Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Кристијан Ландов

media-libraryf6hgvcg1pukf2gFrnPT

(Видео) „Мислев дека го губам животот“: Гитаристот на ДНК, Горан Тонев, првпат за трагедијата во „Пулс“

Гитаристот на групата ДНК, Горан Тонев, првпат јавно проговори за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде настапувал со бендот во ноќта кога избувна пожарот.Тонев, кој има 25 години, раскажа дека во моментот на несреќата се здобил со тешки повреди и мислел дека го губи животот.„Јас сум Горан Тонев. Имам 25 години. Четири години се занимавам со музика. На кобната вечер настапував со ДНК како нивен гитарист. Се случи тоа што се случи – некако излегов со многу повреди и мислев дека го губам мојот живот“, раскажува Тонев.Тој вели дека во тие моменти му помогнала девојка по име Моли, која заедно со нејзината мајка го пренела до болницата во Кочани со приватно возило.„Една девојка, која подоцна дознав дека се вика Моли, со нејзината мајка ме однесоа во болницата во Кочани“, вели Тонев.По првичната медицинска помош во Кочани, тој бил префрлен на лекување во Скопје, каде ја изгубил свеста и бил ставен во вештачка кома речиси еден месец.„Потоа сум пренесен во клиника во Скопје и таму ја губам свеста и сум во вештачка кома скоро еден месец“, сведочи Тонев.Подоцна бил транспортиран на лекување во болницата „Папа Николаос“ во Солун, каде, како што вели, медицинскиот персонал и неговото семејство му дале огромна поддршка во борбата за закрепнување.„Можам да кажам дека тие се грижеа за мене не како пациент, туку како за нивно дете“, додава Тонев.

Македонија | пред 2 дена

media-libraryk26rk79e27ch1hZZ1NI

100 нови возила за Итна помош и нов протокол за изгореници – Алиу кажува за мерките по трагедијата во Кочани

Министерот за здравство Азир Алиу во завршното обраќање на Меѓународната конференција посветена на трагедијата во Кочани истакна дека државата веќе ги преточува научените лекции од пожарот во конкретни системски решенија за подобра подготвеност при масовни несреќи.Тој нагласи дека конференцијата покажала колку е важна интерсекторската соработка при справување со вакви трагедии и дека при настани со масовни жртви не е доволна само брза реакција, туку и однапред подготвен и институционално усогласен систем на постапување.„Трагедијата во Кочани уште еднаш потврди дека при настани со масовни жртви не е доволна само брза реакција. Потребен е однапред подготвен, прецизно структуриран и институционално усогласен систем на постапување“, изјави Алиу.Министерот информираше дека на последната владина седница е усвоен првиот национален план за справување со масовни жртви во државата. Планот е подготвен согласно препораките на Светската здравствена организација, европскиот механизам за цивилна заштита, стандардите на НАТО и меѓународните здравствени регулативи.Со неговата примена се очекува подобра координација меѓу институциите, поефикасно користење на ресурсите и побрз одговор при масовни инциденти, со цел намалување на смртноста и зголемување на преживувањето.Во рамки на мерките е подготвен и првиот национален протокол за третман на пациенти со изгореници, кој треба да воспостави јасни стандарди за проценка, тријажа, транспорт, интензивно лекување, хируршки третман и рехабилитација на сите нивоа на здравствениот систем.„Благодарение на работната група составена од експерти од различни области, денес имаме протокол кој обезбедува современ и структуриран алгоритам за постапување кај пациенти со изгореници“, посочи министерот.Алиу информираше дека паралелно се работи и на пошироко јакнење на системот за здравствен одговор во кризни ситуации. Дел од мерките се модернизација на службата за итна медицинска помош, воведување на профилот парамедик и лиценцирање на EMT Type 1 тимови според меѓународни стандарди.Дополнително, Владата донела одлука во текот на оваа година да се обезбедат 100 нови возила за Итната медицинска помош, со вкупна вредност од околу 7,5 милиони евра, со што значително ќе се зајакнат капацитетите на оваа служба.

Македонија | пред 2 дена

media-libraryhnnnadeg5gvlbQO9mWw

(Видео) Исповед на преживеана од „Пулс“: По комата започна борбата за живот, а денес сфаќам дека ништо не вреди ако не си здрав

Преживеаната од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Надалина Грозданова, првпат јавно проговори за ноќта на пожарот и за тешката борба за живот што следувала по несреќата.Грозданова, која во моментот на трагедијата имала 19 години, беше една од повредените во пожарот. Таа раскажа дека нејзините сеќавања од моментот кога избувнал пламенот се избришани, но дека вистинската борба започнала по будењето од кома.„Јас сум Надалина Грозданова, имав деветнаесет години и бев меѓу луѓето кои беа повредени во пожарот во дискотеката ‘Пулс’ во Кочани. Сеќавањата од моментот кога избувна пламенот ми се избришани и не памтам точно што се случи, но од моментот кога се разбудив од кома во Грција знам дека во секој момент сум имала некој до мене и дека докторите и целиот медицински тим ми го спасиле животот“, раскажа таа.Таа нагласи дека секоја секунда во тие моменти значела живот и дека искуството целосно ја променило како човек.„Од многу аспекти се сменив како човек. Порано се грижев за многу работи во животот, но денес сфаќам дека ништо нема вредност кога не си здрав“, вели Грозданова.Додека се лекувала на интензивна нега, таа ја добила и титулата ученик на генерацијата, но признава дека во тој момент тоа не ѝ значело ништо.„Титулата ученик на генерација ми ја доделија додека бев на интензивна нега. Во тој момент тоа ништо не ми значеше. Животот го гледам на сосема поинаков начин“, раскажа таа.Нејзината порака по трагедијата е дека здравјето е најважно.„Добриот и здрав човек има милион желби, а болниот има само една – да оздрави. Тоа го почувствував на своја кожа“, вели таа.

Македонија | пред 2 дена

media-libraryic350l0emo3fcoupbO6

Војната со Иран го урна пазарот на недвижности во Дубаи за 30 проценти

Пазарот на недвижности во Дубаи претрпе значителен пад по ескалацијата на војната со Иран, откако ракетните напади во регионот на Персискиот Залив создадоа силна економска неизвесност.Според податоците што ги пренесува Анадолу, индексот на недвижности на финансискиот пазар во Дубаи паднал за околу 30 проценти од 28 февруари.Индексот на Финансискиот пазар во Дубаи, кој на 28 февруари изнесувал 16.140 поени, се намалил на околу 11.500 поени до затворањето на тргувањето во петокот, што е најниско ниво од април 2025 година.Ескалацијата на конфликтот започна на 28 февруари, кога Израел и Соединетите Американски Држави започнаа заеднички напади врз Иран. Во нападите, според извештаите, загинале околу 1.200 лица, меѓу кои и тогашниот врховен лидер на Иран, Али Хамнеи.Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети кон цели во Израел, Јордан, Ирак и во неколку земји од Персискиот Залив каде се наоѓаат американски воени бази.Во меѓувреме, американската банка Ситибанк одлучи привремено да ги затвори своите филијали во Обединетите Арапски Емирати поради безбедносната ситуација во регионот.

Свет | пред 2 дена

IMG_4867

Mлад тетовец нападнал пешак, па го удрил со автомобил, објави МВР

Според информацијата објавена од МВР, на 13 април 2026 година во 23:00 часот во селото Јажинце, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Б. (18) од истото село.Претходно, според пријавата од М.С. (22), по меѓусебна расправија пред угостителски објект во селото, Б.Б. физички го нападнал, а потоа, додека М.С. пеш се движел, бил удрен од патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал пријавениот.Возилото е одземено и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 дена

media-library5thgl0grhjsv1wnfs5f

Трагедија во Кисела Вода: Работник загина по пад од висина на градилиште во Скопје

На 13 март 2026 година околу 16:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, во објект во изградба, Ж.С. (59) од селото Герман, кривопаланечко, додека извршувал работни задачи, паднал од висина.Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде околу 17:40 часот починал. Смртта ја констатирал лекар, а на местото бил извршен увид. За случајот бил известен и трудов инспектор.

Скопје | пред 2 дена

media-libraryfdvu0vbd3h6l2aFFODu

Полицијата лоцираше лица барани со судски наредби: тројца приведени за издржување затвор и притвор

Во одвоени полициски акции во Гостивар, Кавадарци и Велес биле приведени три лица по судски наредби за издржување затворски казни и мерка притвор.Во селото Долна Бањица, гостиварско, бил приведен Е.Н. (26), кој се барал за издржување затворска казна од две години, седум месеци и 16 дена во КПУ Затвор Штип, поради бегство.Во Кавадарци бил приведен Т.Т. (78), врз основа на наредба од Основниот суд Кавадарци, за издржување затворска казна од осум месеци за кривично дело „тешка телесна повреда“. Тој бил спроведен во КПУ Затвор Гевгелија.Во Велес, пак, полицијата го лишила од слобода Т.И. (25), по издадена потерница врз основа на наредба од Основниот кривичен суд Скопје, за издржување мерка притвор. Тој бил спроведен во КПУ Затвор Скопје.

Македонија | пред 2 дена

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Кривична пријава за виничанец што ги прекршил забраните и ѝ се заканувал на поранешната партнерка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднела кривична пријава против Б.Т. (59) од Виница поради сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „непочитување на судска одлука“.Според пријавата, на 7 и 8 март 2026 година во виничко село, тој постапил спротивно на судска одлука со која му било забрането да се приближува на помалку од 100 метри и да одржува контакт со неговата поранешна 65-годишна партнерка. Притоа, ѝ упатувал и закани.Случајот е процесиран со кривична пријава.

Македонија | пред 2 дена

policija-policaec-35-450x270-1

Инциденти низ Скопје: тепачки, напад во автобус и агресија кон полицијата

Во текот на 13 и 14 март во Скопје биле регистрирани повеќе одвоени случаи на физички напади, нарушување на јавниот ред и агресивно однесување кон полициски службеници.Во автобус на подрачјето на Центар, В.Р. (19) пријавил дека бил физички нападнат со тврд предмет од едно лице. На подрачјето на Гази Баба, полицијата регистрирала физичка пресметка помеѓу И.П. (43) и Ч.Д. (41), двајцата од Скопје. Во Кисела Вода, И.С.О. (33) пријавила дека била физички нападната од И.Д. (60), исто така од Скопје.Одделно, на подрачјето на Кисела Вода била лишена од слобода К.Б.С. (31), затоа што спречувала полициски службеници во вршење службени дејствија, додека во Центар бил приведен Д.Г. (30), поради агресивно однесување кон полицајци додека извршувале службени задачи.За сите случаи се преземаат мерки, а по документирање ќе следуваат соодветни поднесоци.

Скопје | пред 2 дена

uchenici-vrsnichko-nasilstvo-tepachka

Бран насилство меѓу малолетници: напади во Скопје, Кочани и Пробиштип

Полицијата регистрирала повеќе одвоени случаи на насилство меѓу малолетници и врз деца во Скопје, Кочани и Пробиштип, а за дел од нив веќе се поднесени и кривични пријави.Во Скопје, В.Ј. (53) пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од четворица малолетници. Во друг случај, В.С. (47) пријавил дека во Аеродром неговата малолетна ќерка била физички нападната од две соученички, кои биле во друштво со уште три малолетнички, а една од нив го снимала настанот со мобилен телефон. Следниот ден, С.В. (52) пријавил дека В.С. физички ја нападнал неговата малолетна ќерка, која претходно ја нападнала ќерката на В.С. Уште еден случај бил пријавен и во Ѓорче Петров, каде Б.А. (42) навел дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг ученик во основно училиште.Во Кочани, Е.И. (31) пријавила дека во соблекувална на спортска сала во основно училиште нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници.Во Пробиштип, пак, Надворешната канцеларија за криминалистички работи поднела кривична пријава против А.П. (19) од селото Калниште поради сомнение за кривично дело „насилство врз дете“, откако на 28 декември 2025 година, по претходна расправија, физички нападнал 17-годишник од Пробиштип.Полицијата презема мерки за целосно расчистување на сите случаи.

Македонија | пред 2 дена

media-libraryr7ustgvht52acQBplbO

Серија тешки сообраќајки во Скопје и Битола: загина 18-годишен мотоциклист

Во три одвоени сообраќајни несреќи што се случиле на 13 март во Скопје и Битола, едно лице загинало, а повеќе други се здобиле со тешки телесни повреди.На улицата „Адем Демачи“ во Скопје, околу 15:20 часот, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале мотоцикл „пијаџо беверли“, управуван од А.Љ. (18), патничко возило „фиат“ управувано од 20-годишната Д.Т. и патничко возило „пежо 307“ управувано од А.Б. (35), сите од Скопје. Во несреќата на местото на настанот починал 18-годишниот мотоциклист, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. По насоки на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција.Неколку часа подоцна, во 19:01 часот, во Битола на улицата „Крушевска Република“ патничко возило „голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.М. (61) од Битола, удрило во пешакот Н.И. (41) од Прилеп. Повредениот пешак бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.Истата вечер, во 21:12 часот, на крстосница составена од патот А3 се случила уште една сообраќајна несреќа помеѓу „шкода“ со прилепски регистарски ознаки, управувана од Ј.П. (33) од Битола, и „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.П. (22) од селото Кукуречани. Во несреќата Д.П. се здобила со тешки телесни повреди, додека Ј.П. поминал со телесни повреди.Во сите случаи бил извршен увид од полициски екипи и јавен обвинител таму каде што било потребно.

Македонија | пред 2 дена

Screenshot-2024-12-29-at-23.03.10

Низа акции против дрога низ државата: приведени повеќе лица во Скопје, Радовиш и Охрид

Во текот на 13 и 14 март 2026 година полицијата спровела повеќе одвоени акции поврзани со дрога во Скопје, Радовиш и Охрид, при што биле приведени повеќе лица, а во дел од случаите се поднесени и кривични пријави.Во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.А. (49), Д.П. (23) и К.С. (28), сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.Во Радовиш, полициски службеници ги лишиле од слобода М.М. (19), М.Ш. (21) и С.Ј. (21), а во полициска станица, во присуство на родител, бил повикан и 17-годишен малолетник. Според полицијата, четворицата биле затекнати додека користеле марихуана, а кај дел од нив биле пронајдени и пакувања со дрогата.Во Охрид, пак, на булеварот „Железничка“ биле лишени од слобода А.Ј. (60) и М.Б. (44), двајцата од Охрид, откако при претрес во патнички автомобил „мерцедес“, извршен по судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.Покрај апсењата, СВР Скопје поднела и кривична пријава против Н.Н. (58) од Скопје поради сомнение за „лажно претставување“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Според полицијата, тој на 29 декември 2025 година се претставил како полициски службеник со службена легитимација на МВР, иако бил пензиониран, а при преглед кај него биле пронајдени рамка за пиштол, муниција и метален боксирач.За сите случаи, по целосно документирање, ќе следуваат соодветни поднесоци и пријави.

Македонија | пред 2 дена

media-libraryd6tip4smt7ah6hpRKzp

Техеран со закана: Пристаништата во Емиратите стануваат легитимни цели, напуштете ги областите

Иран преку полуофицијалната новинска агенција Тасним ги повика жителите на Обединетите Арапски Емирати веднаш да ги напуштат областите околу неколку големи пристаништа, предупредувајќи дека тие станале „легитимни цели“.Во објавата се наведува дека станува збор за пристаништата Џебел Али во Дубаи, Калифа во Абу Даби и пристаништето Фуџеира.Според агенцијата Тасним, овие локации станале потенцијални цели поради, како што се тврди, присуството на американски воени сили во близина на цивилни објекти.„Тие области станаа легитимни цели поради присуството и криењето на американските воени сили меѓу цивилни објекти и ќе бидат погодени во наредните часови“, се наведува во објавата.Предупредувањето доаѓа во време на зголемени тензии во Персискиот Залив и ескалација на конфликтот меѓу Иран, Израел и Соединетите Американски Држави.

Свет | пред 2 дена

media-libraryt0mcr4jn4poh3Qr3Gl1

(Видео) Тага, плач и лелек во Кочани, родителите неутешни: Ангели вечна ви слава, ве сакаме

Неутешни родители, семејства, роднини и пријатели се собраа на кочанските гробишта во алејата на ангелите, на годишнината од смртта на 63 лица кои загинаа како последица на трагедијата во „Пулс“. Солзи, тага, лелеци и болки. Драги Горгиев, татко на тапанарот од ДНК, Георги објави снимка каде се гледа траорната атмосфера. На ова место, голем дел од семејствата го минуваат секојдневието и посочуваат дека само тоа им останало по трагедијата.„Ангели вечна ви слава, ве сакаме“, напиша Горгиев.Родителите цела година, речиси секој викенд го минуваа со Маршот за ангелите, барајќи правда за своите чеда. И натаму раскажуваат за нивните планови и соништа. Душата ја отвораат пред целата јавност за да ја доловат нивната болка, од која треба да се извлече поука дека ваков настан не смее да се повтори и дека треба да биде поука за целото општество да работи на функционалност на системот.Истовремено, Кривичен суд им суди на обвинетите од сопственици на објектот до функционери кои според Обвинителството, дозволиле клубот „Пулс“ да работи без да ги исполнува законските прописи.

Македонија | пред 2 дена

media-library093jodaperk06n2YUWW

Емиратите со порака до Иран: На заплашување нема да одговориме со повлекување

Државната министерка на Обединетите Арапски Емирати, Лана Нусејбе, испрати јасна порака до Иран дека Емиратите нема да се повлечат под притисок или заплашување.Во разговор за телевизијата Ен-Би-Си њуз со новинарот Кир Симонс, Нусејбе зборувала за војната со Иран и за безбедносните и економските последици од конфликтот.„На заплашување нема да одговориме со повлекување. Покажавме дека сме подготвени да се браниме и да реагираме навреме во кризни времиња“, изјавила Нусејбе.Изјавата доаѓа во време на растечки тензии на Блискиот Исток, по ескалацијата на конфликтот меѓу Иран, Израел и Соединетите Американски Држави, кој има сериозни безбедносни и економски последици за регионот.

Свет | пред 2 дена

media-library4ib3iakbajee9dVIbkk

Томовски: Оваа конференција е обврска да извлечеме поуки од трагедијата

Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, изјави дека трагедијата во Кочани останува една од најтешките што ја погодиле државата и дека институциите имаат обврска да извлечат поуки и да изградат поотпорен систем.Говорејќи на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“, Томовски изрази сочувство до семејствата на настраданите.„Нема зборови со кои може да се утеши загубата, ниту реченица што може да ја намали болката што ја носат семејствата. Болката е заедничка и човечка, и национална“, истакна тој.Томовски потсети дека во моментите по трагедијата институциите реагирале брзо и координирано. Била отворена донаторска сметка преку Црвениот крст, а на итна владина седница биле обезбедени 30 милиони денари од буџетските резерви за поддршка на семејствата на повредените кои се лекуваа во странство.Тој посочи дека институциите работеле деноноќно, а неговиот службен телефон бил ставен на располагање за комуникација со семејствата и засегнатите граѓани.„Владиниот авион беше ставен во функција за транспорт на пациенти, затоа што во такви моменти секоја минута, секоја одлука и секоја подадена рака значи живот“, рече Томовски.Според него, конференцијата не е само потсетник на трагедијата, туку и обврска да се зајакнат институционалните механизми и клиничките протоколи.„Во спомен на жртвите и во поддршка на нивните семејства, наша должност е да изградиме посилен, похуман и поподготвен систем“, порача директорот на СОЗР.

Македонија | пред 2 дена

media-libraryabq8cv2koqk948R6I44

Техеран одговара на Вашингтон: Нема отворање на Ормускиот теснец

Иран нема да го отвори Ормускиот теснец и покрај заканите од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави поранешниот командант на Иранската револуционерна гарда, Мохсен Резаи.Неговата изјава доаѓа откако Трамп предупреди дека САД повторно ќе ја разгледаат одлуката да не ја уништат иранската нафтена инфраструктура на островот Харк доколку Иран продолжи да го попречува преминот на бродови низ Ормускиот теснец.Островот Харк се смета за клучен за иранската економија, бидејќи преку него се извезува околу 90 проценти од иранската нафта.Резаи изјави дека без повлекување на САД од Персиски Залив и без пренесување на контролата врз Ормускиот теснец на регионалните држави и Оман, безбедноста во регионот не може да биде обезбедена.Тој додаде дека Иран би размислил за завршување на војната само доколку добие обештетување од САД и, како што рече, „стопроцентна гаранција за иднината“, што, според него, е невозможно без повлекување на американските сили од Персискиот Залив.

Свет | пред 2 дена

media-librarycfbh1mm2afi6cz5lx5o

Четири жртви во руски напади врз Украина, Зеленски обвинува за злоупотреба на кризата во Иран

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Русија го користи конфликтот во Иран како параван за засилување на нападите врз Украина.Според украинските власти, Москва во текот на ноќта извршила напади со ракети и беспилотни летала, при што загинале четири лица, а штета е регистрирана во пет региони низ земјата.„Русија ќе се обиде да го искористи конфликтот на Блискиот Исток за да предизвика уште поголеми разурнувања овде во Европа, во Украина“, изјави Зеленски.Нападите доаѓаат во период на зголемени глобални тензии, додека војната меѓу Русија и Украина продолжува, а конфликтот на Блискиот Исток дополнително ја усложнува меѓународната безбедносна состојба.

Свет | пред 2 дена

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Ирански функционер: Украина се вмеша во војната и стана легитимна цел

Иранскиот функционер Ебрахим Азизи изјави дека Украина, со наводната поддршка за Израел во тековниот конфликт, се вмешала во војната и со тоа ја направила својата територија легитимна цел за Иран.Азизи тврди дека Киев обезбедува поддршка со беспилотни летала за, како што го нарече, „израелскиот режим“.„Со обезбедувањето беспилотна поддршка за израелскиот режим, пропаднатата Украина всушност се вклучи во војната и, според член 51 од Повелбата на Обединетите нации, ја претвори целата своја територија во легитимна цел за Иран“, изјави тој.Членот 51 од Обединетите нации се однесува на правото на државите на самоодбрана во случај на вооружен напад.Засега нема официјална реакција од украинските власти на овие обвинувања. Изјавата доаѓа во време на зголемени тензии на Блискиот Исток и ширење на конфликтот меѓу Иран, Израел и Соединетите Американски Држави.

Свет | пред 2 дена

media-library8g8r7rmpg2274TgQ2X0

ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Протестот е организиран од СДС под превез на синдикална борба

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека денешниот протест за повисоки плати, организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија, покажал дека станува збор за заедничка активност на синдикатот и СДСМ.Од партијата велат дека за време на протестот низ улиците биле забележани лица со промотивен материјал и обележја на СДСМ, како и учесници кои носеле маици со партиски натписи.„Ова е доказ за нашите прес-конференции во кои информиравме дека ова не е борба за работнички права на синдикатот, туку организирана активност на СДС и ССМ под превез дека се бараат повисоки плати“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата тврдат и дека според нивните информации на протестот биле донесени луѓе и од други градови, а организацијата, како што наведуваат, била спроведена преку локални штабови на СДС.„Денешниот протест покажа дека е само една парада со која СДС и ССМ ги лажат работниците дека се залагаат за повисоки плати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 2 дена

media-library9anpc967es482roKL8P

(Видео) „Минималната плата мора да се зголеми во март, не затоа што некој ќе ни ја даде, туку затоа што ние како ја заработуваме, рече Трендафилов

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) организираше протест со барање минималната плата да изнесува 600 евра и линеарно зголемување на сите плати за 100 евра. Синдикатите се против законското усогласување на минималецот од околу 1.600 денари, оценувајќи дека тоа не ги покрива растечките трошоци за живот.Протестот започна пред Работничкиот дом и заврши пред Владата. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, изјави дека околу 160.000 работници примаат плата под прагот на сиромаштија.„Минималната плата мора да се зголеми во март, не затоа што некој ќе ни ја даде, туку затоа што ние како работници ја заработуваме“, рече Трендафилов.ССМ го отфрла усогласувањето од 1.667 денари, посочувајќи дека само во последните два месеца синдикалната минимална кошница се зголемила за околу 2.000 денари.Синдикатот најави и 24-часовен генерален штрајк кој ќе го опфати и приватниот сектор доколку не се прифатат нивните барања. Владата, пак, најави дека доколку нема договор меѓу синдикатите и работодавачите, ќе се донесе законско зголемување на минималната плата од околу 1.667 денари.

Настани | пред 2 дена

media-libraryols4h4h7f31h9ucU4a9

Македонија успешно евакуираше 380 свои и 78 странски државјани, вели Муцунски

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изјави дека државата денес покажува институционален капацитет брзо и ефикасно да реагира во кризни ситуации, да ги заштити своите граѓани каде и да се наоѓаат, но и да им помогне на пријателските држави.Во гостување во емисијата „Вечерното шоу на Богдан“, Муцунски посочи дека изминатата година била особено предизвикувачка за Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, кое трипати се соочило со сложени кризни ситуации со значителни логистички и безбедносни предизвици.Тој потсети дека по трагедијата во Кочани институцијата учествувала во организирањето на извлекување на 115 повредени македонски граѓани, нивно лекување во странство и нивно враќање во државата. Подоцна следела и безбедносната криза меѓу Иран и Израел, кога биле организирани евакуации на македонски државјани од регионот на Блискиот Исток.Муцунски нагласи дека во последната криза операцијата била дополнително сложена бидејќи македонски граѓани престојуваат во повеќе држави во регионот, меѓу кои Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Бахреин, Саудиска Арабија, Катар и Израел.„Сметам дека во сите три ситуации постапивме успешно како институција, а повратните реакции од граѓаните покажуваат дека државата стои зад нив и дека може да сметаат на поддршка во најтешките моменти“, изјави Муцунски.Тој посочи дека со четири организирани евакуациони летови биле евакуирани вкупно 458 патници, од кои 380 македонски државјани и 78 странски државјани.„Во минатото знаевме да бидеме држава која бара солидарност. Денес сме држава која во тешки времиња нуди солидарност на своите соседи и на своите меѓународни партнери“, рече министерот.Муцунски нагласи дека во ваквите операции најважен приоритет е безбедноста на граѓаните и дека зад ваквите активности стои широка координација на повеќе институции и дипломатско-конзуларни претставништва.„Кога сте македонски граѓанин, треба да знаете дека имате држава и институции кои стојат зад вас“, порача Муцунски.

Македонија | пред 3 дена

media-libraryqqdkehfnmg4e9SCxmKG

Добро утро, ние денеска се бориме за Вашите плати, што ќе правите Вие?, праша Трендафилов во пресрет на протестот

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, ги повика работниците да се приклучат на денешниот работнички протест во Скопје, со порака дека синдикатите се борат за повисоки плати и подобар животен стандард.„Добро утро, ние денеска се бориме за вашите плати, што ќе правите вие?“, порача Трендафилов во пресрет на протестот.Работничкиот протест, организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија, е закажан за 14 март со почеток во 12:05 часот пред Работничкиот дом во Скопје, на улицата „Мирче Ацев“ во општина Центар.Според најавата на синдикатите, протестниот марш ќе продолжи по улиците „Филип Втори Македонски“, „11 Октомври“, „Димитрие Чуповски“, „Даме Груев“, булеварот „ВМРО“ и ќе заврши пред Владата на Република Северна Македонија на булеварот „Илинден“.Планирано е учесниците да застанат и пред Собранието и пред Стопанската комора, каде синдикатите ќе ги упатат своите пораки до институциите и работодавачите.Од ССМ велат дека протестот се организира поради долгогодишното незадоволство на работниците, бидејќи, како што наведуваат, платите не ги следат реалните трошоци за живот.Синдикатот тврди дека нивните барања за зголемување на минималната плата и на останатите плати биле игнорирани од Владата и работодавачите, што, според нив, дополнително го зголемило револтот кај работниците.„Кога Владата и газдите не слушаат, тогаш работниците и синдикатите ќе зборуваат на улица“, порачаа од ССМ.

Македонија | пред 3 дена

media-libraryjhe6bolsp47ve1ATXnV

Најмалку 112 загинати во нападите врз ирански Курдистан

Најмалку 112 лица загинале во американско-израелските напади врз иранската провинција Курдистан, соопшти локален функционер цитиран од иранската новинска агенција Тасним.Според истиот извор, во нападите досега се повредени најмалку 969 лица.Раководителот на службата за итна помош во провинцијата Курдистан изјавил дека 27 повредени лица во моментов се хоспитализирани на редовни болнички оддели, додека пет пациенти се наоѓаат на интензивна нега.Иранските власти не објавија дополнителни детали за целите што биле погодени во оваа област, која се наоѓа во западниот дел на земјата, во близина на границата со Ирак.Нападите се дел од пошироката ескалација на конфликтот меѓу Иран од една страна и САД и Израел од друга, кој во последните недели се прошири на повеќе земји на Блискиот Исток.

Свет | пред 3 дена

media-libraryk72ta83sla3kcR6v1Me

Што ќе се гради под Белата куќа

Во рамки на поширока реконструкција на комплексот на Белата куќа во Вашингтон, американските власти планираат изградба на подземен центар за безбедносна проверка на посетители.Според прелиминарниот дневен ред на федералната комисија за планирање, објектот со површина од околу 3.066 квадратни метри би бил изграден под Шерман парк, кој се наоѓа југоисточно од Белата куќа.Планирано е центарот да има седум контролни ленти со цел да се олесни обработката на посетителите и значително да се намали времето на чекање за влез во комплексот. Според информациите на телевизијата Ен-Би-Си њуз, изградбата би можела да започне веќе во август, а центарот да биде ставен во функција до јули 2028 година.Во рамки на проектот нема да биде отстранет споменикот на генералот Вилијам Шерман, кој се наоѓа во паркот.Проектот го реализираат Извршната канцеларија на претседателот на САД, Тајната служба на САД и Службата на националните паркови, додека Националната комисија за планирање на главниот град треба да го разгледа предлогот на седница закажана за 2 април.На истата седница ќе се разгледуваат и планови за изградба на нова зграда со површина од околу 8.360 квадратни метри, која би вклучувала голема балска сала и би била изградена на местото на Источното крило на комплексот на Белата куќа.

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања