Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Кристијан Ландов

vucic-45345

Вучиќ: Нема да се срамам од српското оружје, Србија нема да дозволи да биде покорена

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека државата ја зајакнува својата војска за да ја зачува слободата и независноста, а не за да напаѓа други земји.Говорејќи на предизборен собир во спортската сала во Аранѓеловац, Вучиќ порача дека граѓаните можат мирно да спијат, но дека никој не треба да помисли дека Србија може да биде покорена.„Србија ќе остане слободна и независна и ќе ја чуваме со сета наша сила. Затоа ја зајакнуваме војската“, изјави Вучиќ.Тој се осврна и на реакциите од регионот поради српското вооружување, коментирајќи ги изјавите на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ дека за тоа ќе го извести НАТО.„Не мораш ти да го известуваш НАТО, јас ќе го известам. Не се срамам од она што српските раце го создадоа. За разлика од оние што сакаат да уништуваат српско оружје, јас сакам да ја зајакнам Србија“, рече Вучиќ.Тој нагласи дека Србија нема намера да нападне никого, но предупреди дека државата нема да дозволи некој да ја заплаши.Во говорот Вучиќ се осврна и на внатрешните политички тензии во земјата, тврдејќи дека во изминатата година и половина имало обиди за дестабилизација на Србија.„Се обидуваа да ја срушат Србија, да ги поделат луѓето и семејствата, да ги свртат младите против постарите“, рече тој.Вучиќ порача дека неговата политика е обединување на општеството и најави економски цели според кои до 2030 година просечната плата во Србија би требало да надмине 1.300 евра, а пензиите 750 евра.Тој додаде дека ќе се обиде да најде начин најниските пензии да растат побрзо од останатите, со цел да им се помогне на најсиромашните граѓани.

Свет | пред 3 дена

media-librarytnnn2nu32er614TjFcA

Техеран тврди дека 56 културни објекти се оштетени во војната

Најмалку 56 културни објекти во Иран, меѓу кои музеи и историски споменици, претрпеле „сериозни структурни оштетувања“ во американско-израелските напади од почетокот на војната, соопшти иранското Министерство за култура.Во соопштение објавено од новинската агенција ИСНА, министерството наведува дека најголем број оштетени објекти има во провинцијата Техеран, каде се регистрирани 19 погодени споменици.Според податоците на властите, дополнително се оштетени и 12 значајни историски локалитети во иранската провинција Курдистан.Иранските власти не објавија детали за степенот на оштетувањата на поединечните објекти, ниту дали меѓу нив има локалитети под заштита на УНЕСКО.Нападите врз Иран се дел од ескалацијата на конфликтот меѓу Иран од една страна и САД и Израел од друга, кој во последните недели се прошири на повеќе земји на Блискиот Исток. Војната веќе предизвика сериозни човечки загуби и значителни оштетувања на инфраструктурата во регионот.

Свет | пред 3 дена

media-library8e12gpg2rka22FhMIkm

Убиството на Хамнеи не го урна режимот: Аналитичари предупредуваат дека САД се заглавени во конфликтот

Американско-израелските напади во кои беше убиен врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, не доведоа до пад на власта во Техеран, туку отворија конфликт кој Вашингтон тешко може да го контролира, предупредуваат аналитичари.Иако операцијата на почетокот се сметаше за значителен воен успех, бидејќи беа елиминирани Хамнеи и повеќе високи функционери, иранскиот режим брзо воспостави ново раководство и продолжи со воени активности.Во меѓувреме, крвавиот воздушен конфликт трае веќе две недели, а Иран користи значајни адути – притисок врз светската енергетска снабдувачка мрежа и напади врз американски сојузници на Блискиот Исток.Според анализите, Техеран речиси го затвори Ормускиот теснец – една од најважните поморски рути низ која минува околу една петтина од светската трговија со сурова нафта. Поради тоа, цените на енергенсите нагло пораснаа, а дел од државите веќе почнаа да користат стратешки резерви на нафта.Истовремено, Иран и неговите сојузници, вклучително и Хезболах во Либан, отворија повеќе фронтови во регионот. Ракетни и беспилотни напади беа насочени кон цели во Израел, како и кон американски сојузници во Персискиот Залив.Аналитичарите оценуваат дека Техеран применува стратегија во три чекори – да го обезбеди опстанокот на режимот, да задржи капацитет за одмазда и да го продолжи конфликтот што е можно подолго за да го заврши под поповолни услови.Професорот по политички науки Џонатан Пакин од Универзитетот Лавал смета дека американската администрација ја потценила ситуацијата.„Американската администрација несомнено беше претенциозна верувајќи дека ги држи сите карти во раце“, изјави Пакин.Во меѓувреме, последиците од конфликтот се чувствуваат низ целиот свет. Поради нарушувањата во снабдувањето со енергенси, цените на нафтата и горивата растат, а поморскиот и воздушниот транспорт се соочуваат со сериозни ограничувања.Аналитичарите предупредуваат дека Вашингтон можеби ќе мора да ја преиспита својата стратегија и да ги намали првичните цели, бидејќи сценариото за брз пад на иранскиот режим не се оствари.Во спротивно, конфликтот би можел да се прошири уште повеќе и да го вовлече регионот во долготрајна и непредвидлива војна.

Свет | пред 3 дена

Screenshot-2025-03-06-at-16.36.30

ВМРО-ДПМНЕ: СДС стои зад организацијата на протестот на ССМ

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС стои зад организацијата и логистиката на протестот што денеска го најави Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).Од партијата тврдат дека постојат докази оти зад мобилизацијата на луѓе и организирањето превоз во повеќе градови стојат лица блиски до СДС.„По доказите дека за организирање луѓе и превоз од Струмица и струмичкиот регион е одговорен Бранко Георгиев, поранешен раководител во ЈПКД ‘Комуналец’ Струмица во време на СДС, се појавуваат нови факти дека СДС го координира и управува ССМ и на централно и на локално ниво“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Според нив, протестот формално е организиран од ССМ, но логистиката и техничката организација, како што тврдат, се водат од структури блиски до СДС.Како пример го посочуваат Куманово, каде според нив за организацијата на превоз за протестот бил задолжен Оливер Трајковски, кој, како што наведуваат, е шеф на штаб на СДС во населбата Зелен Рид и вработен во јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ во Куманово.Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека фотографии од претходни политички активности ја потврдуваат неговата блискост со функционери и кандидати на СДС на локалните избори во 2021 година.Партијата оценува дека наместо вистинска синдикална борба за подобрување на правата и платите на работниците, протестот се користи како средство за политички притисок.„Граѓаните и работниците заслужуваат искрена и независна синдикална борба, а не политички сценарија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека јавноста има право да знае кој стои зад организацијата на протестот.

Македонија | пред 3 дена

filipce-ck-sdsm

СДСМ: Платите се ниски, цените растат, Владата не презема мерки

СДСМ обвини дека платите во Македонија се ниски, додека цените на основните производи и енергенсите постојано растат, а Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски, според партијата, не презема мерки за подобрување на стандардот на граѓаните.Од СДСМ велат дека повеќе од 200.000 работници во земјава едвај ги покриваат основните трошоци за живот.„Работниците во Македонија едвај врзуваат крај со крај. Над 200.000 работници буквално преживуваат со плати кои не можат да ги покријат ниту основните животни потреби“, се наведува во реакцијата.Партијата ја критикува Владата дека одбива да ја зголеми минималната плата на 600 евра и тврди дека наместо поддршка за работниците, премиерот ги навредува оние кои бараат повисоки примања.Според СДСМ, Мицкоски изјавил дека платите во јавната администрација се добри „со оглед на тоа колку работат“, како и дека не им е потребен годишен одмор, што, како што наведуваат, претставува потценување на трудот на работниците.Од партијата посочуваат и дека растот на цените на нафтата дополнително ги зголемува цените на храната и основните производи.„Во продавниците веќе има нови поскапувања, а цената на зејтинот надмина 100 денари“, наведуваат од СДСМ.Тие додаваат дека со вакво темпо на поскапувања платите секојдневно губат од вредност и предупредуваат дека економијата не може да се смета за силна доколку платите на работниците останат ниски.

Македонија | пред 3 дена

media-library6mk1o37i99olePRe17W

Иран ги исмева САД: „Сега го молат светот да купува руска нафта“

Иранскиот министер за надворешни работи Сајед Абас Арагчи остро го критикуваше потегот на САД привремено да ублажат дел од санкциите за руската нафта, обвинувајќи го Вашингтон дека сега „го моли светот“ да купува руска енергија.Арагчи на социјалните мрежи објави насловна страница од весникот „Фајненшл тајмс“, во која се наведува дека Русија по американската одлука би можела да заработува околу 150 милиони долари дневно дополнителни приходи од нафта.„САД со месеци вршеа притисок врз Индија да го прекине увозот на руска нафта. По две недели војна со Иран, Белата куќа сега го моли светот – вклучително и Индија – да купува руска сурова нафта“, напиша Арагчи, нарекувајќи го потегот на Вашингтон „патетичен“.Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп привремено ублажи дел од санкциите за руската нафта со цел да се ублажи растот на цените на енергенсите по ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.Вашингтон издаде привремена дозвола со која се овозможува продажба на дел од руската нафта што веќе се наоѓала на танкери на море, во обид да се стабилизира глобалниот енергетски пазар.Одлуката предизвика критики и во Европа. Германскиот канцелар Фридрих Мерц оцени дека ваквиот потег е погрешен бидејќи го ослабува притисокот врз Русија поради војната во Украина.Цените на нафтата нагло пораснаа по американско-израелските напади врз Иран на крајот на февруари, што предизвика сериозни нарушувања во глобалното снабдување со енергија.Поради заканите за затворање на Ормускиот теснец – една од најважните рути за светската трговија со нафта – глобалните пазари остануваат под силен притисок.Анализите покажуваат дека Русија би можела значително да профитира од растот на цените на нафтата и промените во санкциите. Според проценките објавени во „Фајненшл тајмс“, Москва би можела да остварува околу 150 милиони долари дополнителни приходи дневно од извоз на нафта.

Свет | пред 3 дена

media-library9kgusjnrc1bcb9EDmUX

(Фото) Се поставува мостот на Момин Поток

Градоначалникот на Скопје објави дека започна поставувањето на мостот на Момин Поток, дел од инфраструктурниот проект кој со години предизвикува сообраќаен метеж на овој потег.Уште на почетокот на јануари, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски информираше дека изградбата на мостот се одвива со забрзано темпо, со цел што побрзо да се надмине долгогодишниот проблем со застојот во сообраќајот.На овој дел од градот со години се создаваат гужви и забавување на сообраќајот, поради што граѓаните во повеќе наврати апелираа градежните работи да се забрзаат.

Скопје | пред 3 дена

media-libraryfmd4ajghjhm8fkM0vXR

(Видео) Трамп објави снимка од нападот врз Харг: клучниот остров за извоз на иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп објави снимка од синоќешните американски воздушни напади врз ирански воени цели на островот Харг во северниот дел на Персискиот Залив.На видеото се гледаат удари врз воена база на островот, меѓу кои и напади врз писта на воздухопловна база, како и врз повеќе други локации.Според достапните информации, мета биле и системи за противвоздушна одбрана, како и можни позиции на ракетни системи што ги користи Иранската револуционерна гарда.Трамп претходно на социјалната мрежа „Трут соушал“ соопшти дека американската војска извела еден од најмоќните воздушни напади во поновата историја на Блискиот Исток.„Пред неколку моменти Централната команда на САД изведе еден од најмоќните бомбардерски напади во историјата на Блискиот Исток и ги уништи сите воени цели на иранскиот остров Харг“, напиша Трамп.Тој додаде дека свесно одлучил да не ја напаѓа нафтената инфраструктура на островот.„Одлучив да не ја уништам нафтената инфраструктура на островот. Но ако Иран или кој било друг се обиде да го попречи слободниот и безбеден премин на бродовите низ Ормускиот теснец, веднаш ќе ја преиспитам таа одлука“, порача Трамп.Островот Харг се смета за клучна точка за иранскиот извоз на нафта, бидејќи преку него поминуваат околу 90 проценти од нафтените пратки што Иран ги извезува на светските пазари.Станува збор за корален остров долг околу осум километри, кој се наоѓа на околу 43 километри од иранскиот брег. Таму завршуваат нафтоводите што ја носат нафтата од централниот и западниот дел на Иран до терминалите за извоз.Според податоците на инвестициската банка „Џеј-Пи Морган“, преку Харг вообичаено се извезуваат меѓу 1,3 и 1,6 милиони барели нафта дневно, а во последниот период количината била зголемена на околу три милиони барели дневно поради страв од можен напад.Аналитичарите предупредуваат дека уништување на извозната инфраструктура на островот би можело да предизвика силен и долготраен раст на цените на нафтата на глобалниот пазар.

Свет | пред 3 дена

sad-juzna-koreja

Северна Кореја лансираше десет балистички ракети кон Јапонското Море

Северна Кореја лансираше околу десет балистички ракети кон Источното, односно Јапонското Море, во демонстрација на сила во време кога САД и Јужна Кореја ги одржуваат годишните пролетни воени вежби „Штит на слободата“.Според јужнокорејската војска, ракетите биле лансирани од област во близина на главниот град Пјонгјанг. Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека проектилите паднале надвор од јапонската ексклузивна економска зона, пренесува агенцијата Асошиејтед прес.Здружениот штаб на Јужна Кореја соопшти дека вооружените сили ја зголемиле подготвеноста и внимателно ја следат ситуацијата поради можноста за нови лансирања, во координација со САД и Јапонија.Лансирањата следуваат по предупредувањето на сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, Ким Јо Џонг, која ги критикуваше заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја и предупреди на „страшни последици“ за безбедноста на Северна Кореја.Во меѓувреме, Министерството за надворешни работи на Северна Кореја ги осуди американските и израелските напади врз Иран и изрази поддршка за врховниот лидер на Иран, Мојтаба Хамнеи.Воената вежба „Штит на слободата“ ќе трае до 19 март и има цел да ги тестира оперативните способности на сојузниците преку симулации и безбедносни сценарија. Северна Кореја и понатаму ги одбива повиците за дијалог за нејзината нуклеарна програма, додека паралелно ги зајакнува врските со Русија и учествува во воени активности поврзани со војната во Украина.

Свет | пред 3 дена

AF5B8913-AAD4-498D-BB10-C77D5E0757F5

Сончево со мала облачност, попладне можен слаб дожд

Сончево време со мала до умерена облачност се очекува денеска во земјава, со услови за слаб локален дожд во попладневните часови, информира Управата за хидрометеоролошки работи.Претпладне во одделни котлини ќе има појава на слаба магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи од 12 до 19 степени.Утринава најниска температура од -4 степени е измерена во Берово, -2 во Маврови Анови, а -1 степен во Крива Паланка, Битола и на Попова Шапка. Нула степени се измерени во Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Крушево и Струмица.Температура од еден степен е регистрирана во Претор и Велес, два степени во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Куманово, Штип, Кавадарци и Демир Капија, три степени во Виница, а најтопло утринава било во Гевгелија со четири степени.Снежна покривка од 55 сантиметри е измерена на Попова Шапка.Во Скопје денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд, а максималната температура ќе достигне до 18 степени.

Македонија | пред 3 дена

media-librarygm7jb0egts6j1eq1obZ

Пентагон: Не грижете се, Ормускиот теснец нема да остане затворен

Високи претставници на Пентагон порачаа дека САД ќе се спротивстават на обидите на Иран да го претвори Ормускиот теснец во опасно тесно грло за светското снабдување со нафта.Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека нема потреба од загриженост и дека Вашингтон нема да дозволи овој клучен морски премин да остане блокиран.„Тоа е нешто со кое се занимаваме и не треба да се грижите“, изјави Хегсет на брифинг во Пентагон.Тој нагласи дека во моментов главната причина за нарушениот поморски сообраќај се нападите врз бродови.„Единственото нешто што го спречува транзитот низ теснецот е иранското пукање врз бродови. Теснецот е отворен за сообраќај доколку Иран престане со тоа“, рече Хегсет.Според него, уништувањето на делови од иранската морнарица било една од клучните цели на американските операции, бидејќи Техеран со децении се обидува да пресретнува бродови во овој регион.Ормускиот теснец е еден од најважните морски премини во светот, преку кој минуваат околу 20 проценти од глобалните испораки на нафта.Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разгледува можност американската морнарица да обезбедува придружба на комерцијални бродови и нафтени танкери за да се ублажи кризата со снабдувањето со енергенси.„Ќе го направиме тоа ако биде потребно. Се надеваме дека работите ќе се одвиваат добро, но ќе видиме што ќе се случи“, изјави Трамп во интервју за „Фокс њуз“.Ормускиот теснец е широк околу 48 километри, а на најтесниот дел само 34 километри, што го прави исклучително чувствителна зона за поморскиот сообраќај.Иран поседува и поморски мини со кои би можел да го блокира преминот, што би претставувало сериозна закана за танкерите и другите бродови, кои веќе се изложени и на ракетни и беспилотни напади.Пентагон соопшти дека засега нема јасни докази дека Иран поставил мини во теснецот, иако во последните денови биле нападнати повеќе комерцијални бродови во регионот.Во меѓувреме, американските сили продолжуваат со напади врз ирански ракетни и беспилотни позиции, како и врз фабрики поврзани со воената индустрија, со цел да се намали способноста на Иран да произведува ново оружје.Од почетокот на конфликтот, САД и Израел погодиле околу 15.000 цели во Иран.Во војната, која се приближува кон втората недела, ранети се најмалку 140 американски војници, а 13 загинале во различни напади и инциденти на Блискиот Исток.

Свет | пред 3 дена

media-libraryupafq31d8b10eXa303R

Аналитичар: Нападот на САД врз островот Харг означува премин кон економска војна

Нападот на САД врз иранскиот остров Харг укажува на промена во природата на конфликтот меѓу Вашингтон и Техеран – од директни воени удари кон економска војна, оценува Заидон Алкинани, предавач по политика на Блискиот Исток на Универзитетот „Џорџтаун“ во Катар.Во изјава за „Ал Џезира“, Алкинани посочи дека последните две недели од конфликтот веќе имаат сериозни економски последици, а нападот врз Харг дополнително ја нагласува таа димензија.„Економските импликации и последици од конфликтот во изминатите две недели директно се почувствуваа, а сега изгледа дека економскиот притисок стратегиски се користи од двете страни, кои отворено се обидуваат да ги елиминираат економските влијанија на противникот во регионот“, изјави Алкинани.Според него, и САД и Иран намерно го зголемуваат притисокот со цел да ја принудат спротивната страна или да го намали интензитетот на конфликтот или да влезе во преговори.Островот Харг е клучна точка за иранскиот извоз на нафта, па нападите врз таа инфраструктура имаат потенцијал да влијаат и врз глобалниот енергетски пазар.

Свет | пред 3 дена

media-libraryukmj52agud9u3OrwAcf

(Видео) Од 100 килограми до фит форма: Бојан Стојков откри како ја направил трансформацијата

Пејачот Бојан Стојков, кого публиката го памети од музичкото шоу „Идол“, гостуваше во емисијата „Нешто конкретно“, каде искрено зборуваше за својата голема физичка трансформација.Стојков откри дека уште од детството се борел со вишок килограми и дека во еден период достигнал и до 100 килограми. Неговите навики во исхраната, како што призна, биле екстремни – знаел на еден оброк да изеде и до 100 ќебапи и три кременадли.„Од секогаш бев дебело дете. На сцена бев статичен, а денес можам да им парирам и на балерините“, изјави Стојков.Денес неговиот животен стил е сосема поинаков. Тој тренира и по два часа дневно во теретана и строго се придржува до режим на исхрана. Како што откри, дури седум месеци немал ниту едно отстапување од диетата.Толку голема промена првично предизвикала загриженост кај луѓето околу него.„Прво мислеа дека сум болен, па прашуваа што се случува. Сега веќе ми пишуваат и ме прашуваат како успеав“, рече Стојков.Во разговорот низ шега призна дека по трансформацијата се подобрил и неговиот приватен живот.Епизодата помина и во хумористичен тон, па на прашањето колку е убав „од еден до Бред Пит“, Стојков одговори: „Во темно многу личам на него.“Водителката Снеже Велков пак на почетокот од емисијата низ смеа истакна дека сега двајцата имаат ист обем на струкот.

Настани | пред 3 дена

talibanci

Најмалку 12 медицински работници загинаа во израелски напад во јужен Либан

Во израелски воздушен напад врз здравствен центар во јужен Либан загинале најмалку 12 медицински работници, меѓу кои лекари и медицински сестри, соопшти либанското Министерство за здравство.Нападот се случил во текот на ноќта во градот Бурџ Калавија, каде бил погоден главниот здравствен центар во тој регион, пренесува Би-би-си повикувајќи се на либанските власти.Ова е последен во низата израелски напади во Либан, откако регионалниот конфликт меѓу Иран, Израел и САД ескалираше на почетокот на март.Според локални извори, израелските воздушни напади во текот на ноќта погодиле и други цели во јужен Либан, меѓу кои патишта и мостови.Во меѓувреме, Израел речиси ја удвоил зоната за евакуација на југот на Либан и ги повикал жителите да го напуштат регионот и да се упатат кон северниот дел од земјата.Хуманитарните организации и либанските власти предупредуваат дека се соочуваат со сериозни тешкотии во згрижувањето на големиот број раселени лица.Тензиите во Либан се зголемуваат во услови на жестоки напади меѓу Израел и Хезболах. Оваа шиитска вооружена група, која има силна поддршка од Иран, се вклучи во судирите со Израел по почетокот на војната меѓу Иран и сојузот на Израел и САД.Во последните две недели конфликтот се прошири и на други делови од Блискиот Исток, вклучително и Либан и Ирак, додека американските и израелските сили извршија повеќе напади врз ирански воени цели.Поради ширењето на судирите и нападите врз инфраструктура и цивилни објекти, меѓународните организации сè почесто предупредуваат на ризик од голема регионална војна.

Свет | пред 3 дена

media-librarytpotbaoteimbcokrVVc

Без бесконечно скролање: апликација нуди ТВ-искуство на Јутјуб

Програмерот Стивен Ирби разви веб-апликација наречена „Ченел Сурфер“, која нуди поинаков начин на користење на платформата Јутјуб. Наместо бесконечно пребарување и алгоритамски препораки, апликацијата функционира слично како класична кабелска телевизија.Корисниците можат едноставно да „префрлаат канали“ и да се вклучат во видео кое веќе се емитува, како кај традиционалната телевизија.Во почетната верзија има околу 40 тематски канали, кои опфаќаат области како вести, спорт, музика, игри, технологија, вештачка интелигенција и вселена, пренесува „Андроид Ауторити“.Апликацијата нуди и електронски телевизиски водич што го прикажува програмот за следните 24 часа, овозможувајќи им на корисниците однапред да видат што ќе се емитува на секој канал.Идејата зад проектот е да се намали таканаречениот „замор од одлучување“, односно проблемот кога корисниците трошат многу време избирајќи што да гледаат. Наместо тоа, концептот е да се врати едноставното искуство на гледање – да се вклучи канал и да се гледа програмата што во моментот се емитува.

Магазин | пред 3 дена

media-libraryejtatn3s40ln06ZGjgk

Експлозија во еврејско училиште во Амстердам

Експлозија утринава оштетила еврејско училиште во Амстердам, а градоначалничката на градот Фемке Халсема го оцени настанот како намерен напад врз еврејската заедница, пренесува холандската новинска агенција АНП.Експлозијата се случила во училиште лоцирано во луксузна станбена населба на јужниот дел од Амстердам. Според локалните власти, причинета е материјална штета, а полицијата и противпожарните служби брзо пристигнале на местото на настанот.Во инцидентот нема повредени лица.Безбедноста во синагогите и еврејските институции во холандската престолнина веќе била засилена, откако претходната ноќ бил подметнат пожар во синагога во центарот на Ротердам.Сличен инцидент се случил и во соседна Белгија, каде експлозија предизвикала пожар во синагога во Лиеж.Градоначалничката Халсема го осуди нападот, оценувајќи дека станува збор за „кукавички чин на агресија против еврејската заедница“.„Евреите во Амстердам сѐ почесто се соочуваат со антисемитизам. Тоа е неприфатливо“, изјави таа.Загриженоста за можни напади врз еврејските заедници ширум светот се зголеми по американско-израелските напади врз Иран и последователниот одговор од Техеран.Во меѓувреме, во американската сојузна држава Мичиген, вооружен напаѓач во четврток со возило натоварено со пиротехнички средства и канистри со бензин удрил во синагога во предградие на Детроит, предизвикувајќи пожар.Нападот завршил кога напаѓачот, идентификуван како 41-годишниот Ајман Газали, си го одзел животот за време на пресметка со обезбедувањето. Според американските власти, тој го извршил нападот една недела откако израелски напад погодил град во Либан од каде потекнувало неговото семејство.

Свет | пред 3 дена

puls-38

Литургија и парастос во Кочани, конференција во Скопје: почнува одбележувањето на годишнината од трагедијата во „Пулс“

Денеска ќе се одбележи годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Планирани се повеќе настани во организација на семејствата на загинатите, Општина Кочани и Владата.Во Кочани ќе се одржи литургија, па парастос за упокоените. Од храмот „Георгиј Победоносец“, родителите ќе одат на вечните почивалишта на загинатите деца.Паралелно со настаните во Кочани, во Скопје ќе се одржи меѓународна конференција посветена на институционалните и клиничките аспекти на справување со последиците од пожарот во „Пулс“.

Македонија | пред 3 дена

media-library3u6620i3vspoauMEofG

Аналитичар: Нападот на Трамп врз иранскиот остров Харг е „потег од очај“

Американскиот претседател Доналд Трамп наредил бомбардирање на иранскиот остров Харг „од очај“, смета Роберт Пејп, професор по политички науки на Универзитетот во Чикаго.Во изјава за „Ал Џезира“, Пејп оцени дека Трамп се обидува повторно да ја преземе контролата врз ситуацијата, која, според него, се влошува од ден на ден.„Тешко е да се влезе во нечии мисли, а особено во мислите на Доналд Трамп. Но мислам дека тој се обидува да ја врати контролата врз ситуацијата која ја губи од час во час, од ден во ден“, изјави Пејп.Според него, Трамп првично сметал дека операцијата против Иран ќе трае само неколку дена и дека иранското раководство брзо ќе се распадне.„Тој мислеше дека ќе дојде до промена на режимот и дека иранското раководство ќе падне како кула од карти, но подоцна призна дека е изненаден што тоа не се случило“, рече Пејп.Аналитичарот додава дека иако САД можеби постигнале тактички успех на терен, стратегиски ситуацијата може да се сврти против нив.„Проблемот со планот за Харг или со евентуално распоредување маринци е што тоа би било тактички многу поскапо, бидејќи тие би биле изложени со часови на можни напади“, предупреди Пејп.Тој исто така оцени дека ваквите потези можат дополнително да ја намалат понудата на нафта на глобалниот пазар и да предизвикаат раст на цените на енергенсите.

Свет | пред 3 дена

media-libraryu38oa7greq2telYjcyF

Ракетни напади врз северен Израел: Хезболах со нови тврдења

Хезболах соопшти дека извршил серија напади врз израелски цели и израелски војници долж границата меѓу Либан и Израел.Либанската вооружена група тврди дека лансирала бараж ракети кон израелскиот град Кирјат Шмона, кој се наоѓа во близина на границата со Либан, како и два бранa напади врз градот Метулa во северен Израел.Според нивното соопштение, бил извршен и ракетен напад врз воената база Еин Зеитим во близина на израелскиот град Сафед.Хезболах исто така тврди дека двапати ги таргетирал израелските војници во либанското погранично село Одаисе, како и во одделен напад во пограничниот град Блида.Во уште една акција, според нив, биле нападнати израелски војници во близина на притворски центар во градот Кхиам во јужен Либан.Засега нема независна потврда за овие тврдења, ниту информации за евентуални жртви.

Свет | пред 3 дена

media-libraryfdttt9q7nmpl2PSv9s1

Загинаа 104 морнари на ирански воен брод, Иран се закани со одмазда

Командантот на иранската армија, Амир Хатами, изјави дека смртоносниот напад врз иранскиот воен брод „IRIS Dena“ во Индискиот Океан нема да остане без одговор.Според иранската државна новинска агенција ИРНА, во нападот загинале 104 членови на екипажот на еден од најновите ирански воени бродови. Бродот се враќал во Иран по завршена воена вежба кога бил нападнат.Хатами изјавил дека екипажот на разурнувачот „Дена“ извршувал мирна мисија и бил цел на напад додека се враќал дома, иако не бил вклучен во директна борба.„Името на ‘Дена’ и жртвата на нејзиниот екипаж ќе останат симбол на храброст и посветеност во историјата на иранската морнарица“, изјави Хатами.Тој додаде дека иранската армија ќе продолжи да ги брани поморските граници на земјата и дополнително ќе ја зајакне својата морнарица со уште поголема решителност.

Свет | пред 3 дена

media-librarysif786ucg7iadex4LE9

(Видео) Груби е подготвен да го предаде Ахмети, да биде сведок, па да му го променат идентитетот, вели ексначалникот од МВР

Поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчески, во „Претрес со Ландов“ изјави дека постои можност поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде искористен како заштитен сведок. Според него, Груби е подготвен да го предаде и Али Ахмети.Во разговор, Ѓурчески рече дека не би се изненадил доколку Груби реши да соработува со истражните органи.„Поентата е дали тој може да биде искористен како заштитен сведок“, изјави Ѓурчески, додавајќи дека лично очекува такво сценарио.Според него, Груби можеби би бил подготвен „да ја отвори душата“ и да открие важни информации, што би можело да доведе до негово симнување од црната листа и евентуално добивање статус на заштитен сведок.Ѓурчески посочи и дека во јавноста подолго време постоеле сомнежи дека Груби е предмет на интерес на странски разузнавачки служби, поврзувајќи ги тие сомнежи и со истрагите околу проектот „Бехтел и Енка“.Тој дури не ја исклучи можноста, доколку дојде до такво сценарио, Груби да добие и програма за заштита на сведоци, па дури и промена на идентитет.Цел поткаст поврзан со многу криминални банди, случувања и несподелени инфромации:

Македонија | пред 3 дена

media-librarykvn82lelc6hkeygTScl

(Видео) Ракетен напад врз американската амбасада во Багдад

Американската амбасада во главниот град на Ирак, Багдад, била погодена во ракетен напад, изјавиле утрово ирачки безбедносни извори за агенцијата Ројтерс.Засега нема информации за евентуални жртви или за материјална штета, а околностите околу нападот се уште се нејасни.Ирачките безбедносни служби започнале истрага за инцидентот, додека се очекуваат дополнителни детали од властите и од американската страна.

Свет | пред 3 дена

media-libraryuch1huklk6sueKcjSOI

Катар евакуираше делови од Доха

Катарските власти рано утрово евакуираа делови од округот Мшеиреб во главниот град Доха, област во која се наоѓаат владини институции и канцеларии на меѓународни компании, меѓу кои и канцеларија на „Гугл“, јавуваат сведоци.Според нив, евакуирани биле и делови од градот во кои се наоѓаат филијали на шест американски универзитети.Од катарското Министерство за внатрешни работи соопштија дека властите наредиле евакуација на „одредени области“ како привремена мерка на претпазливост, без да откријат повеќе детали за точните локации.Евакуацијата се случила приближно еден час пред властите да соопштат дека биле пресретнати проектили над територијата на Катар.

Свет | пред 3 дена

media-librarymfqvrrgn84715wlA0p4

Ескалираат тензиите меѓу Пакистан и Авганистан

Тензиите меѓу Пакистан и Авганистан се зголемуваат, додека Кина ги повика двете земји да ги решат спорните прашања преку дијалог и консултации, а не со употреба на сила.Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, во телефонски разговор со својот авганистански колега Амир Кан Мутаки порача дека е неопходно двете страни да покажат воздржаност и да започнат директни разговори што е можно побрзо.Според соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг ги повикал Пакистан и Авганистан да работат на итен прекин на огнот и да ги решат несогласувањата преку дијалог.„Натамошната употреба на сила само ќе ја комплицира ситуацијата и ќе ги зголеми тензиите“, изјавил Ванг.Реакцијата на Пекинг следува откако Пакистан во петокот бомбардираше складиште за гориво на приватната авиокомпанија „Кам Ер“ во близина на аеродромот во Кандахар, што дополнително го продлабочи конфликтот меѓу двете соседни земји.Во разговорот, двајцата министри размениле мислења и за ситуацијата во Иран, при што Кина изразила подготвеност да соработува со меѓународната заедница за постигнување мир во регионот.

Свет | пред 3 дена

media-libraryabq8cv2koqk948R6I44

Иран ја погоди „Ахиловата пета“ на светската економија: Ормутскиот теснец во центарот на кризата

Иран, според аналитичарите, ја пронашол „Ахиловата пета“ на глобалната економија – Ормутскиот теснец, клучниот поморски коридор низ кој минува значителен дел од светската трговија со нафта.Командантот на иранската Револуционерна гарда, Хусеин Салами, изјави дека низ теснецот „нема да помине ни литар нафта“ додека Техеран не одлучи поинаку, што се толкува како директна закана за глобалното снабдување со енергија.Судирот меѓу Иран, САД и Израел од самиот почеток има и силна енергетска димензија. Веднаш по почетокот на американско-израелските напади, Револуционерната гарда преку радио ги предупредила сите бродови дека преминот низ теснецот не е безбеден.Иако Иран формално не го затворил теснецот, ефектот бил речиси ист. Наместо со воена флота или морски мини, Техеран го постигнал тоа со евтини беспилотни летала – дронови.Аналитичарката Хелима Крофт од инвестициската банка RBC Capital Markets објаснува дека присуството на неколку дронови во близина на теснецот било доволно осигурителните компании да ги повлечат полисите за бродови.„Тоа беше затворање предизвикано од осигурителите. Кога тие ги повлекоа полисите, економската логика за пловење низ теснецот едноставно исчезна“, вели Крофт.Податоците за бродскиот сообраќај покажуваат дека прометот низ теснецот паднал за околу 70 проценти во првите денови од кризата, а потоа речиси целосно запрел. Наместо вообичаените околу 138 бродови дневно, во првите девет дена од март низ теснецот поминале само 39.Последиците веднаш се почувствувале на глобалните пазари. Цената на нафтата се искачи на речиси 120 долари за барел, а аналитичарите предупредуваат дека светот се соочува со најголемата енергетска криза од нафтениот ембарго во 1970-тите.Покрај нафтата, глобалното снабдување со течен природен гас паднало за околу 20 проценти, што ги натерало азиските економии да се натпреваруваат со Европа за достапни количини.Како одговор на кризата, Меѓународната агенција за енергија (IEA) најави координирано пуштање на 400 милиони барели нафта од стратешките резерви на 32 земји членки.Сепак, експертите предупредуваат дека тоа може да биде само привремено решение. Враќањето на стабилноста на пазарот, велат тие, ќе зависи од повторното отворање на Ормутскиот теснец и нормализирањето на поморскиот сообраќај.

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања