено дете додека тие имаа протестен марш со слики од загинатите чеда.Побаравме други мерки од Обвинителството за обезбедување за Димитровски, кој е еден од обвинетите.Не знае дали проработи свеста кај надлежните.Во првите денови рекоа да не помислуваат политичарите да дојдат и да го бараат нивниот глас„ Повеќето од познатите и роднините веќе не ни се јавуваат.Мислев за мене животот е завршен, иако имам ќерка за која мора да живеам”, низ солзи говори мајката на Андреј.За снимката на која се гледа како кандидатот за градоначалник Венко Крстевски, слави со трубачи и лепи пари, Светлана вели:„Животот за секого продолжува но зарем со трубачи и лепење пари мораше да слави.Себичноста и злобата ги видовме. Нашите деца ништо нема да ги врати, се надевам да се појави мојот Андреј на вратата.Сакам да верувам дека е некаде отиден и ќе ни се врати”.Тие ќе го следат судењето.Розета Блажева не може да го преболи братот и не може да разбере како немаат некои човечност. Не верува во правда.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarymc6esn341thq49hHKDa

(Видео) Супорт Кочани: Ни се закануваат бидејќи ја говориме вистината

Гости во Претрес со Ландов, кој вечерва се емитува во живо од Кочани се родители на починати, преживеани и со хероите на градот.Од Супорт Кочани укажуваат на проблемите со кои се соочуваат, на несоодветниот однос на новата директорка на болницата која дури и врти глава од нив, иако има и пожртвувани медицински лица.Политичарите велат политика тераат.„Ние имаме дури и закани бидејќи многу сме зборувале, а ние ја говориме вистината”, велат од Супорт Кочани.Во вториот дел од Претрес за нивната болка и трагедијата ќе говорат Розета Блажева, сестра на загинатиот Јорданчо Џамов и Светлана Стојанова, мајка на загинатиот Андреј Стојанов.

Македонија | пред 5 месеци

media-library3c6tq1rv06ne39Dso0j

(Видео) Хероите од Кочани: Сѐ се сведува на пропаганда и политизирање

Претрес со Ландов, вечерва во живо од Кочани.За трагедијата и состојбата отворено говорат родители на загинатите, преживеани и хероите што не молчат. Во Кочани и по седум месеци кога во пожарот во дискотеката Пулс загинаа 63 лица, има болка и револт.Во првиот дел од Претрес говорат Ана Вучева, една од преживените од пеколот. Таа е дел од маркетинг тимот на „Супорт Кочани”, Иван Ивановски, иницијатор за основање на „Супорт Кочани” и Дарко Стоилов, претседател на здружението.Не сакаат да кажат кој им задал нож во грбот, имаат проблеми, но секогаш одат напред за решавање на проблемите.„На Кочани не му требаат ветувања и големи пари, туку добро образование, здравство и настани. Најверојатно не не разбираат. Се сведува се на пропаганда и политизирање”, вели Иван.Ана сака да има позитивна енергија и дружба во центарот. И дава надеж дека ќе почне процесот за да се добие правда.Од повредените дел се добро, но има повредени со ампутирани делови, со тешки изгореници и ќе им требаат трансплантации и помагала.Дарко говори за девојка која била сместена во Систина и на која и требале средства за трансплантација, бидејќи треба да се набави од странство.

Македонија | пред 5 месеци

media-library3vs6ocnub4qm1OowvLa

Митески: Аеродром самоиницијативно работи на собирање на отпадот, дополнително ги зајакнуваме нашите комунални служби

На телевизија Телма во емисијата „Топ Тема“ вечерва гостуваше кандидатот за градоначалник за општина „Аеродром“ Дејан Митески, кој на почетокот истакна дел од приоритетните проекти на изборната програма и посочи дека за прв пат Аеродром ќе добие нов културен дом.„Ние како сериозна политчка партија излеговме со сериозна програма, којашто ја презентиравме пред граѓаните, програма којашто опфаќа многу проекти, од сите населени места, од Долно Лисиче до Мичурин. Она што би сакал да го истакнам како најбитни проекти од програмата, тоа е за прв пат Аеродром ќе добие нов културен дом, театар, кино, место кадешто ќе можат да ужваат во културата сите генерации во Аеродром, рече Митески и додаде:„Проект за топлификација на Лисиче, нешто што ќе го намали загадувањето и ќе го подобри квалитетот на живот на сите граѓани, тоа е проект којшто ќе се реализира заедно со поддршката од Владата на Република Македонија. Зелена офанзива, којашто опфаќа низа на проекти што значат подобрување на парковите и ќе воведеме една обврска којашто многу ќе помогне за замена на дрвната маса, а тоа е проект за секој инвеститор во иднина што ќе гради, да донира садници на јавна површина, не како досега што било обврска во рамки на сопствената парцела, проект за враќање на парите кон граѓаните го насловивме како твој денар-твој проект, кадешто граѓаните преку директно учество ќе можат да одлучуваат со данокот што го плаќаат, кои проекти ќе можат да ги реализираат, нови детски градинки во Долно Лисиче, Острово и во Мичурин и нова детска градинка во Лисиче“.Во врска со актуелната тема деновиве за зголеменото количество на отпад во Скопје, чија надлежност е на Град Скопје, Митески истакна дека како општина самоиницијативно се работи и дневно се депонира повеќе од 10 тони отпад.„Во однос на зајакнување на инспекциските служби и третирање на отпадот, сликата жалосна е во цело Скопје, и за жал тоа е нешто што е работа на градот Скопје, како општина постојано работиме, ја работиме и нивната работа, дневно депонираме повеќе од 10 тони отпад во Дрисла. Пред да влеземе со инспекции и да ги казнуваме граѓаните ние мораме да им создадеме услови каде да го одлагаат отпадот. За прв пат како општина воведовме редовни акции коишто траат два месеци на пролет и на есен за одлагање на кабаст отпад,  понудивме услуга преку нашето јавно претпријатие да може на повик, граѓаните дојдат и го депонираат отпадот за симболичен надоместок, за прв пат лиценциравме јавно комунално претпријатие коешто може да одвезува и да транспортира неопасен отпад“, рече Митески.

Македонија | пред 5 месеци

gerasimovski

Герасимовски: И во вториот мандат, политиката ќе биде целосно тргната на страна

Актуелниот градоначалник на Општина Центар и кандидат за втор мандат Горан Герасимовски во изјава за МРТ верува дека центарци и во вториот круг ќе го одберат концептот „За Центар што го сакаме“.„Се надевам дека сите оние коишто веруваат во нашиот концепт дека и во вториот круг ќе го дадат својот глас за заедно да ја водиме општината и во наредните четири години. Покажавме различност, немавме мнозинство во советот. Претседател на советот беше од друга политичка партија. Но, и сега имаме интересен состав на советнички групи од повеќе политички партии и верувам дека ќе го прифатат истиот концепт којшто го имавме изминатите години. Продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните. Сите советнички групи и политиката ќе биде целосно тргната на страна во Општина Центар“, рече Герасимовски.Тој, потенцираше дека има одлична програма, којашто е пишувана заедно со граѓаните, за разлика од некои против кандидати кои ги имаат копирано проектите од програмата.„Ние самите проекти ги пишуваме со граѓаните четири години наназад. Нашите буџетски форуми кои ги предлагаме ќе ги направиме во текот на следната недела. Ги слушаме граѓаните. Верувам дека граѓаните ќе го препознаат концептот, во првиот круг го препознаа, верувам дека и во вториот круг ќе го препознаат и ќе ни ја дадат целосната доверба. Ги повикувам сите оние жители, сите оние центарци коишто во првиот круг дадоа глас на одредени политички партии и независни кандидати да ни се приклучат во концептот „За Центар што го сакаме“ за заедно да ја направиме општината поубаво место за живеење на сите“, порача Герасимовски.Во однос на сметот во Скопје, Герасимовски изјави дека општината испратила допис до ЗЕЛС за свикување на итна седница за да се најде решение за катастрофалниот проблем со кој се соочуваат центарци, но и сите жители на Град Скопје.„Дури ја повикувам и Владата да се вклучи во решение на овој огромен проблем со кој се соочуваат центарци. Нашите служби се на терен, во две смени. Имаме дополнителна механизација, но не може да се постигне поради тоа што јавното комунално претпријатие неколку дена не излегува на терен за да си ги заврши своите обврски и имаме преполни контејнери на територија на цела општина, на цел град, имаме кучиња скитници кои го разнесуваат ѓубрето. Нема да дозволиме да се шират зарази низ Општина Центар. Ќе направиме сѐ самиот проблем да се санира што побрзо“, истакна Герасимовски.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryj995ma2jqce83FL8CRh

Мециновиќ: Изборот во Скопје е избор за демократија, не за функција

Првата прес-конференција по почетокот на вториот изборен круг, кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, ја започна со отворање на темата што, според него, ја засенува секоја друга, нерамноправниот третман во медиумскиот простор и во вториот изборен круг затоа што АВМУ не дозволи политичко рекламирање на Левица.„Институциите кои се под политичка контрола направија преседан без преседан во македонската демократија,“ рече Мециновиќ, нагласувајќи дека само еден кандидат, оној на власта, ќе има пристап до платено рекламирање, билборди и медиумска промоција.„Тоа не е само неправда кон мене, тоа е удар врз демократијата. Ова ќе биде забележано во сите извештаи за состојбата во земјава“, додаде тој.Мециновиќ нагласи дека ќе продолжи со позитивна и проактивна кампања, иако околностите, како што рече, не се рамноправни. „Овој втор круг не е натпревар меѓу двајца кандидати, туку избор меѓу старото и новото, меѓу статус-квото што го изеде градот и визијата за едно поинакво Скопје“, истакна тој.Според Мециновиќ, апсолутната власт што во моментов ја имаат ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, ја довела државата во состојба на „сè поочигледна авторитарност“. Победата, вели, нема да биде негова лична победа, туку чин на отпор и демократизација на општеството.„Јас не сум најпаметен, ниту најдобар од сите скопјани“, рече тој. „Но знам дека скопјани заслужуваат град каде што нивниот глас нешто значи. Локалната политика е нашето секојдневие: улиците, воздухот, јавниот превоз, зеленилото. Тие работи не смеат да зависат од партиски договори“.Мециновиќ подвлече дека нема намера да води деструктивна политика и дека ќе соработува со сите советнички групи во Советот. Потсети дека проблемите во претходниот мандат произлегле токму од партиски суети и лични конфликти. „Не ме интересира да се натпреварувам во суета. Сакам градот да функционира. Ќе соработувам со сите, затоа што Скопје мора да заживее“, истакна.Кандидатот на Левица испрати и порака до сите граѓани кои се разочарани од политиката и кои во првиот круг останале дома. „Ги повикувам сите здраворазумни Скопјани, без разлика од која партија доаѓаат, да се охрабрат и да гласаат за промена. Овојпат изборот е реален, старите партии веќе не се најголеми фактори“, порача тој.Тој ги поздрави и независните листи што успеале да влезат во Советот на градот, оценувајќи дека секој советнички мандат што нема да го добијат „старите партии поврзани со бизнис интересите“ е, како што рече, „добредојдена промена“.На крајот, Мециновиќ одговори и на новинарско прашање за поканата за телевизиски дуел со Орце Ѓорѓиевски. „Подготвен сум на дебата, но покрај вашата покана го повикувам Ѓорѓиевски на јавен дуел, под отворено небо, пред граѓаните и сите медиуми. Таму нека нè слушне народот и нека избере која опција му се допаѓа“. Со оваа прес-конференција, Мециновиќ го постави тонот на втората рунда од кампањата: помалку конфронтација, повеќе визија. „Нема повеќе вие направивте, ние направивме. Сега има само еден избор, статус-кво или промена која ќе ја градиме заедно“, порача тој.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryihumhfr3027h0duQqel

Лукровски: Карпош ќе се развива плански, ќе се формира „Карпош план“

„Со моето избирање за градоначалник ќе престане бетонизацијата во Карпош“, истакна Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната емисија „За или против“ на Алфа телевизија.Лукровски истакна дека ќе се формира ЈП „Карпош план“, кое ќе биде под целосна контрола на Општината и на граѓаните, се со цел Карпош да биде граден плански во интерес на граѓаните.„Карпош план ми е најголема заложба, „Карпош план“ ќе донесе мир на граѓаните. Да биде гарант на нашите заложби Карпош граден плански, Карпош граден таму каде што треба. Таму каде што има простор за зеленило, каде што има простор за градинки, каде што има простор за училишта, за паркинзи, не во Карпош 4, не во Карпош 3, не згради во Влае, домување да, меѓутоа не згради. Карпош план може да функционира, не само во делот донесување ДУП-ови итн., значи ќе ни помогне во легализацијата, имаме проблем со легализациите, по 15 години луѓе чекаат за легализации, се менуваат генерации, значи стареат луѓе со проблемот на легализацијата. Така што верувам и ќе направиме моќен Карпош план“, заклучи Лукровски.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryk2do941ujrtp52MhAjA

Лукровски: Со моето избирање за градоначалник ќе престане целата бетонизација и урбаното дивеење во Карпош

На телевизија Алфа во емисијата „За или против“ вечерва гостуваше кандидатот за градоначалник за општина Карпош, Сотир Лукровски кој на самиот почеток на емисијата дискутираше за неговиот противкандидат за општина Карпош и објасни дека во Карпош има два фронта, едниот е фронтот на потрошени играчи, непринципиелни коалиции, и луѓе кои сите овие години ги распродаде парковите во Карпош, и фронт-опција која ќе ја врати довербата во граѓаните.„Водам со 1530 мислам гласови пред човекот кој во четири мандата бил градоначалник на општина Карпош, тоа зборува дека луѓето препознаваат во мене човек кој ќе внесе една новина, кој ќе донесе еден нов концепт, нови практики. Во Карпош имаме два фронта, фронт на потрошени играчи, фронт на непринципиелни коалиции, фронт кои не му мислат добро на граѓанинот, кој сите овие години ги распродаде парковите на Карпош, и имаме од другата страна една опција, која е во моментов добитничка, кон која јас верувам дека ќе се приклучат сите граѓани, и ќе направиме една опција која ќе ја врати довербата во граѓаните“, истакна Лукровски.Лукровски објасни дека работата на сегашниот градоначалник не се чувствува во ниеден сегмент, и дека со неговото доаѓање ќе престане бетонизацијата и урбаното дивеење во Карпош.„Господинот Јакимовски, е четири мандата, ова што е во последниве четири години, ние не ја чувствуваме работата на општината, на општинските тела, на комуналните служби, во било кој сегмент да допрете. Сотир нема да им донесе згради во парковите на соседите. Со моето избирање за градоначалник ќе престане целата бетонизација и урбаното дивеење во Карпош. Колку партии, колку функции, колку сојузи има направено за да остане на власт, 30 и повеќе години е човекот на државна функција. Бројките зборуваат, сите граѓани кои му мислат добро на Карпош, ќе ја дадат поддршката за оваа опција“, дециден е Лукровски.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања