Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Кристијан Ландов

vanja-ubijci-osomniceni

Народниот правобранител во затворот во Шутка, проверува дали им се почитуваат правата на осомничените за убиствата на Вања и Панче

Тим на Народниот правобранител влезе во затворот „Скопје“ во Шутка, за да провери дали им се прекршени правата на осомничените лица за киднапирање и убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, како и на лицата осомничени за помагање при извршувањето и бегството на осомничениот Љупчо Палевски-Палчо, дознава „Скопје1“. Тимот кој влегол во затворот, се интересира за состојбата на ќелиите во кои осомничените се сместени, нивната здравствена состојба, како и во каква состојба го издржуваат притворот.„Скопје1“ побара објаснување од Народниот правобранител, Насер Зибери, зошто се решиле на надзор токму кај осомничените за двете убиства. Прашања испративме и до неговиот тим, од каде чекаме нивен став на прашањето – дали е оправдан впечатокот дека надзори вршат само кај притвореници од високопрофилни случаи, како и високопрофилни притвореници. Оттаму најавија и очекуваме одговор. [дополнување - одговори на прашањата]Проверките дали во затворот им се почитуваат правата на Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, како и на осомничените за помагање, Александар Ѓорчевски и Стефан Димковски, доаѓа по само осум дена откако тие завршија во притвор. Тројца од нив, односно, Манев, Кешишев и Видевски признаа вина и што правеле при киднапирањата и убиствата. Обвинителството побара, судот одобри притвор поради опасност од бегство и влијание врз сведоци. Сите моменти од истрагата за убиствата на Вања и Панче, можете да ги проследите тука.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-12-12-at-11.37.01

„Предметот е сензитивен, казните високи“ - обвинителката не дозволила велешанецот гонет за сексуалните игри со дете да излезе од притвор

Обвинителката Милица Гаврилова која го води случајот со велешанецот обвинет за „трговија со дете“, кое било користено на т.н. сексуални забави и било силувано, смета дека нема сменети околности за првоосомничениот 26-годишник, да излезе од притвор. Потенцира дека случајот е сензитивен, а можноста обвинетиот да влијае на сведоци и да избега – постојат. Гаврилова посочува дека токму поради тоа, кога го поднела обвинението, побарала продолжување на притворот – што било направено.„Со оглед дека околностите и по завршување на истражната постапка и поднесување на Обвинителниот акт не беа променети, јавниот обвинител при поднесување на обвинителниот акт поднесе и посебен предлог за продолжување на веќе изречените мерки спрема обвинетите, при што како основи за определување на мерките беа наведени опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесници ќе ја попречат истрагата. Воедно, секоја жалба на одбраната на обвинетите во врска со притворот, како и предлозите на замена на мерката притвор со гаранција од страна на обвинителството не беа прифатени, односно јавниот обвинител имајќи ја предвид сензитивноста на предметот, како и запретените високи казни за извршување на вакво кривично дело даде негативно мислење“, вели обвинителката Гаврилова за „Скопје1“.Првоосомничениот велешанец не е единствениот кој беше во притвор. Осуммина добија иста мерка, а две лица добија мерки на претпазливост.„Наводите што обвинителот тогаш ги даде беа во насока на неговата проценка дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесници ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото“, додава обвинителката Гаврилова за „Скопје1“.Прашана за оправданоста на одлуката Апелација да го ослободи од притвор првоосомничениот, Гаврилова не сакаше да коментира.„Обвинителството како странка во постапка не ги коментира судските одлуки и нивната оправданост“, посочува обвинителката Гаврилова.„Скопје1“ веќе објави дека слободата, 26-годишниот велешанец ја доби со гаранција вредна 70.000 евра. Адвокатката на жртвата алармира дека девојчето се чувствува небезбедно, а оправданост во одлуката на Апелација – не гледа. За да биде пуштен од притвор, Апелација прво донела решение во кое посочува дека велешанецот не може да влијае на сведоци. Сега, со гаранцијата носат и решение дека не може да избега.

Македонија | пред 2 години

trgovija-so-dete

Со пари до слобода: Излезе од притвор велешанецот на кого му се суди за сексуалните забави со уценето дете

На слобода излезе 26-годишниот велешанец кој беше во притвор, а му се суди за „трговија со дете“. Додека Обвинителството докажува дека тој со закана овозможил 15-годишната малолетничка да биде силувана и снимана, Апелација го пушти да излезе од притвор. Гаранција вредна 70.000 евра која велешанецот ја оставил, за Апелација е доволен доказ дека тој нема да избега. Адвокатката на жртвата алармира дека девојчето се чувствува небезбедно, а оправданост во одлуката на Апелација – не гледа. За да биде пуштен од притвор, Апелација прво донела решение во кое посочува дека велешанецот не може да влијае на сведоци. Сега, со гаранцијата носат и решение дека не може да избега.„Во врска со прашањата упатени по однос на предметот појаснуваме дека во конкретниот случај основот на мерката притвор е само поради опасност од бегство по член 165 став 1 точка 1 од ЗКП, а не и поради влијание на сведоци или повторување на делото. Инаку, спрема обвинетиот е определена мерка притвор сметано од 26.01.2023 година. Мерката гаранција е една од мерките за обезбедување присуство на обвинетиот. Во оваа фаза на главна расправа советот оцени дека понудената гаранција е доволна по основ и висина за обезбедување присуство на обвинетиот“, велат од Апелација за „Скопје1“.Ослободувањето донесе дополнителен страв кај малолетното девојче, посочува нејзината адвокатката Наташа Бошкова за „Скопје1“. Таа тврди дека пракса на укинување од притвор за вакво дело – немало. Додава дека не гледа оправдување за одлуката.„Моето претходно искуство во слични вакви случаи каде има обвинение за вакво кривично дело, немало пракса за укинување на притвор за време на постапката. Ако првостепениот суд одлучил дека може да влијае на сведоци, мислам дека сѐ уште тоа е можно, така што, не го гледам оправдувањето како баш сега, во оваа фаза на постапката не може да влијае на сведоци. Го немам видено решението и под кои услови е пуштено лицето, само знам дека е укинато. Сметам дека во оваа фаза на постапката, до која што сме, нема пресврт кој влијае на второстепениот суд да каже дека не може да има влијание врз сведоци, ако претходно, тоа бил основот за одредување мерка притвор“, посочува адвокатката Бошкова за „Скопје1“.Девојчето, кое според Обвинителството било сексуално експлоатирано, а сега ослободениот велешанец ја намамил, па со порнографски материјал ја уценувал – не е сместено во т.н. сигурни куќи. Таа е дома, а адвокатката додава дека пуштањето на првообвинетиот ќе влијае врз нејзината безбедност.„Во однос на жртвата, таа за цело време од случувањата се чувствува небезбедна. Едноставно го чека исходот од постапката. Така што, дополнително пуштање на слобода на лицето, верувам дека дополнително негативно ќе влијае на нејзината безбедност и чувство на сигурност. Таа повеќе не е заштитена, претходно беше. Живее во својот дом, функционира под околностите“, додава таа за „Скопје1“.Предметот е во фаза на судење, а имаше и признанија на вина. Па така друг велешанец (27) за силување на девојчето доби две години затвор. Обвинети се 14 велешани.Во јануари годинава oбвинителството за гонење организиран криминал и корупција го објави случајот. Во соопштението се велеше дека првоосомничениот, дваесет и петгодишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закана над детето – жртва им овозможил на останатите осомничени и на други НН лица да вршат полови дејствија со жртвата на трговија со луѓе – по пат на сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија.„Тој, во декември 2021 година преку апликацијата Инстаграм остварил комуникација со четиринаесетгодишното девојче – жртва на трговија со луѓе и по неколку неделна континуирана комуникација преку апликацијата, откако стекнал доверба кај жртвата, ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал што првоосомничениот го користел како закана за да го присили девојчето да доаѓа и на други средби, заканувајќи се дека доколку не дојде, материјалите со интимна содржина ќе ги објави и ќе ги сподели на социјалните мрежи, со што ќе и наштети на нејзината чест и углед.“, пишуваше во соопштението.Обвинение беше поднесено против 15 лица, двајцата тетовци се спогодија со Обвинителството и добија условни казни. Сега од 13 велешани кои седнаа на обвинителна клупа, еден призна вина и доби две години затвор. Дел од обвинетите се соочуваат со минимум 3 годишни затворски казни, додека дел со минимум осум години затвор.

Македонија | пред 2 години

soobrakajka

(Видео) „Што направи бе, ја уби мајка ми“ - шест повредени во сообраќајка во Кисела Вода

Тешка сообраќајна несреќа се случи на булеварот „Борис Трајковски“, вчеравечер околу 22 часот. Според првичните информации има тешко повредени, дошла и Брза помош. Од снимките се слуша гласно викање, плачење и навреди.„Што направи бе, ја уби мајка ми.. Мајка ми ја уби...Колку возиш, колку возиш п**а ти ма**р. Што направи?“, се слуша од видеото. Од МВР посочуваат дека шест лица се повредени.„На крстосница од бул. „Борис Трајковски“ и ул. „Народни Херои“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки, патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.С.(43) од Скопје и патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки управувано од Т.А.(41) од с. Батинци-скопско. Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и четворица сопатници од двете возила „ауди“ констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.Сведок посочува дека една од причините е несоодветната брзина на некое од возилата.

Скопје | пред 2 години

spasovski-mickoski

Спасовски му посака долг живот на Мицкоски, откако лидерот најави: „Нема да има мир додека сум жив“

Желба за долг живот му испрати министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Ова доаѓа откако Мицкоски најави одговорност по неговото доаѓање на власт, оти смета дека истрагата на МВР за пронаоѓање на Вања Ѓорчевска била задоцнета. Спасовски му одговори.„Додека е он жив или јас? Изјавата беше дека јас нема да имам мир, додека е он жив. Јас му посакувам долг живот“, рече Спасовски.Претходно, Мицкоски побара и оставка од министерот.„Од Спасовски со месеци наназад бараме оставка, му се случија криминалци белосветски да добиваат пасоши, му се случија скандали како на никој министер за внатрешни работи во историјата на Македонија и нему око не му трепна. Напротив, тој со овој полусвет живееше, стимулираше и мислеше дека ако ја напаѓа опозицијата преку овој полусвет и мене лично и моето семејство дека на тој начин ќе обезбеди мир за себе, но нема да обезбеди мир додека сум јас жив. Нема да обезбедат мир сите овие кои се виновни за смртта на малата Вања“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 2 години

Untitled-1-1

Анализите од најдените пиштоли, движењето на „цитроенот“ пред убиството на Вања, шпекулациите за инспекторот - остануваат тајна

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, не одговори на ниту едно прашање поврзано со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој пред медиумите наместо информации, одговараше шаблонски: „Информациите ќе ги добие Обвинителството“.Меѓу прашањата беше и дали се готови анализите на двата пиштоли, како и дали од нив е пукано кон Вања и Панче, на што одговорот беше: „Сите информации ќе бидат доставени до Обвинителството“.Неодговорено остана прашањето на која траекторија се движел „цитроенот“ со кој е киднапирана Вања пред да се случи грозоморниот чин, но и кога и кој го донел возилото во Скопје.„Со поднесувањето на кривичните пријави, овие детали се анализираат од ОЈО. Не би можел да споделувам информации, не треба истрагата да се води во медиумите“, кажа Спасовски.Прашан дали инспектор издавал информации за истрагата како што се тврди во јавноста, тој посочи: „Во овој период се изнаслушавме многу информации, политиканства, сѐ што произлегува од овој аспект. Го потврдувам тој став дека тоа не е добро. За било каква нелегална активност, од било кого, од инспектор или кој и да е, ќе има одговорност. Но не би сакал на ниво на шпекулации да зборам за ова“.Прашан дали неговите изјави кои ги даваше во јавност, а во кои го карактеризираше Љупчо Палевски-Палчо како „монструм“, ќе му помогнат на осомничениот да ја одложува екстрадицијата, Спасовски посочи: „Тоа е потврда на ова што го кажав – сите шпекулации и сѐ што ќе изнесам во јавност може да штети на истрагата“.

Македонија | пред 2 години

palco-traektorija

(Видео) Со дојави, тргнувања и застанувања – рутата на бегството на Палчо почнува со дознавањето дека е најден „цитроенот“

Долг е патот кој го минува Љупчо Палевски-Палчо од Скопје до Баликесир. Почнува во моменти кога тој не е ниту осомничен, завршува со меѓународната потерница и неговото апсење. Преплетен со престои на повеќе места, контактирања, организирања. Тргнувал, се предомислувал, се враќал. Ова го покажува неговата тракеторија на движење до која дојде „Скопје1“. Доколку бил решен од Белград да стигне до Баликесир, без паузи, но со кратки застанувања на местата каде што престојувал, тоа ќе го направел за околу 20 часа. Но, всушност, патувањето му траело три дена. „Скопје1“ дојде до неофицијални информации дека Палчо точно знаел што се случува со истрагата во Македонија по првите апсења на МВР, уште пред тоа да го дознае јавноста. Но, не и пред тоа. Министерот Оливер Спасовски веќе потврди дека имал контакт со лица во Македонија, а „Скопје1“ дознава дека тоа се луѓе кои биле членови на неговата партија „Десна“.„Скопје1“ преку извори во институциите дојде до траекторијата на движење на Палевски-Палчо, но и преку користење на податоците објавени од МВР и Обвинителството.Министерството за внатрешни работи, на 27 ноември, денот кога исчезна Вања Ѓорчевска, го наоѓа опожарен автомобилот на Панче Жежовски, но не и исчезнатиот велешанец. Јавноста за изгорениот „цитроен“ со кој според истрагата Вања била киднапирана, дознава на 29 ноември. Веста осамнува во медиумите. Во моментите кога Палчо го започнува бегството, нема статус на осомничен, факт што го потврди и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.На 30 ноември (четврток), за време на самитот на ОБСЕ, Палевски-Палчо ја напушта Македонија. Го контактира неговиот адвокат за да го однесе до Белград. Му кажал дека тоа е поради лекарски прегледи. Но, уште тогаш планирал дека следната можна дестинација е Турција, па истото, според адвокатот кој даваше изјава за медиумите, му го најавил нему. Адвокатот се враќа, Палчо останува во хотел. Преноќува во Белград.Следниот ден (01 декември, петок), додека во Македонија се уште трае потрагата по Вања Ѓорчевска организира нова логистика за транспорт, па го повикува осомничениот Стефан Димковски, кој е во притвор под сомнение дека му помогнал на Палевски во бегството. Димковски заминува за Белград и го зема Палевски. Прво одат кон Ниш, па од таму за Бугарија. Поминуваат покрај Софија, па Пловдив и Хасково и стигнуваат до границата „Капи куле“.„Го носев во болница“, кажа Димковски за „Скопје1“, кратко при спровод во Кривичен суд каде му се одреди притвор.Во саботата (02 декември), ден пред Обвинителството и МВР да соопштат дека Вања била пронајдена убиена, Палевски е во Турција. И во оваа земја имал логистика, разговарал и организирал.Македонија, како и целиот Балкан, беше во шок кога како бомба во неделата (03 декември) оддекна веста дека Вања е најдена мртва, но и дека првоосомничен е Љупчо Палевски-Палчо. Заедничкото соопштение на МВР и Обвинителството беше објавено вечерта, но извори на „Скопје1“ тврдат дека Палевски уште во текот на денот знаел дека тој е осомничениот бидејќи уапсени се неговите сопартијци, за што, тој има изворни информации.Во понеделникот (04 декември) се одржува прес-конференцијата на Спасовски и Бубевски, на која се споделува и информацијата дека Палевски не само што е осомничен, туку полицијата открила дека тој е планерот и реализаторот на двете убиства. Тој пак, според оперативните информации на МВР преку нивни извор, оваа вест ја дочекува во Баликесир, Турција. За цело време се знае неговата траекторија на движење. Истиот ден, вечерта, се распишува и меѓународна потерница по него.Последниот ден на слобода за Палевски е 05 декември (вторник). Кривичната пријава, на повеќе од 100 страни стасува од МВР до Обвинителството. Палевски е следен, се открива дека се движел сам по автопат, за што, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, посочи дека е обид за симулација дека го напушта Баликесир.За оваа намера, според МВР, најмил такси возач и тргнал, симулирајќи дека оди за Истанбул. Но, тоа според истрагата, не била намерата – туку да се осигура дека не е следен и дека нема да биде фатен. Истиот ден подоцна, забележан е како се движи пеш на автопат. Тука е и уапсен.Палевски е во екстрадиционен притвор. Македонија експресно ги подготви документите за да се побара негова екстрадиција. Министерството за правда за еден ден преведе над 100 страници документи, меѓу кои е и кривичната пријава од МВР со сите докази доставени до Обвинителството. Се очекува предметот да биде преземен од турските власти веќе утре и да се постапува по него. 

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

(Видео) Четириесетина камери по трасите низ кои е носена убиената Вања – колку од нив искористи МВР?

Истражните органи ги открија почетната и крајната точка од каде Вања е киднапирана, однесена и убиена. „Скопје1“ возеше низ тие траси, за да се види – колку точно камери можеле да го снимат движењето на возилото „рено канго“, но и на „цитроенот“ во кој според истрагата, била ставена Вања.Преку Дебар Маало, на „Илинденска“, па Качанички пат (Јадранска магистрала), па улица „1“ во Визбегово, Оризари, до Глуво. Над 40 камери – дел се од „Безбеден град“, останатите од приватни објекти. Останува отворено прашањето - дали биле прегледани во понеделникот кога исчезна или денови подоцна.Камерите се речиси на секој чекор во првите километри. Ги има и по споредните улици низ кои поминувале киднаперите и убијците, заедно со Вања.Повеќе во видео-сторијата.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-12-08-at-18.19.58

(Видео) Маж тепа луѓе по улици во Скопје по случаен избор, сведоштва кружат дека тоа го прави постојано

Непознато лице напаѓа граѓани кои случајно ќе ги затекне во Ченто. Вознемирувачка снимка, беше споделена и со редакцијата на „Скопје1“. Од неа се гледа како непознатото лице удира повозрасен човек, па потоа го турка. Објавено е и сведоштво, во кое се тврди дека мета на истото лице биле и други граѓани.„На 7.12 2023г. во 14:30ч.бевме нападнати јас и мојата колешка пред аптеката Зегин, на пазарчето во Ченто. Откако лицето неразбирливо се обраќаше кон нас (очигледно психолошки нестабилно) влеговме во автомобилот и тогаш почна со боксови да мава во стаклото со цел да го скрши и да ме удри. Среќа што се заклучивме од внатре па не успеа да отвори врата. Во меѓувреме од пазарот сите само посматраа без некој да помогне иако истиот тој човек бил познат за нив и цел ден ги малтретирал. Му реков дека ќе викнам полиција и извадив телефон и тогаш тој избега. Истиот тој денес (07.12) на автобуската станица кај паркчето М.А.Ченто одеднаш физички нападна човек што чекаше автобус. Се обидов да го следам за да знам кого и каде да пријавам во полиција но не видов дали се качи во 55-ка или 65в бидејќи се изгуби во гужвата.Внимавајте не бира кого напаѓа“, стои во сведоштвото.Со сведоштво се јавија и други граѓани кои биле негова мета.„Утре ќе биде пријавен и од моја страна и мене ме нападна, никој не заслужува да има трауми и да се плаши за неговата безбедност додека си ги извршува секојдневните обврски. За ваквите пациенти има соодветни институции кои овозможуваат лек и престој!“, стои во коментарите.Неофицијално, напаѓачот живее во Стајковци, а се вика Љупчо. И досега бил пријавуван, но и натаму е на слобода и никој не води сметка за неговите постапки.

Скопје | пред 2 години

vanja-ubijci-osomniceni

Довикувања, навреди, тропање по решетки: Затворениците во Шутка гневни на осомничените за убиството на Вања

Четворицата осомничени за киднапирањето на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски кои добија притвор и се во затворот „Скопје“ во Шутка, се соочуваат со револтот на останатите притвореници, дознава „Скопје1“. Секое нивно изнесување и внесување во затворот се гледа преку прозорците, а приворениците им довикувааат, тропаат по решетките, ги пцујат. Потврда за ова побаравме од директорот на затворот Филип Андов, кој ниту потврди, ниту негираше. Тој посочува само дека безбедносната состојба се контролира. Посочи и дека до четворицата осомничени пристапот е ограничен.„Тие се издвоени од останатите притвореници и затвореници. Пристап до нивните простории немаат ниту сите затворски полицајци. Се влегува со посебни картици, кои ги имаат определени стражари. Се контролираат постојано, со оглед на степенот на кривично дело, а согласно протоколите и законите“, вели Андов за „Скопје1“.Притворениците и затворениците од Шутка се згрозени од двојното убиство. Тројца од четворицата осомничени кои се во истиот затвор, признаа вина. Тие пред обвинител и полицијата признаа кои се нивните улоги. Го посочиле и Љупчо Палевски-Палчо како организатор и реализатор на грозоморниот чин. За ова известија и истражните органи.Единствен меѓу нив, кој не признал вина, ниту поврзаност со било кој од останатите осомничени вклучувајќи го и Палевски-Палчо е таткото Александар Ѓорчевски. Тој тврди дека со никого не се познава, ниту кажал траекторија на движење на убиената Вања.

Македонија | пред 2 години

stefan-dimkovski

(Видео) Возачот на Палчо до Турција нема да излезе од затворот во Шутка - притворот ќе му трае 30 дена

Продолжен му е притворот на Стефан Димковски, осомничен за помагање на Љупчо Палевски-Палчо, кој го транспортирал од Белград преку Бугарија до Турција, а по убиството на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, дознава „Скопје1“ од судски извори.Судијата од Кривичниот суд смета дека тој може да биде недостапен во текот на истрагата, но и да влијае врз сведоци и лица кои имаат информации. Затоа, Димковски ќе остане во затворот „Скопје“ во Шутка.Неколку часа даваше исказ пред судијата. Се противел на мерката, како тој, така и неговиот адвокат. Обвинителката останала на предлогот. Судијата пресекол – сомненијата се основани.Димковски пред да влезе во судот, на прашање од „Скопје1“ кажа дека не се чувствува виновен во овој случај. На прашањето дали пак би го возел Палчо како што направил претхдоно, тој додаде: „Јас го возев на болница“.Димковски го возеше Палчо на релација Белград-Бугарија-Турција, па се врати во Македонија. Беше уапсен на граница.Детали за ова – тука.

Македонија | пред 2 години

IMG_9013.00_00_15_13.Still002

(Видео) Возачот на Палчо не чувствува вина: Јас го возев на болница

Стефан Димковски, кој го превезуваше Љупчо Палевски-Палчо и заврши во притвор, не чувствува вина во случајот со убивањето на Вања Ѓорчевска, одговори тој на прашање од „Скопје1“. Тој беше спроведен од затворот „Скопје“ во Шутка до Кривичниот суд.„Јас го возев на болница“, изјави Димовски кој негира било какво помагање на осомничениот Палчо кој според истрагата го организирал и реализирал убиството.Димковски го возеше Палчо на релација Белград-Бугарија-Турција, па се врати во Македонија. Беше уапсен на граница.Детали за ова – тука.

Македонија | пред 2 години

manev124141

„Местенка е, навредите не можам да ги издржам“ - сопругата го брани Велибор Манев, кој призна што правел при убиството на Вања

Додека осомничениот Велибор Манев признаваше што правел при киднапирањето и убивањето на Вања Ѓорчевска, а Љупчо Палевски-Палчо го посочи како организатор и реализатор на убиството – неговата сопруга (чиј идентитет е познат на редакцијата) го бранеше на социјалните мрежи. Во неделата, кога се дозна идентитетот на осомничените, дојде и до лавина коментари. Навреди, поради осомничените, трпеа и семејствата. Тие се бранеле. Меѓу нив и сопругата на велешанецот Манев.„Местенка е. А навредите не можам да ги издржам. Ви благодарам“, напишала сопругата на Манев до скопјанец кој претходно ѝ пишал, па одговорот го објави јавно.По ова, таа го избриша профилот. Неофицијално, пораката ја пратила во понеделникот утрото. Односно, ден откако Манев пред полицијата и обвинителката призна што сторил, а го раскажа и целиот план кој го имале.Манев вчера помина половина ден во Обвинителството. Во неговиот исказ ги посочил и останатите лица – кои, што, како правел пред и по киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска. Неговата сопруга не е единствената која го брани, наспроти неговото признание. Дека, не е „ни крив ни должен“, пишуваа и во групата „Правда за Палчо, правда за Вања, правда за Панче, правда за Македонија“.„Наместо денешниот ден да си го прославиш со фамилијата, ти ни крив ни должен заврши во притвор. Среќен роденден Велибор, правдата може е забавена но не е заборавена“, напишал профил со име Ѓоре Ајтов.Кој е Велибор Манев - можете да прочитате тука.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-12-07-at-11.39.36-copy

Насилството не било ништо непознато за Љупчо Палески-Палчо - судска одлука сведочи дека се пресметувал и по дома со боксови

Насилството не било ништо непознато за Љупчо Палески-Палчо, кој сега е осомничен за организација и реализација на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Ова го покажува неговото кривично досие. Решението од скопска Апелација покажува дека судот констатирал дека тој извршил семејно насилство пред седум години. „Скопје1“ побара, но не дојде до пресуда со која Палчо бил осуден на било каква казна, туку добил само времени мерки забрана за закана кон лицето кое го трпело насилството.„Воедно, со изрекување на привремените мерки ќе дојде и до елиминирање на причините за вршење на натамошно семејно насилство над предлагачката и ќе допринесе да живеат во похармонични односи“, посочува Апелација во решението по кое одлучувале бидејќи била поднесена жалба од Палчо и уште едно лице кое било тужено во Граѓански суд.Палчо, според сведочењето во пресудата, подолго време го малтретирал членот на неговото семејство. Сведокот посочува и дека лично видел кога Палчо мавал боксови, плукал, навредувал. Во тој момент дошла и полиција, а членот на семејството бил однесен во болница со видливи хематоми.Ова е единствена судска одлука против Палчо за насилство, но не и кога станува збор за пари. Тој должел, но и му должеле. Тужел, но и го тужеле. Има пресуди каде тој треба да врати илјадници евра, но и кога треба да му вратат илјадници евра. Предмет на спор биле и исплата на станови во Центар.Палчо се наоѓа во екстрадиционен притвор во Турција. Македонија ќе бара негова екстрадиција. Во тек останува истрагата за двете убиства. Дел од осомничените признаа вина во МВР и Обвинителство.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-12-07-at-11.33.21

Се предлага разрешување на обвинителот познат по предметот за големиот пожар во Македонска пошта

Се предлага разрешување на обвинителот Мартин Митревски, кој меѓудругото, го водеше предметот за големиот пожар во Македонска пошта и обвинителот Расим Дреца, дознава „Скопје1“. Дисциплинската комисија утврдила дека тој сторил тешка дисциплинска повреда. Известителот кој собирал докази, направил извештај кој покажал дека Митревски ги заташкувал предметите.„Врз основа на изведените докази, Комисијата утврди дека јавниот обвинител без оправдани причини не постапувал по предмети во пропишаните законски рокови, со што значително била одолговлечена постапката во предметите. Со оглед на тоа и другите околности, одлучено е до Советот на јавните обвинители да биде поднесен предлог за разрешување на јавниот обвинител“, велат од Обвинителство.За кариерата на Митревски, ќе одлучува Советот на обвинители.

Македонија | пред 2 години

protest-palco

Ќе прават и радикални протести за Палчо во сабота - групата ги најави, но МВР вели „немаме контрола на креирањето фан-страни“

Групата „Правда за Палчо, правда за Вања, правда за Панче, правда за Македонија“, освен поддршка, почна и со организација на како што се наведува: „масовен радикален протест“. Има и нови поддржувачи. Од МВР за „Скопје1“ велат дека немаат контрола врз вакви групи на социјални мрежи се додека не сторат кривично дело. Истовремено, најголем број од членовите кои објавуваат содржини се профили со прекари, а не точен идентитет. Во неа се шират заговори во стилот дека Палчо е невин, истрагата лажирана, државата го мести. Највеќе внимание привлече објавата за протестот, најавен за пред амбасадата на САД.„На ден сабота (09.12.2023) ве повикувам на масовен радикален протест да покажеме на ку**о-мурто системот во северната вуко**бина дека народот македонски не потпаѓа на веќе видени и прочитани удбашки финти и сите заедно да бараме ослободување на притворените. Место на собир ќе биде америчка амбасада, а ќе се блокираат различни улици до Министерство за внатрешни, зависи од тоа колкава група сме. Почеток во 16 часот. Секако протестот нема да биде уредно пријавен и нема да има северџанска милиција присутна затоа ве молам да се држите меѓу себе како прави Македонци“, стои во најавата.„Скопје1“ побара став од МВР, дали по изјавата на Оливер Спасовски дека има обиди за дестабилизација на Македонија, ќе се провери кој ги шири заговорите низ групата, зошто е формирана, а сега организира и протест.„Во врска со Вашето барање, Ве информираме дека Министерството за внатрешни работи нема контрола на процесот на креирање на групи, профили и Фан страни на социјалните мрежи. Доколку тие групи, профили и Фан страни се користат за преку нив да се вршат кривични дела од Кривичниот закон на РСМ (говор на омраза, закани по живот, загрозување на сигурност и сл.), во координација со ОЈО се постапува соодветно, со цел добивање на информации за креаторот на истите“, велат од МВР за „Скопје1“.Групата беше формирана завчера, а од вчера до денес има 225 членови. Креатор е „Тони Десна“, а насловната фотографија е со Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен како организатор и реализатор на убиството. Најголем дел од објавите му се посветени токму него.

Македонија | пред 2 години

ubistvo-vanja-obvinitelstvo-manev-veliborjpg

Прв изјави дека не го извршил убиството на Вања, а сега со саати „пее“ во Обвинителството - се сослушуваат лица кои имаат информации

Осомничениот Велибор Манев, со саати дава исказ во скопското Обвинителство, а освен него, уште едно лице опфатено со истрагата се сослушува, дознава „Скопје1“. Извори од институцијата посочуваат дека велешанецот Манев, во детали раскажувал како се случиле грозомнорните чинови - убивањето на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Кое е второто лице кое се сослушува, засега е непознато. „Скопје1“ побара потврда од Обвинителството, а оттаму ни посочија дека постојано се преземаат дејствија и кога ќе има конкретни информации ќе се соопштат со јавноста.„Се сослушуваат сите лица кои можеби имаат некаква информација“, велат кратко од Обвинителството за „Скопје1“.Засега, познато е и дека вчера, Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, бил однесен во Обвинителство на распит и ги негирал сите тврдења дека е вмешан во киднапирањето и убиството. За останатите, освен лицето кое го транспортирал осомничениот за организирање и реализирање на убиствата, признале вина во полициска станица и Обвинителство.Министерот Оливер Спасовски укажа дека кривичната пријава е составена на околу 100 страници. Во неа се содржани сите детали – искази, сведоштва, наоди од вештачења, снимките од безбедносните камери, листинзи од телефоните на сите осомничени. Се вештачат и други уреди кои се одземени.

Македонија | пред 2 години

download

Не е исклучено адвокатот на Палчо кој го изнел од Македонија да биде следниот осомничен - останува во полициска станица до утре

Следните 24 часа, адвокатот Васко Стојков, кој со автомобил го изнел Љупчо Палевски-Палчо од Македонија, ќе остане во полициска станица, дознава „Скопје1“. Викнат е на распит и дава исказ. Утре, пак, ќе се одлучува дали тој ќе добие статус на осомничено лице оти го пренел Палчо надвор од државата, а по убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. И тој, како и другото лице од Струмица, учествувале во транспортот на Палчо. Анализиран е неговиот првичен исказ, но и други докази – а сега дава повеќе информации пред полициските инспектори. Засега е познато дека Стојков исконтактирал со Палчо и откако го оставил во Белград и се вратил во Скопје.Ќе остане на Обвинителството да одлучи дали и за Стојков, ќе бара мерка за обезбедување на присуство – што значи притвор, куќен притвор, одземање на пасош или повремено јавување на суд. Овие мерки се определуваат со цел, лице осомничено во некој случај, да не се даде во бегство или да влијае на сведоци.Лицето од Струмица, кое по Стојков го презело Палчо и го однело во Бугарија, па Турција – заврши зад решетки. Тој е во 48-часовен ефективен притвор кој го издржува во затворот „Скопје“ во Шутка.Претходно, Стојков се објаснуваше зошто се решил да го однесе Палчо во странство и ги правдаше своите чекори. Според неговиот исказ во медиумите, Палчо му кажал да го однесе во соседството на здравствени прегледи. Го оставил, па се вратил во Скопје. Кога дознал дека е осомничен, според тврдењата на адвокатот, му пишал порака да се врати во Македонија и да даде исказ пред истражните органи.Засега е познат и фактот дека Стојков е правен застапник на Палчо во одредени случаи. „Скопје1“ пред неколку денови, кога се дозна дека го возел Палчо до Србија, се обиде да исконтактира со него - но тој ги одбиваше повиците.

Македонија | пред 2 години

palco-grupa

Се шират заговори, се бара правда за Палчо, но не и за другите од „Десна“: формирана група каде осомничениот е патриот, а не убиец

Заговори се шират на социјалните мрежи во врска со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Се формираат групи на социјалните мрежи, преку кои се бара и правда за првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо, кој според институциите е организатор и реализатор на двете убиства. Една од нив е именувана како „Правда за Палчо, правда за Вања, правда за Панче, правда за Македонија“ [линк]. До моментот на објавување на веста, има 53 членови и еден администратор со пекар „Тони Десна“.[caption id="attachment_266178" align="alignnone" width="1380"] Принтскрин од групата во делот „членови и администратори“[/caption]Токму „Десна“ е името на партијата основана од Палчо, а тој е и нејзин претседател. Групата пак, е формирана вчера утрото. Има неколку објави. Воглавно, од креаторот на групата, кој Палчо го опишува како „вистински македонски патриот“.[caption id="attachment_266183" align="alignnone" width="1244"] Групата е отворена во текот на вчерашниот ден (05.12.2023)[/caption]„Сите што лично го познаваме Палчо знаеме дека е невино обвинет за грозоморното и монструозното убиство на Вања. Знаеме дека, заедно со дел од неговите најблиски соработници им е монтиран случај во кој што ѕверски жртвуваа и детски живот. Дете лишија од младост, од радост што му носи животот, од потомство, од среќа да биде дел од своите најблиски, другари и пријатели... Создадоа непријателско и насилно јавно мислење, креираа потенцијални монструми кои што се подготвени невино обвинетиот Палчо да го растргнат токму како што тоа би го направиле најкрволочните волци. Потенцијалните монструми истото ќе го сторат и со сите познаници и сопартијци на Палчо. Драги Македонци, драги сограѓани, драги пријатели и непријатели, ве молам, оладете ги главите, само така ќе можеме да се избориме за вистината, да ги пронајдеме вистинските монструми кои што ги убија Панчо и Вања. Само така ќе можеме да откриеме кои се идеолозите, организаторите и извршителите на овие грозоморно, ѕверски и политички убиства. Животите на Панчо и Вања се многу скапи и злосторство е за нив да одговараат невини Македонци“, стои во објавата од профилот „Тони Десна“, креатор и администратор на групата.[caption id="attachment_266179" align="alignnone" width="1072"] Објавата од профилот „Тони Десна“[/caption]На профилот „Тони Десна“, нема никакви објави, но има 349 пријатели. Меѓу нив, не е профилот на Љупчо Палевски-Палчо. Во групата, освен што се бара правда за Палчо, не се споменува име на ниту еден друг од обвинетите, иако, сите дејствувале во рамки на партијата „Десна“.Љупчо Палевски-Палчо е првоосомничен за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, извршени во различно време и различно место. Истрагата, според институциите, покажала дека тој е и реализатор. Освен него, во грабнувањето на Вања и Панче, дејствувале и Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев. Осомничен дека имал своја улога во грабувањето на Вања, има и таткото Александар Ѓорчевски. Сите се во притвор од 30-дена.Институциите соопштија дека се собрани докази за овие тврдења, а тројца од петмината признаа вина и инволивраност, раскажаа во МВР и Обвинителство што точно сториле и по чии наредби. Министерот Оливер Спасовски кажа дека кривичната пријава од полицијата е на повеќе од 100 страни.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

(Видео) Ишишани и во комбилзиони - како ги испрати затворот „Скопје“ осомничените за убиството на Вања во суд

Четворицата осомничени за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска беа спроведени во суд. Велибор Манев, кој имаше репче сега е ишишан, а истата судбина ја доживеале и таткото Александар Ѓорчевски, Боре Видевски, Влатко Кешишев.Тие беа облечени во комбилизони, а влегоа во судот без да изустат збор. Спроводот беше според сите протоколи – придружуван од специјалци.За осомничените се бара продолжување на притворот за 30-дена.

Македонија | пред 2 години

transporter-palco

Го возел, но не знаел дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче - транспортерот на Палчо негирал вмешаност

Го возел Љупчо Палевски-Палчо на релација Белград-Бугарија-Турција, но негирал дека во тие моменти знаел дека во неговиот автомобил има лице кое е осомничено за двојно убиство, дознава „Скопје1“. Ова во кратки црти е исказот на лицето С.Д. кое е од Струмица. „Скопје1“ дознава дека тој пред полицијата тврдел дека за вмешаноста на Палчо во убиствата дознал на 3. декември – датумот кога Обвинителството (вечерта) соопшти дека Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се убиени, а во јавноста експресно се рашири информацијата дека организатор и реализатор е Палчо.Транспортерот на Палчо, на социјалните мрежи споделил и фотографија од Турција која е објавена на 3 декември, но утрото. Ова укажува дека и Палчо бил во Турција кога јавноста и институциите почнаа да бараат одговорност. МВР за цело време го има неговиот траг. Транспортерот посочил дека бил искористен од Палчо.[caption id="attachment_266155" align="alignnone" width="1282"] Фотографија објавена од транспортерот на Палчо направена во Турција[/caption]Упасениот транспортер на Палчо, се противел и да му се одреди мерка притвор. Реагирал и кога бил запрен на граница, а возилото му било запечатено, додека тој со полициска придружба бил однесен во станица, па донесен во Скопје, дознава „Скопје1“. Пред полицијата раскажал сѐ – го опишал секој момент поминат со Палчо – лице кое институциите го посочија како креатор, организатор и реализатор на убиствата на Панче и Вања, велат нашите извори од истрагата.На социјалните мрежи кружи и фотографија од транспортерот и Палчо, но „Скопје1“ не успеа да утврди дали истата е направена и споделена во периодот додека осомничениот за организација и реализација на убиствата е во бегство.[caption id="attachment_266158" align="alignnone" width="1290"] Транспортерот и Палчо[/caption]Транспортерот на Палчо, возел бел џип „Ланд ровер“. Тој го возел осомничениот преку граничните премини во Р.Бугарија и тоа со влез во Р.Бугарија на ГП Калотина и излез од Р.Бугарија на ГП Капитан Андреево (кон Р.Турција). Нему му е изречен притвор од 48 часа.Засега е познато и дека Палчо од Македонија до Белград отишол со неговиот адвокат, кој во медиумите сподели дека откако дознал дека е осомничен за двете убиства, му пишал порака да се врати и да даде исказ. 

Македонија | пред 2 години

vanja-ubijci-osomniceni

Четворицата осомничени за киднапирањето и убиството на Вања остануваат зад решетки

Определен е 30-дневен притвор за сите пет лица осомничени за киднапирањето и убивањето на Вања Ѓорчевска. Судија на претходна постапка смета дека основани се тврдењата на јавниот обвинител дека тие можат да избегаат или да влијаат на постапката.Велибор Манев, таткото Александар Ѓорчевски, Боре Видевски, Влатко Кешишев остануваат во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка. Откако ќе биде екстрадиран, и Љупчо Палевски-Палчо оди зад решетки.Случајот е во фаза на истрага.

Македонија | пред 2 години

loga

Експресно ќе тече постапката за екстрадиција на Палчо; Министерот Лога: Со почетокот на работното време почнува постапката

Нема да се одолговлекува, туку ќе се забрза постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Министерот за правда, Кренар Лога за „Скопје1“ посочува дека веќе изутрина, службите ќе работат на овој случај.„Од почетокот на работното време, ќе ја започнеме соодветната постапка. Уште вечерва контактиравме со вработените во одделението“, посочува Лога за „Скопје1“.Постапката тече така што Министерството за внатрешни работи известува дека лицето е лоцирано, се комплетира документација, се преведуваат на јазикот каде е избегано лицето (турски), па се доставуваат. Документацијата ја доставува министерот.Потребни се и следниве документи: (1) Барањето за екстрадиција ги содржи податоците од членот 16 на овој закон, а кон барањето се приложуваат: 1) податоци за утврдување на идентитетот на лицето чијашто екстрадиција се бара (опис, фотографија, отпечатоци од прсти и слично); 2) уверение или други податоци за државјанство; 3) обвинение, пресуда или одлука за притвор или на некој друг акт со исто правно дејствие, во оригинал или заверен препис во кој треба да биде назначено името и презимето на лицето чијашто екстрадиција се бара; 4) опис на делото, законскиот назив на кривичното дело и докази за основано сомневање и 5) препис од одредбите на Кривичниот законик на Република Македонија кој треба да се примени или е применет спрема лицето чијашто екстрадиција се бара, а ако делото е сторено на територијата на трета држава, тогаш е потребен и препис од одредби на Кривичниот законик на таа држава. (2) Барањето за екстрадиција Министерството го доставува до надлежниот домашен правосуден орган, со превод на македонски јазик и неговото кирилско писмо.Инаку, Палчо е уапсен денеска во Турција.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

(Видео) Спасовски потврди дека Палчо е уапсен, но и дека бил креатор, организатор и извршител на убството на Вања

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски потврди дека осомничениот за убиство на Вања Ѓорчевска, лицето Љупчо Паловски-Палчо е фатен во Турција. Спасовски го опиша како креатор, организатор и извршител. Тој додаде дека Палчо бил на „црвена листа“, а информациите се добиени преку оперативни сознанија.„Тој беше последната алка од овој грозоморен чин, која недостасуваше за да кажеме дека сме заврише се како Министерство за внатрешни работи, кажа Спасовски.Тој посочи дека и кривичната пријава е доставена.„Кривичната пријава е изготвена на повеќе од сто страници, вклучувајќи ги доказите, предадена е во ОЈО. Опфатени се пет лица, од кои еден за грабнување и убиство, тројца за грабнување и соизвршителство и убстово и еден за помагање при грабнување, согласно доказите кои полицијата ги прибра. Предметот е во целосна надлежност на ОЈО“, посочи Спасовски.Екстадициониот притвор продолжува преку Министерството за правда.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-12-05-at-22.44.18

Најдени два пиштоли при претресите за убиството на Вања

Два пиштоли се најдени на територија на Скопје, во рамки на предистрага за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.„Пронајдовме еден пиштол денеска, односно два“, кажа Спасовски, па прашан дали е информиран кој имал контакт со оружјето, кажа дека се испитува.На прашање дали станува збор за секта, тој кажа дека се истражува и тоа.„Дека станува збор за луѓе кои не можат да се наречат луѓе, тоа е факт. Се утврдува се останато“, додаде Спасовски.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања