Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Кристијан Ландов

media-library9rplptrj4qqvcnucTHI

Ирански функционер: Постои заговор Иран да биде обвинет за напад како 9/11

Секретарот на Врховен совет за национална безбедност на Иран, Али Лариџани, изјави дека постојат информации оти преостанатите членови на „групата на Џефри Епстин“ наводно подготвуваат заговор за создавање инцидент сличен на Нападите од 11 септември 2001, за кој потоа би бил обвинет Иран.„Слушнав дека преостанатите членови на групата на Епстин осмислиле заговор да создадат инцидент сличен на 11 септември и вината да ја префрлат врз Иран“, изјави Лариџани.Тој додаде дека Иран принципиелно се спротивставува на вакви терористички сценарија и нагласи дека Техеран „нема војна со американскиот народ“.Овие изјави доаѓаат во момент кога, во контекст на војната против Иран, во јавноста се објавуваат големи количини документи од американската влада поврзани со контактите на покојниот финансиски посредник Џефри Епстин со влијателни личности од политичките, бизнис и општествените кругови во Соединетите Американски Држави.Американскиот претседател Доналд Трамп, кој во минатото го нарече Епстин „одвратен тип“, во јавноста бил фотографиран повеќе пати со него. Епстин беше обвинет дека со години злоупотребувал десетици млади жени и девојки.Според аналитичари, Техеран се обидува да ги истакне врските на Епстин со дел од американската политичка и бизнис елита, со цел да ги прикаже своите противници во Вашингтон како морално компромитирани.

Свет | пред 1 ден

media-librarypu0nbtm84vftfDQiVMt

Фрчкоски: Постои бизнис мрежа на Мицкоски во енергетиката

Членот на Извршниот одбор на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Јон Фрчкоски, денеска презентираше, како што рече, бизнис мрежа во енергетиката поврзана со премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи дека станува збор за „октопод“ од политички и деловни врски.Според Фрчкоски, мрежата започнува од името на Душан Адамовиќ, кого Мицкоски го назначил за почесен конзул во Србија. Тој тврди дека преку Адамовиќ, кој е поврзан со Српска напредна странка, се доаѓа до офшор компанија на Кипар од која, како што рече, започнува „одмотувањето“ на мрежата.Како дел од таа структура, според СДСМ, се споменува кипарската компанија „Алтариа рисрч лимитед“, која, како што тврдат, води до енергетскиот холдинг Руднап груп, сопственост на српскиот бизнисмен Војин Лазаревиќ.Фрчкоски наведе дека врската со владата, според нивните тврдења, оди и преку министерката за енергетика Сања Божиновска, која претходно била извршен директор во „Руднап груп“ и управител во „Руднап ДООЕЛ Скопје“.Во обвинувањата се споменува и назначувањето на Ефимија Димовска во Развојна банка на Северна Македонија, како и поставувањето на Иван Куковски за директор на РЕК Битола, кој според СДСМ е близок до семејството на Мицкоски.Од партијата тврдат дека РЕК Битола е клучна алка во оваа мрежа, бидејќи намаленото домашно производство на електрична енергија доведува до увоз на поскапа струја од странство.Фрчкоски најави дека антикорупцискиот тим на СДСМ ќе продолжи со објавување нови информации за, како што рече, врските на оваа мрежа во Србија, Чешка и Австрија. Од партијата порачуваат дека, според нив, токму во овие деловни и политички релации треба да се бараат причините за високите сметки за струја.

Македонија | пред 1 ден

media-library9jo4a0fgdo29bbik8lQ

Еден час по полноќ имало пријава за семејно насилство во кичевско село

На 15 март 2026 година во 01:47 часот во ОВР Кичево било пријавено дека З.Р. од едно кичевско село физички ја нападнал неговата сопруга.По целосно расветлување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 ден

media-library0macachlreevcFQIboH

Игнорирале забрана за возење – завршија во полициска станица

Во две одвоени сообраќајни контроли на 14 март 2026 година во Кичево, полицијата лишила од слобода двајца возачи кои управувале автомобили иако претходно им била изречена забрана за управување со моторно возило.Во 14:45 часот на булеварот „Ослободување“ бил приведен Н.К. (47) од Кичево, кој управувал патничко возило „пежо“ и покрај тоа што против него била изречена забрана за управување со возило од „Б“ категорија.Само петнаесет минути подоцна, на истиот булевар, бил приведен и Н.Ц. (31) од Кичево, кој управувал автомобил „БМВ“ и покрај изречената забрана.По налог на јавен обвинител, во двата случаи возилата биле одземени, а по документирање на настаните ќе следуваат соодветни пријави.

Македонија | пред 1 ден

pozarna-

Провалник влегол во куќа во Струга и запалил мебел

На 14 март 2026 година во 15:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека непознат сторител со обивање на приземен прозорец насилно влегол во куќа во населбата „Езерски лозја“.Според пријавата, сторителот опожарил дел од мебелот и покуќнината. Повредени лица нема, а на местото интервенирала Територијалната противпожарна единица.Полицијата презема мерки за целосно расветлување на случајот.

Македонија | пред 1 ден

media-library3gmdcpi8djn1evtcTgd

Малолетник претепан од врсници во Охрид

На 14 март 2026 година во 10:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Партизанска“ во Охрид повеќе малолетни лица физички нападнале друг малолетник.Повредениот бил пренесен со возило на Итната медицинска помош во Општата болница во Охрид.Во врска со настанот, во СВР Охрид биле повикани неколку малолетници од градот, со кои во присуство на нивните родители биле извршени службени разговори. По целосно расветлување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Охрид | пред 1 ден

ohrid-turisticka-1

Контроли на полицијата во Охрид: малолетници во кафеана по 24 часот

На 15 март 2026 година во 00:25 часот, при контроли во угостителски објекти во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид во објект на кеј „Македонија“ затекнале малолетни лица.Согласно член 21 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, против правниот субјект и одговорното лице ќе биде поднесена пријава поради овозможување присуство на малолетници во угостителски објект по полноќ.

Охрид | пред 1 ден

galicica-pozar-3

Поради зачестени пожари, полицијата во Охрид ја засилува превенцијата

Поради зачестени пријави за пожари на отворен простор, СВР Охрид најави интензивирање на превентивните активности и контактите со граѓаните и институциите, со цел подигнување на јавната свест за заштита на шумите и спречување пожари.На 14 март 2026 година полициски службеници оствариле средби со претставници на месната заедница во селото Издеглавје, како и со жители на општината Дебрца. Преку кратки разговори тие биле информирани за општите и посебните превентивни мерки за заштита од пожари, за правилата при движење низ шумски појаси, како и за казнените одредби поврзани со предизвикување пожари.Полицијата особено ја нагласила потребата од итно пријавување на евентуални пожари, со цел надлежните служби навремено да реагираат и да ги локализираат и изгаснат.

Охрид | пред 1 ден

media-libraryrc01d8mtb6rs8s030NI

Иран се закани: Американските банки во регионот може да станат цели

Иранската војска предупреди дека подружниците на американски банки во регионот би можеле да станат легитимни цели доколку продолжат нападите врз иранската нафтена и енергетска инфраструктура.Како што пренесуваат иранските медиуми, бригадниот генерал на Иранска револуционерна гарда, Али Мохамад Наеини, изјавил дека секоја нафтена, економска или енергетска инфраструктура во која има американски удел ќе биде „веднаш уништена и претворена во куп пепел“.Според неговите зборови, ваквите објекти би можеле да станат директни цели во случај на понатамошни удари врз иранската инфраструктура.Слични закани Техеран упатува уште од почетокот на војната меѓу Иран и Израел, во која се вклучени и Соединетите Американски Држави.

Свет | пред 1 ден

hrvatska

Полемика во Србија: Министерството предупредува да не се патува за Хрватска, а „Ер Србија“ воведува нови летови

Додека Министерството за надворешни работи на Србија им препорачува на граѓаните да патуваат во Хрватска само во случај на неопходност, националниот авиопревозник Ер Србија најави проширување на летната понуда токму кон таа земја.Министерството неодамна го ажурираше својот систем за проценка на безбедносниот ризик, познат како „семафор за патувања“, во кој Хрватска е ставена во портокалова зона. Тоа значи препорака граѓаните на Србија да не патуваат таму доколку не постои итна потреба.Според соопштението, оваа препорака е донесена поради, како што се наведува, зачестени инциденти, зголемени тензии и неповолни безбедносни околности.Посебно се предупредува на организирани патувања, како спортски и културни делегации, за кои се препорачува претходна координација со надлежните институции за проценка на безбедносните ризици.Сепак, речиси истовремено со ова предупредување, Ер Србија најави нови летови кон хрватските туристички дестинации. Генералниот директор Јири Марек соопшти дека ова лето ќе бидат воведени две неделни линии кон островот Брач.Со ова, авиокомпанијата планира да има до 38 неделни летови кон Хрватска, вклучително 13 летови за Загреб, секојдневни летови за Дубровник, шест неделно за Сплит, пет за Пула, три за Задар и два за Ријека.Најавата за новите линии предизвика критики во Србија. Членката на претседателството на Странка на слободата и правдата, Валентина Рековиќ, оцени дека ваквите пораки покажуваат недоследност во државната политика.Според неа, ситуацијата отвора дилема дали безбедносните предупредувања биле политичка порака или доказ за неусогласеност меѓу државните институции.

Свет | пред 1 ден

media-librarye6hbabv14ier6XJziZA

Повредениот Драган од „Пулс“: Животот продолжува, одиме во Скопје на третмани, пулмолози нѐ лекуваат во Кочани

Еден од повредените во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Драган Давитковски, вели дека закрепнувањето е бавно, но дека неговата здравствена состојба постепено се подобрува.„Како се чувствувам... Животот продолжува понатаму. Имам некои повреди, тоа е. Имам изгореници, имав и внатрешни повреди. Одиме во Скопје на ласерски третмани, а пулмолози доаѓаат во Кочани и нѐ прегледуваат во болницата“, изјави Давитковски.Тој посочува дека првите денови по несреќата биле најтешки, но дека сега се чувствува подобро.„Првите денови беше потешко, понатаму не е. Сега за сега сум подобро“, додава тој.Давитковски вели дека повредените меѓусебно се поддржуваат .„Ние повредените се знаеме, летото бевме на Пониква. Ова ни е прво спортско дружење. Јас на сите сакам да им посакам побрзо оздравување“, рече тој.Прашан дали животот ќе продолжи понатаму, Давитковски одговори дека и покрај тешкотиите, мора да се продолжи напред.„Малку тешко, ама мора да продолжи“, вели тој.Тој раскажа и дека во дискотеката дошол околу 1:30 часот по полноќ, заедно со сопругата и пријатели, кога се случила трагедијата.„Бев на концерт, отидов околу 1:30 часот и за еден и пол час се случи тоа што се случи. Бев со сопругата и со другари. Од нашата маса има двајца починати“, сведочи Давитковски.

Македонија | пред 1 ден

media-library8g8r7rmpg2274TgQ2X0

Петрушевски: Синдикалниот протест беше политички инструмент на СДС

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, обвини дека протестот организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија бил поддржан и организиран со помош на СДСМ.Според Петрушевски, на протестот имало лица со партиски обележја на СДСМ, што, како што рече, претставува доказ дека синдикалниот протест не бил исклучиво работнички.„Граѓаните беа сведоци дека на таканаречениот синдикален протест имаше лица со обележја на СДС. Тоа е доказ дека синдикалците не се организирале сами и дека во организацијата им помагале локални штабови на СДС од повеќе градови“, изјави Петрушевски.Тој оцени дека настанот покажал дека ССМ и СДСМ, според него, делуваат заеднички и ги злоупотребуваат работниците за политичка видливост.Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека ја поддржуваат слободата на работниците да протестираат и да ги бараат своите права, вклучително и повисоки плати, но сметаат дека протестот не бил исклучиво насочен кон работничките барања.Петрушевски додаде дека, според него, целта на протестот била политичка промоција на СДСМ и на синдикалното раководство, а не исклучиво борба за работнички права.

Македонија | пред 1 ден

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-52-3040PM

Приведени двајца млади возачи во Гостивар, им ги одзедоа возилата оти немале возачки

Во две одвоени сообраќајни контроли во Гостивар на 14 март 2026 година, полициски службеници привеле двајца млади возачи кои управувале автомобили без возачка дозвола.Во 17:40 часот на улицата „Илинденска“ била запрена М.М. (19) од селото Чајле, која управувала патничко возило „шкода“ со гостиварски регистарски ознаки. По проверката било утврдено дека нема возачка дозвола, по што возилото било одземено.Два часа подоцна, во 19:40 часот на улицата „ЈНА“, полицијата го лишила од слобода Т.М. (21) од селото Равен, кој управувал „опел корса“ со гостиварски регистарски ознаки. И во овој случај било утврдено дека возел без возачка дозвола, а возилото било одземено.По целосно документирање на случаите против двајцата ќе следуваат соодветни пријави.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryde70q4td32141LUzO8V

Претреси во Тетово: уапсени четири лица, пронајдени предмети од кривични дела

Полициски службеници од СВР Тетово на 14 март 2026 година извршиле два одвоени претреса со судска наредба, при што биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела, а приведени се вкупно четири лица.Во 11:45 часот бил извршен претрес во автомобилска работилница на Б.И. (35) од Тетово. При претресот биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, по што биле лишени од слобода Б.И., Д.А. (27) од селото Мала Речица и С.Р. (30) од селото Долно Палчиште. Како што информира МВР, на овој случај му претходела пријава дека ноќта меѓу 12 и 13 март во Тетово било опожарено патничко возило „фолксваген туарег“.Подоцна, во 15:55 часот, со судска наредба бил извршен претрес во дом и помошни простории кај И.Б. (43) од Тетово. И таму биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, по што И.Б. бил лишен од слобода. На овој случај му претходела пријава дека во Ургентниот центар во Тетово бил примен пациент со убодни рани од остар предмет.По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.

Македонија | пред 1 ден

media-librarydh7mp4f2m0go8R7JAMn

Закани со нож во автобус и вооружен напад на пат во тетовско: интервенирано при два сериозни инциденти

Во текот на 14 март 2026 година во СВР Тетово биле пријавени два одвоени инциденти со елементи на закани и насилство.Во 20:00 часот, И.У. (66) од селото Желино пријавила дека во автобус Н.Ќ. од истото село ѝ се заканувал со остар предмет.Половина час подоцна, во 20:30 часот, Џ.В. (26) од Тетово пријавил дека додека управувал патничко возило „голф“ на локалниот пат од Тетово кон селото Брвеница, бил престигнат од друго возило кое му го блокирало патот. Според пријавата, од возилото излегле неколку лица кои со тврд предмет му го оштетиле автомобилот, а кај себе имале и оружје.Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.

Македонија | пред 2 дена

media-libraryvonrua1ublb25HrS3zH

Дел од повредените од трагедијата во „Пулс“ ги чекаат сложени операции: Треба да бидеме особено внимателни со лузните на прстите и лицето

Повеќе специјалисти од различни медицински области се вклучени во третманот на повредените од трагедијата во дискотеката „Пулс“, вели докторката на кочанската болница, Катерина Паниќ-Мирчовска.Таа посочи дека во третманот се вклучени психијатри, дерматолози, пулмолози и хирурзи, кои работат со пациентите и ја следат нивната здравствена состојба.„Организирани се повеќе специјалисти од повеќе специјалности. Психијатрите, дерматолозите, пулмолозите и хирурзите работат со повредените. Вчера имавме повеќе хирурзи од Европа и Балканот на конференцијата и ја искористивме можноста да ги консултираме за понатамошни посложени интервенции“, изјави Паниќ-Мирчовска.Таа додаде дека во блиска иднина кај дел од пациентите ќе започнат хируршките интервенции, но нагласи дека станува збор за сложени повреди и лузни по изгореници, поради што мора да се постапува внимателно.„Тоа се сложени лузни и сложени повреди и не треба да се брза. Секоја избрзана одлука може да значи нова лузна. Треба да бидеме особено внимателни со лузните на прстите, рацете и лицето“, истакна таа.Паниќ-Мирчовска посочи дека и физичката активност може да помогне во рехабилитацијата, па така спортот претставува и еден вид физикална терапија за повредените, особено за оние кои имаат изгореници на рацете.Изјавата е дадена по повод хуманитарен кошаркарски натпревар организиран во спомен на жртвите од трагедијата што се случи на 16 март 2025 година.

Македонија | пред 2 дена

media-library7nn32aslnedt6jdSQv2

Ескалација на конфликтот – Израел гаѓа воена инфраструктура во Иран

Израелските одбранбени сили соопштија дека започнале нов бран напади врз инфраструктурата на режимот во Иран.Според соопштението, нападите се насочени кон воени цели во западниот дел на земјата.„Пред извесно време започнавме бран напади од широки размери насочени кон инфраструктурата на иранскиот режим во западен Иран“, се наведува во соопштението на израелската војска.Во текот на ноќта и утрото, израелските власти пријавиле и повеќе ракетни напади од Иран врз Израел.Од 28 февруари, кога Израел и Соединетите Американски Држави започнаа голема воена офанзива против Иран, израелската армија соопштува дека уништила ракетни лансери и друга воена инфраструктура во западниот дел на Иран.

Свет | пред 2 дена

media-library0id7lsn0u6cf5T8CUDY

Земјите од Заливот бараат помош од Украина за одбрана од ирански дронови

Украина бара финансиска и технолошка поддршка во замена за експертска помош за одбрана од ирански беспилотни летала во земјите од Персискиот Залив, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.Според него, Киев испратил неколку експертски тимови на Блискиот Исток кои треба да направат проценка на системите за одбрана од дронови и да демонстрираат како може да се спротивстави на нападите со беспилотни летала.Секој од тимовите се состои од неколку десетици експерти кои ќе работат на анализа на одбранбените капацитети на земјите во регионот.Зеленски посочи дека државите од Персискиот Залив веќе потрошиле значителни количини противвоздушни ракети во одбрана од иранските дронови „Шахед“ и затоа побарале експертиза од Украина, која има големо искуство во нивно пресретнување поради војната со Русија.Украинските сили секоја ноќ пресретнуваат руски дронови користејќи различни системи, вклучително и поевтини беспилотни летала и опрема за електронско попречување.Украински тимови веќе биле испратени во Катар, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, а експерти работеле и во американска воена база во Јордан.„Ние не сме во војна со Иран. Ова не е учество во операции, туку проценка како да се заштитиме од дроновите“, изјави Зеленски.Тој додаде дека разговорите за тоа каква помош ќе добие Украина за возврат сè уште траат, но нагласи дека за Киев во моментов се клучни и технологијата и финансиската поддршка.

Свет | пред 2 дена

Screenshot-2025-08-15-at-22.40.57

Трамп: Санкциите кон Русија ќе се вратат по завршувањето на кризата со Иран

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека санкциите за руската нафта, кои привремено беа ублажени, повторно ќе бидат воведени веднаш по завршувањето на кризата со Иран.Во телефонско интервју за Ен-Би-Си њуз, Трамп објасни дека одлуката за привремено олеснување на санкциите кон Русија била донесена со цел да се стабилизира глобалното снабдување со нафта во услови на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.„Сакам светот да има нафта. Сакам нафта“, изјави Трамп, посочувајќи дека мерката е поврзана со обидите на Иран да го ограничи преминот на нафтени танкери низ Ормускиот теснец.Американското Министерство за финансии неодамна издаде привремена дозвола со која на одредени држави им се дозволува да купуваат руска нафта што веќе е натоварена на танкери, со цел да се намалат потресите на глобалниот енергетски пазар. Мерката, меѓу другото, ѝ овозможи и на Индија да продолжи со купување руска сурова нафта.Одлуката предизвика критики, особено од Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека евентуалното укинување на санкциите би било „сериозен удар“ за Украина и за меѓународните напори за притисок врз Москва поради војната.Трамп, пак, изјави дека е изненаден што Зеленски не е подготвен за договор со рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека Москва е подготвена за мировен договор.Одлуката беше поздравена од руските власти. Економскиот преговарач на Кремљ Кирил Дмитриев изјави дека руската енергија е неопходна за ублажување на глобалната енергетска криза и дека европските земји наскоро ќе мора да ја признаат таа реалност.Според податоците на Центарот за истражување на енергијата и чистиот воздух, Русија во првите две недели од конфликтот со Иран остварила дополнителни приходи од околу шест милијарди евра од извоз на енергенси.

Свет | пред 2 дена

media-libraryeqroegr0q76tbkSg3L0

Се повеќе љубоморни партнери ставаат тракери во автомобили за да видат кај одат, тоа не е бондовски туку кривично дело, алармира Ина Многуфина

Инфлуенсерката и критичарка која пишува под псевдонимот Ина Многуфина предупредува за појава која, според неа, сè почесто се случува во токсични партнерски односи – тајно поставување тракери во автомобилите на партнерите.Во објава на социјалните мрежи таа наведува дека некои партнери, најчесто од љубомора и недоверба, нарачуваат уреди за следење и ги поставуваат во возилата за да проверат каде се движи нивниот партнер.„Има сега една појава што има земено сериозен замав, а тоа е партнери, најчесто во некој токсичен однос, нарачуваат тракери и им ставаат на партнерите по колите да видат кај одат. Колку и да им делува тоа бондовски во нивните несигурни глави кои сакаат да докажуваат дека се попаметни од партнерот во кој се сомневаат, вистината е дека се сериозно глупи, несигурни и немаат контрола врз себе. Да не беа глупи ќе знаеја дека тоа е кривично дело за кое се добива и до три години и колку и да мислат дека можат да се скријат, на компјутерски криминал им треба многу малце време да најдат со кој уред е поврзан тракерот. Тракерите ги ставаат најчесто во резервната гума или по места кои не често ги проверувате во колата. Доколку најдете нешто такво нема никаква потреба да ги прашувате зошто или како, одете и пријавете во полиција. Колку побрзо се тргнете од таков токсичен лик толку подобро за вас“, напиша Ина.

Коментари | пред 2 дена

media-libraryorjahdqd0hr98Nks2Md

СДСМ: Новиот директор на РЕК Битола е дел од бизнис мрежата на Мицкоски

СДСМ обвини дека назначувањето на пензионерот Иван Куковски за директор на РЕК Битола претставува дел од, како што велат, бизнис мрежата на премиерот Христијан Мицкоски во енергетскиот сектор.Од партијата наведуваат дека Куковски е близок до семејството на Мицкоски и претходно бил советник на министерката за енергетика Сања Божиновска.Според СДСМ, поставувањето луѓе блиски до власта на клучни позиции во енергетиката директно влијае врз производството на електрична енергија и врз трошоците што ги плаќаат граѓаните.„Кога се произведува помалку струја, државата е принудена да увезува поскапа електрична енергија, а таа цена на крајот ја плаќаат граѓаните“, велат од СДСМ.Партијата тврди дека во 2024 и 2025 година загубите на ЕСМ надминале 200 милиони евра, а производството на струја било значително под планираното, односно наместо предвидените околу 5.000 гигават-часови произведени биле околу 3.000.Во соопштението СДСМ наведува дека постои поврзаност меѓу, како што тврдат, офшор компании на Кипар, бизнисменот Адамовиќ и компанијата Руднап груп, како и други институции, кои според нив се дел од иста бизнис мрежа.Од СДСМ додаваат дека граѓаните ќе ја почувствуваат цената на овие политики преку повисоки сметки за електрична енергија.

Македонија | пред 2 дена

media-library61gb3tgo6j4b6JcxJvQ

Иран: Врховниот лидер Хамнеи е добро и ја контролира ситуацијата

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е во добра здравствена состојба и целосно ја контролира ситуацијата во земјата.Во интервју за Алараби ал Џадид, Арагчи посочи дека Техеран е подготвен да поддржи секоја регионална иницијатива што би довела до „праведен крај на војната“, но нагласи дека во моментов нема конкретен предлог за прекин на конфликтот.Говорејќи за ситуацијата во Ормускиот теснец, шефот на иранската дипломатија изјави дека поморскиот премин е отворен за пловидба, н

Свет | пред 2 дена

jane-cento

(Видео) Ченто за годишнината од пресудата за „27 април“: „Вие нѐ осудивте, историјата ќе нѐ ослободи, бараме правда“

Осудениот за настаните од 27 април 2017 во Собранието на Македонија, Јане Ченто, со објава на социјалните мрежи се осврна на 15 март 2019 година, денот кога беа изречени пресудите за овој случај.Според него, процесот не бил вистинско судење, туку политичка пресметка, во која, како што тврди, правдата била заменета со однапред подготвена пресуда.„Тоа не беше судење во вистинска смисла на зборот. Тоа беше политичка пресметка, маскирана како правда. Судење во кое вистината беше заменета со наратив, а правдата со однапред напишана пресуда“, напиша Ченто.Тој во објавата тврди дека сите учесници во процесот подоцна биле наградени со функции и унапредувања, што, според него, говори за природата на судскиот процес.Ченто наведува дека случајот „27 април“ ќе остане запишан како едно од најмрачните поглавја во независна Македонија, обвинувајќи дека власта се пресметувала со политички неистомисленици преку притисоци, тортура и злоупотреба на институциите.Во објавата тој истакнува дека, според него, пресудата резултирала со повеќе од 200 години затворски казни за обвинетите.„Вие нѐ осудивте. Историјата ќе нѐ ослободи. Бараме правда“, напиша Ченто, додавајќи дека борбата за вистината ќе продолжи.

Коментари | пред 2 дена

puls-38

Во Виница денеска ќе има комеморација за Ана и Моника, жртви од „Пулс“

Општина Виница организира комеморативен настан по повод една година од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Настанот ќе се одржи на денеска, 15 март, во 19 часот во Домот на култура „Тошо Арсов“ во Виница.Комеморацијата е посветена на сите жртви од трагедијата, меѓу кои и две сограѓанки од Виница – Ана и Моника.Од општината информираат дека настанот ќе биде можност граѓаните заеднички да оддадат почит и да се потсетат на трагедијата што ја потресе јавноста.„Со заедничко присуство и сеќавање ќе им оддадеме достојна почит и ќе ја споделиме тишината што зборува повеќе од зборови“, се наведува во поканата за настанот.

Македонија | пред 2 дена

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Трамп: Иранските напади врз нашите сојузници беа најголемото изненадување, ќе удриме врз нафтениот терминал

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон би можел повторно да изведе напади врз клучниот ирански нафтен извозен центар на островот Харг, истовремено намалувајќи ги очекувањата за брзо постигнување мировен договор со Иран.Во интервју за Ен-Би-Си њуз, Трамп изјави дека американските напади „целосно го десеткувале“ поголемиот дел од островот Харг, додавајќи дека американската војска би можела повторно да ја погоди локацијата.„Потполно го уништивме. Единствено што не ги погодивме енергетските водови, бидејќи нивната обнова би траела со години“, рече Трамп.Американскиот претседател оцени дека иранските власти се заинтересирани за договор, но нагласи дека условите за тоа „сè уште не се доволно добри“. Тој воедно изрази сомнеж дали новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, воопшто е жив, поради шпекулациите за неговата здравствена состојба.Трамп истакна дека најголемото изненадување за него биле нападите на Иран врз американските сојузници во регионот на Персискиот Залив.„Тие земји беа непотребно нападнати. Тоа е најголемото изненадување што го доживеав во целата оваа приказна“, изјави тој.Говорејќи за ситуацијата во Ормускиот теснец, Трамп рече дека не е јасно дали Иран поставил мини во овој стратешки поморски премин, кој е речиси целосно блокиран од почетокот на конфликтот пред две недели.Ормускиот теснец претставува еден од најважните светски транспортни коридори за нафта, низ кој во нормални услови минува околу една петтина од глобалната трговија со сурова нафта.Трамп најави дека американските сили „одлучно ќе го расчистуваат теснецот“, додавајќи дека очекува во операцијата да се приклучат и други земји чии бродови се погодени од блокадата, но не прецизираше кои држави би се вклучиле ниту колку долго би траела таквата операција.

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања